Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна
2Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна
3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ЗдравјеЗа една година во новиот ургентен центар во Куманово извршени 50 илјади хируршки и ортопедски прегледи и интервенцииЗа една година во новиот ургентен центар во кумановската болница извршени 50 илјади хируршки и ортопедски прегледи и интервенции.Во новиот ургентен хируршки центар, сместен во кругот на Општа болница Куманово, за една година од пуштањето во употреба кон крај на јули, минатата година, до денес се извршени 34.100 хируршки и 8.000 отропедски прегледи. Направени се и 7.600 преврски, имобилизации, како и други хируршки интервенции, посочува директорката на ОБ Куманово, д-р Снежана Захариева. Комплетно новиот објект на Ургентниот центар е со површина од 750 метри квадратни и овозможува над 200 илјади граѓани од североисточниот регион, на едно место да добијат хируршки, ортопедски и анестезиолошки третман со современа медицинска опрема во амбулантите и во дневната болница. Од кумановската болницата посочуваат дека има добра екипираност на медицинскиот кадар. Посебно значајно е што неопходната здравствена услугата се обезбедува на едно место, што дава подобра можност за комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи. Во ургентниот центар се третираат пациентите кои доаѓаат со упат од матичен лекар, но и тие кои дошле за некоја ургентна или животозагрозувачка состојба. -Продолжуваат инвестициите во кумановската болница, се чека новиот оперативен стол за офталмолошката сала, набавен е и тимпанометар за ОРЛ одделот, обезбедени се и поголем број монитори, а се планира и преуредување на одделот за неврологија, каде ќе се набави и нов ЕЕГ апарат со средства од болницата, посочува директорката Захариева. Одделение за односи со јавност Министерство за здравствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаЦентар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часотНа ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.Активни пожари: Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума); Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација); Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума); Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација). Пожари под контрола: Општина Делчево – градска депонија (депонија); Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација); Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми). Изгаснат пожар: Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивнаДо сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна. Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени. Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата. До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното. Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание. Ова веќе ја помина секоја граница. Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНајавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градотБитола го добива својот прв фестивал посветен на чалгијата. На 14 и 15 август, градот ќе пулсира во ритамот на традиционалната чалгиска музика, низ настанот „Битолски чалгиски денови“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, во организација на Културно-информативниот центар - Битола. Фестивалот е замислен како своевидно враќање на чалгијата во просторот на градот - таму каде што со децении се создавале и пренесувале музичките приказни, традициите и духот на некогашна Битола. Преку богата дводневна програма, чалгијата ќе биде претставена не само како музика, туку и како дел од културното наследство и препознатливиот градски идентитет. Првиот фестивалски ден, 14 август, започнува во 11:00 часот во Офицерскиот дом, со семинарот „Канон - Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски. Едукативната содржина ќе биде можност за запознавање со традицијата, структурата и спецификите на чалгиската музика. Фестивалската атмосфера продолжува во 18:00 часот на Широк Сокак, со пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави големиот музички дел од програмата. Вечерта, центарот на случувањата се сели во Старата Чаршија кај Монмартр, каде од 20:30 часот ќе настапат Чапче и Тајфата. Во 21:30 часот следува настапот на Филип Шурбевски Езгија Квартет, а во 22:30 часот вечерта продолжува со „Мерак чалгии“, Димитар Андоновски и Бојан Стојков. На 15 август, чалгиската приказна продолжува во Старата Чаршија. Од 20:30 часот повторно ќе настапат Чапче и Тајфата, додека за 22:00 часот настапуваат Љубојна и Битолскиот Чалгиски Оркестар. Со својата премиерна фестивалска програма, „Битолски чалгиски денови“ отвора нов простор за афирмација на чалгијата и нејзино приближување до новите генерации, истовремено потсетувајќи на богатото музичко наследство на Битола. Два дена чалгија. Два дена традиција. Една Битола. Првиот фестивал на чалгијата во градот е покана за битолчани и гостите на Битола да ја почувствуваат музиката на чаршијата, да ја доживеат традицијата на поинаков начин и заедно да бидат дел од создавањето на една нова фестивалска традиција. „Битолски чалгиски денови“ - 14 и 15 август, во рамките на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно - информативниот центар - Битола.Тагови: Битолски чалгиски денови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00