Лишени од слобода две лица од Турција, поднесена кривична пријава „убиство во обид“, се трага по уште едно лице
2Лишени од слобода две лица од Турција, поднесена кривична пријава „убиство во обид“, се трага по уште едно лице
БалканЗа четири месеци Албанија ја посетиле 2,45 милиони туристи, највисока бројка досегаВо Албанија продолжува трендот на раст на туристи, чиј број во првите четири месеци од годинава достигна 2.45 милиони.Премиерот Еди Рама ги сподели бројките во објава на Фејсбук, истакнувајќи дека 820 илјади странски посетители уживале во Албанија само во текот на април. „Во Албанија, во текот на месец април уживале 820 илјади странски посетители, зголемувајќи ја нивната вкупна бројка на 2,45 милиони во првите 4 месеци од 2025 година. Овој раст покажува дека Албанија ја консолидира својата нова позиција на европската туристичка мапа, бидејќи и понатаму се смета за изненадување на европските дестинации дури и за 2025 година, пишува Рама. Во објавата наведува дека во периодот јануари - април минатата година во земјата престојувале 2,33 милиони, наспроти претходната 2023 година кога Албанија ја посетиле 1,68 милиони. Минатата година во Албанија престојувале над 11,7 милиони странски туристи, со зголемување од 15,2 отсто во однос на 2023 година./MИАТагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветПапата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаатПапата Лав XIV за првпат ѝ се обрати на јавноста по операцијата на рак на белите дробови, изјавувајќи дека ова искуство го доближило до сите оние што страдаат.Седумдесет и едногодишниот поглавар ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата – истото место од каде што, една недела претходно, објави дека ќе мора да биде опериран. Илјадници верници се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да го поздрават, пренесува „CNN“. Папата изрази благодарност до медицинскиот тим за грижата, како и до сите што се молеа за него. Тој додаде дека постепено им се враќа на своите папски должности. Неговото појавување се совпадна со Римскиот маратон, додека илјадници тркачи поминуваа по главната сообраќајница што води кон плоштадот „Свети Петар“. Сепак, точно напладне, сите погледи беа вперени кон прозорецот на Апостолската палата, од каде што Лав XIV ѝ се обрати на толпата со цврст и силен глас. Папата вчера беше отпуштен од болницата „Џемели“ по операцијата на белите дробови, при што му беше отстранет израсток. Подоцна беше потврдено дека станува збор за аденокарцином, најчестиот вид на рак на белите дробови. Веста за дијагнозата на рак, објавена пред четири дена, беше изненадување за Ватикан и за католичкиот свет, бидејќи Папата беше познат по својата добра физичка состојба. Патувањето во Латинска Америка ќе се реализира според планот Лекарите известуваат дека Папата добро закрепнува и сметаат дека е во состојба да патува во Латинска Америка – посета што е закажана за периодот од 6 до 17 ноември. „Би рекол дека нема клинички причини поради кои ова патување не би можело да се реализира“, изјави за „Ватикан њуз“ професорот Стефано Маргаритора, хирургот што го оперираше Папата. Посетата на Папата на Латинска Америка ги опфаќа Уругвај, Аргентина и Перу. Лав долги години служел како мисионер и бискуп во Перу. Во планот на патувањето е вклучен и престој во Куско, град што се наоѓа на надморска височина од приближно 3.350 метри, каде што нивото на кислород во воздухот е за околу една третина пониско отколку на нивото на морето. Извор: Индекс.хрТагови: Папата Лав XIV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаЛишени од слобода две лица од Турција, поднесена кривична пријава „убиство во обид“, се трага по уште едно лицеСе преземаат мерки за пронаоѓање и на третото лице.Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против К.М.(36) и С.Б.П.(22) двајцата од Турција поради постоење основи на сомнение дека со уште едно лице исто така од Турција извршиле кривично дело „убиство во обид“ по член 123 вв член 19 од Kривичниот законик. Имено истите во стан на подрачјето во Карпош физички ги нападнале и со остар предмет им нанеле повреди на две лица од Турција на возраст од 26-години, а во станот биле и две женски лица, a потоа пријавените се дале во бегство. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Скопје двете лица се пронајдени и лишени од слобода на ул.„Јадранска Магистрала“ во Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото лице.Тагови: убиство во обид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЕвропаКатастрофално во Франција: Едно лице почина на протестите, повеќе од 800 приведениДемонстрант почина за време на протест во Париз откако му се слошило на булеварот Магента каде што поминувала поворка, соопшти денес француската полиција.Други демонстранти го однеле во медицинскиот центар Шато д'О, каде што починал пред влезот, објави „BFMTV“. Префектурата на париската полиција во своето најново соопштение соопшти дека смртта се должи на кардиореспираторен застој. Префектурата на Париз, исто така, соопшти дека 855 лица се приведени во француската престолнина, што е рекорден број. „13 полицајци се повредени, како и двајца пожарникари“, се вели во соопштението. Во меѓувреме, префектот на департманот Горна Вјена, Морис Барат, изјави дека пожарот во градското собрание во Лимож е локализиран. „Пожарот е подметнат“, објави Барат, осудувајќи го чинот, критикувајќи ја „дивата орда“ што го предизвика пожарот и сериозно ја оштети општинската зграда од 19 век. Во Лимож, за време на демонстрациите беа приведени 17 лица, вклучувајќи седум малолетници, изјави канцеларијата на градскиот обвинител за „BFMTV“. 🚨 Omo this protest in France is becoming another thing!!!👀 Just look at how they're destroying properties, brands, companies.. 🙆🙆🙆 https://t.co/qFkvWNbb1i — Okah Chekwube Solomon (@Sologlobal8) October 18, 2026 Отворена е истрага за „уништување на имот со опасни средства од страна на организирана група“. „Некои граѓани беа нападнати и на маргините на собирот. Жртвите ќе бидат евидентирани што е можно поскоро“, соопшти канцеларијата на обвинителот. Насилството избувна низ цела Франција во саботата во најновиот бран демонстрации против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот. Француската влада соопшти дека имало „ескалација на насилството“, проценувајќи дека околу 550.000 луѓе излегле на улиците на француските градови. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook