За една година Австралијците потрошиле 12, 4 милијарди долари на наркотици - Канал 5

За една година Австралијците потрошиле 12, 4 милијарди долари на наркотици

Австралијците потрошиле околу 12,4 милијарди австралиски долари (8,2 милијарди американски долари) за една година на кокаин, хероин, екстази и метамфетамин, според анализата на австралиската разузнавачка комисија за криминални дејствија, пренесе ДПА.

За една година Австралијците потрошиле 12, 4 милијарди долари на наркотици

Околу 10,5 милијарди долари биле потрошени само за метамфетамин меѓу август 2022 и август 2023 година, според извештајот на комисијата заснован на анализа на отпадните води. Според него, за една година потрошувачката на наркотикот во земјата се зголемила за 1,5 тони на 10,5 тони.

Вкупно над 16,5 тони метамфетамин, кокаин, хероин и екстази се употребени во 12-те месеци до август 2023 година. Зголемувањето од 17 отсто во однос на претходната година се должи најмногу на 19 отсто раст на употребата на кокаин до четири тони и на 19 отсто раст на употреба на метамфетамин. Дополнително, во овој период се искористени околу 13,6 тони канабис. Со оваа вкупна вредност во текот на периодот, Австралијците користеле над 30 тони од петте наркотици наведени погоре.

Податоците опфаќаат 14,5 милиони Австралијци - околу 57 отсто од населението во земјата - и се засноваат на примероци од отпадни води собрани низ целата земја во август и октомври 2023 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер