За четири дена вакцинирани повеќе од 200 деца против морбили - Канал 5

За четири дена вакцинирани повеќе од 200 деца против морбили

Нема нови заболени од морбили во Скопје.

За четири дена вакцинирани повеќе од 200 деца против морбили

По прогласената епидемија на морбили откако се затвори градинката во скопско Радишани 200-те родители ги вакцинирале или ревакцинирале своите деца против морбили.

Засега е мирно од броење на нови заразени со морбили, но се уште не се поминати две недели од инкубацијата на претходно заболени деца од градинката и еден возрасен. Епидемиолозите велат дека очекуваат нови заразени, а единствен спас е вакцинација.

Директорот на Здравствениот Дом Скопје вели дека вакцини има доволно.

Со стартот на вирусните инфекции и грип секоја година клиниката за детски болести „Болницата Козле“ се преполни со пациенти.

Се отвораат три дежурни пунктови за деца во поликлиниките во Бит Пазар, Ѓорче Петров и Јане Сандански,а на ред чека и поликлиниката во Драчево.

Во овие поликлиники ќе има можност за испитување на крвни анализи и инхалации кај деца.

Новите пунктови ќе почнат да функционираат од 1 јануари 2019 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓаните

Пет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓаните

Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа.

Денеска сите тие лаги потонаа.

Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал.

ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти.

По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат.

Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени.

Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русин скокна од 11,5 километри височина, достигна брзина од над 500 км/ч (ВИДЕО)

Рускиот падобранец Сергеј Бојцов скокна од балон од височина од 11.551 метар над Алтај и постави нов светски рекорд.

Русин скокна од 11,5 километри височина, достигна брзина од над 500 км/ч (ВИДЕО)

Скокот го извел на 22 август, а во слободен пад останал две и пол минути, при што достигнал максимална брзина од околу 501 километар на час.

На височината од која скокнал температурата била околу -59 степени Целзиусови, поради што Бојцов користел специјална опрема за висински услови. Претходниот рекорд за скок од балон изнесувал 10.060 метри и бил во сопственост на полски екстремни спортисти.

Бојцов го отворил падобранот на височина од 1.565 метри, по што безбедно се приземјил во Уст-Калманскиот реон на Алтајскиот крај. Целиот лет на падобранот траел околу седум минути и 19 секунди, додека во проектот биле вклучени околу 100 специјалисти, меѓу кои инженери, пилоти и технички експерти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!

Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.

СДСМ: Владата има пари за авион -  нема за плати!

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето.

Тоа било за нив „сериозна држава“.

За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода.

Се мери со нов авион за Мицкоски.

„Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има.

Се може да почека само авионот не може.

Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат.

Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат.

Само авионот не може да чека.

Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии.

За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија.

А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа.

Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше.

Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани.

Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница.

Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер