3„Macedonia Takeover – MK in MK“: Највлијателниот креатор на улична кошарка Мат Киатипис ќе ја промовира Македонија пред милионска публика
МакедонијаЗа дваесеттина од повредените во Кочани процесот за заздравување може да потрае и до две годиниНа дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата. - Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече Таравари. Тој рече дека времетраењето на рехабилитацијата варира, процесот на нивно заздравување би можел да трае меѓу еден до 24 месеци кај потешките случаи. - На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација...За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација, рече тој. Таравари посочи дека ќе се направат обиди да се обезбедат и средства за покривање на трошоците за престој на некој членови на семејствата на оние пациенти кои подолго време ќе останат на рехабилитација во странство. Што се однесува на состојбата кај повредените во несреќата во Кочани, последните информации се дека од 47 пациенти кои се на лекување во странство само еден е во критична здравствена состојба. - Едниот од двајцата кој беа критични, денеска е подобар и се надеваме дека состојбата ќе се подобрува, рече Таравари. Притоа за денеска не е предвидено враќање на некој од повредените кои се на лекување во странство. Најавено е враќање на еден од нив во текот на утрешниот ден. Моментално во здравствените установи во земјата има пет хоспитализирани пациенти, по двајца во болницата „Свети Наум Охридски“ и во „Систина“, додека на Клиниката за пластична хирургија е хоспитализиран само еден пациент, а двајца се третираат амбулантски, односно се рехабилитираат во домашни услови, а доаѓаат на третман во клиничкиот центар. Тагови: Таравари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литарТрговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%. Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм) Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. РКЕТагови: горивата РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолициските службеници во месец јули констатираа 20976 сообраќајни прекршоциЛишени од слобода 496 лица за безобѕирно управување на возило.Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување на моторно возило, три за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 13 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, едно лице за возење во забранет правец. Во истиот период одземени се 332 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец јули евидентирани се 4694 прекршоци за неправилно паркирање, како и 430 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 2073 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 1829 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 299 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 125 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 44 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: сообраќајни прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Macedonia Takeover – MK in MK“: Највлијателниот креатор на улична кошарка Мат Киатипис ќе ја промовира Македонија пред милионска публикаОд 10 до 15 август 2026 година, Македонија ќе биде домаќин на еден од најатрактивните и најавтентични спортско-културни проекти реализирани во регионот, во организација на „Лолипоп ентертаинмент груп“.За првпат во Македонија пристигнува светски познатиот изведувач на улична кошарка и еден од највлијателните креатори на кошаркарска содржина во светот, Мат Киатипис (MK - MKIATIPS). Тој ќе биде дел од шестдневната турнеја „Macedonia Takeover - MK in MK“, проект кој ги обединува спортот, музиката, културата, гастрономијата и дигиталните медиуми во едно уникатно искуство. Мат Киатипис е препознатлив по своите спектакуларни кошаркарски настапи, милионските прегледи на содржините што ги објавува на социјалните мрежи и соработките со некои од најголемите светски брендови. Неговата содржина редовно достигнува десетици милиони луѓе ширум светот, што го позиционира како еден од највлијателните амбасадори на современата кошарка и дигиталната креаторска култура. Сепак, овој проект не претставува само спортски настан. Главната цел на турнејата е преку глобално препознатлив креатор да се претстави Македонија пред светската јавност, како земја со богата култура, традиција, гастрономија, музика и исклучително гостопримство. Во текот на шесте дена ќе се создава оригинална содржина која ќе биде објавувана преку платформите „Instagram“, „TikTok“ и „YouTube“, со потенцијал да достигне милиони органски прегледи кај публика од целиот свет. Во рамките на турнејата ќе бидат организирани три големи јавни кошаркарски настани - во Скопје, Куманово и Охрид, како и снимање музички проект, продукција на музички видеоспот, промотивни активности, посета на најпознатите македонски знаменитости и презентација на македонската гастрономија и винската традиција. Настанот во Скопје ќе се реализира во координација со Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, кој оваа година одбележува 60 години од своето постоење и претставува една од најзначајните институции во македонската кошарка. View this post on Instagram A post shared by Matt Kiatipis (@mkiatipis) Активностите во Куманово ќе се реализираат во соработка со MM Sport, додека организацијата на настанот во Охрид ќе биде поддржана преку партнерство со Inex Olgica, како дел од заедничката визија за промоција на Македонија преку спортот, туризмот и современата дигитална комуникација. Организаторите очекуваат повеќе од 10.000 посетители на трите настани, како и повеќе од 5 милиони органски прегледи на содржините создадени за време на турнејата, со дополнително засилување преку домашни и регионални влијателни лица и медиуми. „Macedonia Takeover - MK in MK“ претставува прв проект од ваков тип во Македонија, кој ја поврзува кошарката со дигиталната креаторска сцена, а амбицијата е тој да прерасне во традиционален меѓународен настан кој секоја година ќе привлекува светски познати личности, креатори и спортисти. Проектот е фантастична можност Македонија да се претстави пред светот на современ, автентичен и глобално препознатлив начин - преку приказни, луѓе и содржини кои природно го привлекуваат вниманието на милионска публика.Тагови: MK in MK Мат Киатипис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00