МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ЗдравјеЗа 5 години околу 800 доктори ја напуштиле МакедонијаРечиси 800 доктори заминале во странство за 5 години, покажуваат податоците на Лекарската комора.Најмалку барања има во 2017 година -120, а најмногу во 2018 – 178 барања. Во 2015 година бројот изнесува 171, во 2016 година -162, а до декември годинава -163. Но од Лекарската комора објаснуваат дека тие не располагаат со прецизен податок за бројот на доктори кои заминале да живеат и работат во странство, туку тие само издаваат потврди. -Согласно своите надлежности, Комората им издава потврда (good standing) на докторите дека се членови на Комората и дека против нив не се води постапка пред Судот на честа при Лекарската комора. Овие потврди им се неопходни на докторите за едукација во странство, стручен или студиски престој во странство, обука и доусовршување, меѓународни проекти како и на оние кои заминуваат да живеат и работат надвор од Република С. Македонија“, велат од ЛК. Оттаму информираат дека во изминатите 5 години во Комората стручен испит положиле 1.820 доктори на медицина... Од вкупниот број на доктори на медицина кои го положиле стручниот испит во 2019 година, 60% се изјаснале дека својата иднина ја гледаат во Македонија. Споредени изминативе две години од оние кои добиле лиценца за работа, 136 доктори се вработиле во здравствени установи низ државата во 2018, а оваа година до месец ноември нивниот број изнесува 98 доктори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрна Гора денес затвора три поглавја од преговорите со ЕУПотпретседателот на Владата на Црна Гора за надворешни и европски работи, Филип Ивановиќ, објави дека денес на Меѓувладината конференција со Европската Унија (ЕУ), Црна Гора ќе затвори три поглавја од преговорите, наместо претходно најавените две..Црна Гора досега привремено затвори 18 поглавја. Ивановиќ рече дека ова е одлична вест за европската интеграција на Црна Гора. Како што наведе, со затворањето на три поглавја денес, Црна Гора ќе биде еден чекор поблиску до целта да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на ЕвропаБегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите. Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од КумановоЖителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности. Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја... Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter