ЖивотЗа една третина намален бројот на живородени во последните 25 години За речиси една третина е намален бројот на живородени деца во Македонија од 1994 година до лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 1994 година во Македонија имало 31.421 живородени, а минатата година 21.754. Бројките укажуваат и на зголемување на бројот на умрени лица, со што се намалува и природниот прираст. Ако се погледаат податоците објавени во последната публикација на ДЗС за Природното движење на населението во текот на минатата година во која се дадени споредбени податоци и со изминатите години, може да се забележи дека најголемо намалување на бројот на живородени деца се бележи во периодот од 1994 до 2001 година, кога има регистрирано 24.183 живородени. Така за седум години бројката се намалува за околу 7.000. Потоа следи постојано намалување на оваа бројка, од 2001 до лани за околу 3.000 живородени. Но, за разлика од намалувањето на бројката на живородени, податоците покажуваат дека се зголемува бројот на умрени лица, нешто на што влијае и менувањето на старосната структура на населението. Во 1994 година умреле 15.649, а лани 20.318 лица. Ваквото природно движење на населението, резултира и со намалување на природниот прираст на населението. Иако, тој се уште е позитивен и лани изнесувал 1.436, во 1994 година бил десет пати поголем и тогаш изнесувал 15.772 лица, односно за толку повеќе биле родени од умрени. Трендот на намалување на бројот на живородени продолжува и годинава. Според податоците на ДЗС бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6,3 отсто и изнесува 5.160 живородени деца. Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 1,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 4.683 лицa. Природниот прираст изнесува 477, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица, што е тројно намалување од минатата година кога природниот прираст бил 1.436 лица. Неодамна директорот на ДЗС Апостол Симовски во интервју за МИА не сакаше да даде оценка за овие состојби, поради тоа што, како што рече, Заводот, ја отсликува само реалноста. - За да се даде оценка треба многу поголема анализа да се видат причините зошто одредена појава што статистички ја следиме се наоѓа на такво ниво како што прикажуваме. За да се изанализира треба многу поголемо познавање зошто, што, и какви се политики се спроведувале. Тука се врзани многу економски фактори, многу социјални фактори. Така што нашата задача во суштина не е да азнализираме зошто дошло до таква состојба, иако и тоа честопати знаеме да го направиме. Меѓутоа за такво нешто навистина треба многу повеќе познавање, рече тој. Сепак, посочи дека во првото тромесечје од 2018 година за првпат во историјата на следење на статистичките податоци во РМ бројот на умрени стана поголем од бројот родени. - И тоа е очекувана последица. Населението во РМ старее, тоа е факт. Не старее од денеска, старее 50 години. Значи со таа таканаречена демографска традиција, што се случи некаде во доцните 60 години, со намалување на бројот на раѓања во РМ, односно со намалување на бројот на деца во семејствата, веќе интензивно почна да се намалува бројот на раѓања. Со самото тоа сега оној подмладок, стеблото на пирамидата, демографски почна да се намалува, а да се проширува во оние делови каде се ноаѓа повозрасното население. Тој е тој процес што трае веќе 50 години. Населението во РМ дефинитивно старее и тоа придонесува оваа бројка да се зголемува. Втор фактор што уште поинтензивно делува на ваквите состојби е миграцијата. За жал, РМ е миграциско подрачје и не од денес, од вчера, туку веќе со векови можеме да кажеме луѓето од тука бараат некаков економски интерес надвор од државата. Тоа не престанува и денеска. Напротив, за жал, се интензивира и она што е уште пострашно оди најквалитетната популација од државата. Податоците на Државниот завод за статистика, пак, воопшто не укажуваат на фактор дека постои сериозен одлив на население од државата. Така во 2013 во земјава се доселиле 3.991 лице, а се отселиле 1.041 лице. Лани пак, се доселиле 4.386 лица, а се отселиле 434 лица. Решавањето на овие состојби, според Симовски, е исклучително тешко, бидејќи буквално зависи од секоја сфера во животот. Ниту една спроведена демографска политика не дала такви резултати, заради тоа што била еднострана. - Состојбите во економијата се тие кои ги знаеме. Желбите се едно, можностите друго. Сите сакаме да имаме побрз развој, меѓутоа ние мораме да ги прикажеме такви какви што се. И тука многу фактори влијаат за оние кои носат деловни одлуки, оние кои носат политики итн. Треба добро да се замисли зошто е таква состојбата и да се преземат мерки. Можеби евентуалното влегување во овие меѓународни сојузи ќе ни даде поголеми шанси, дефинитивно ќе ни даде поголеми шанси. Меѓутоа наша обврска е да ја дадеме реалната состојба, не да влијаеме на неа, рече тој. Сите овие податоци, како и последниот податок за фертилитет во 2017 година, според кој во земјава има 1.43 живородени на една жена, покажуваат дека во земјава е потребна една посериозна анализа, врз статистички податоци за причините за ваквите состојби, како и за начините како тие да се подобрат, со оглед на тоа што мерките што досега беа преземени, како оние за трето и четврто дете не ги даваат очекуваните резултати. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter