За членките на ММФ на располагање 650 милијарди долари

Земјите-членки на ММФ ќе имаат на располагање Специјални права за влечење – валута на Фондот конвертибилна во долари, евра, јени, фунти и јуан.

Бордот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри досега најголемата распределба на Специјални права на влечење (СДВ) од своите резерви, во износ од 650 милијарди долари, а таа одлука стапува во сила на 23 август.

Земјите-членки на ММФ ќе имаат на располагање Специјални права за влечење – валута на Фондот конвертибилна во долари, евра, јени, фунти и јуан – пропорционално со нивната постојна квота за учество во Фондот.

Одлуката за одобрување на СДВ за сите 190 земји-членки на ММФ беше долго очекувана.

– Распределбата на СДВ ќе им користи на сите членки, ќе ги задоволи долгорочните глобални резерви, ќе ја зајакне довербата и ќе ја поддржи отпорноста и стабилноста на глобалната економија, рече директорката на ММФ Кристалина Георгиева.

Георгиева посочи дека СДВ особено ќе им помогне на најзагрозените земји-членки кои се борат со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19, и додаде дека околу 275 милијарди долари од специјалните права на влечење ќе одат на пазарите во развој и ниски земји со приход.

ММФ последен пат интервенираше со доделување на СДВ од своите резерви во 2009 година, кога земјите -членки добија 250 милијарди долари за да ги ублажат ефектите од глобалната финансиска криза.

За да можат да трошат СДВ, земјите треба да ги разменат за една од споменатите основни валути, што значи дека треба да бараат партнерска земја која е подготвена да ги разменува.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер