За 24 часа Итната помош имала 70 повици, најчесто од метеоропати - Канал 5

За 24 часа Итната помош имала 70 повици, најчесто од метеоропати

Правилото дека промените ги чувствуваат возрасните веќе не важи, скок во притисокот имаат и здрави и млади луѓе. 

За 24 часа Итната помош имала 70 повици, најчесто од метеоропати

Осцилациите во температурите и периодов кога како сите годишни времиња да се менуваат во текот на едноденоноќие, луѓето се како барометар, па имаат и болки бидејќи и физички ги чувствуваат промените и атмосферскиот притисок, вели Д-р Елена Карева Пиловска. Ова се потврдува и со бројот на повици кон Итната медицинска помош, каде за 24 часа имало 70 барања за интервенции и лекарски совет, најчесто за симптоми како вртоглавица, главоболка, малаксаност, болки во коски и зглобови, но службата реагирала и за колапси на улица и мозочни удари. Препораката е здрава исхрана, но и да не се зема терапија на своја рака. Правилото дека промените ги чувствуваат возрасните веќе не важи, скок во притисокот имаат и здрави и млади луѓе. Метеоропати има многу, вели д-р Пиловска.

Во Итната медицинска помош не изостануваат повиците за убиства, но и насилството помеѓу младите, кои се нотираат и во статистиката на оваа служба. На лекарите од службата им се случува во едно дежурство во рок од три часа да има два инциденти со пробудување со нож кај млади лица, но и повреди кои се последици од семејно насилство.

Агресијата вообичаено започнува од семејството, алармираат психијатрите. Советот е поголем труд од секој поединец за здрави навики и за психичкото и физичкото здравје. Општеството не може да има опис „нездраво“ ако секој започне од себе, велат психијатрите. И навиките за ментално, но и физичко здравје, ама и почитта и емпатијата кон другиот, се учат прво дома.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запчест ремен или ланец? Што треба да знаете при купување половен автомобил

Ако размислувате за купување половен автомобил, добро е да знаете дали да изберете модел со запчест ремен или со ланец. Еве која е разликата и на што треба да внимавате.

Запчест ремен или ланец? Што треба да знаете при купување половен автомобил

Моторите со погон преку ланец обично немаат одреден интервал за замена врз основа на поминатата километража. Со редовна замена на соодветното моторно масло и филтер, ланецот најчесто не бара замена сè до моментот на генерален ремонт или поголем сервис на моторот – обично помеѓу 200.000 и 300.000 километри.

Замена на ланецот во таа фаза се препорачува доколку моторот веќе е отворен поради некаков дефект, пренесува „RevijaHAK“.

Ланецот првично бил дизајниран да трае исто колку и самиот мотор. Сепак, тоа не е секогаш случај. Кај поновите генерации мотори, некои производители ја намалиле големината на ланецот за да ја намалат масата на подвижните делови и да ги подобрат перформансите на моторот; сепак, тоа го направило ланецот поподложен на предвремено откажување.

Пред купувањето, препорачливо е да проверите во овластен сервис дали одреден мотор ги има овие карактеристики. Кај некои мотори, целиот мотор мора да се извади од возилото за да се заменат ланецот и сите придружни компоненти.

Запчест ремен

Запчестите ремени имаат интервал за замена дефиниран според времето, независно од поминатата километража. Тој обично се движи од пет до максимум десет години, во зависност од производителот. Интервалот заснован на километража исто така варира меѓу производителите и генерациите на мотори. Кај некои понови генерации мотори, замената е предвидена уште на 60.000 километри, додека кај други може да не биде потребна сè до 240.000 километри. Затоа, од суштинско значење е да се консултирате со сервис за да потврдите кога треба да се замени запчестиот ремен за вашиот конкретен мотор.

Ако запчестиот ремен се менува, на пример, на секои 200.000 километри или десет години, тоа веројатно претставува поисплатливо и посигурно решение отколку ланецот – за кој сервисот може да утврди дека е склон кон пукање, дури и ако производителот не одредил интервал за замена, туку предвидел само проверки при редовното сервисирање. Сервисен центар може да утврди дека постои ризик од пукање на синџирот на растојание меѓу 120.000 и 200.000 километри и да препорача негова замена. Во такви случаи, трошокот за замена и за резервни делови може да биде и до три пати повисок од трошокот за замена на запчестиот ремен.

Важно е да се напомене дека неочекуван дефект на системот може да го продолжи времетраењето на поправката на возилото на период од 15 до 30 работни дена, во зависност од достапноста на резервните делови. Оттаму, од клучно значење е навремено да се провери дали системот е соодветно и навремено одржуван, во согласност со упатствата на производителот или препораките на сервисниот центар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

Еден возел под дејство на алкохол, а останатите без возачка дозвола.

Лишени од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 14 возачи и со двајца малолетници е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 13 управувале возило без положен возачки испит и тоа: З.Т.(39), М.Л.(22), Х.В.(23), Б.Ф.(24), сите од Скопје, Х.Д.(19) од с.Морани, скопско, М.Т.(29) од Прилеп, В.И.(18) од Битола, Р.Н.(47) од с.Брезница, општина Македонски Брод, И.Ѓ.(42) од Кочани, Г.Н. (46) од Кавадарци, Ш.Р.(34) од Тетово, Б.А.(26) од Гостивар и Л.Ф.(22) од с.Чегране, гостиварско, кој удрил во паркирано возило. Исто така, со двајцата малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Додека пак, под дејство на алкохол управувал Д.Ј.(39) од Делчево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија заедно со Словенија и Србија се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет во 2034.

Српската ракометна федерација објави дека, заедно со федерациите на Словенија и Македонија, официјално поднела кандидатура за организација и домаќинство на Европското првенство во ракомет во 2034 година.

Македонија заедно со Словенија и Србија се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет во 2034.

Како што е наведено, кандидатура за домаќин поднеле и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе донесе одлука следната година на својот редовен Конгрес.

- Заедничката кандидатура ќе претставува проект кој, покрај спортскиот сегмент, ќе вклучува и институционална поддршка од владите на Србија, Словенија и Македонија, а во текот на следниот период, трите федерации и надлежните институции ќе работат на подготовка на комплетна кандидатура, која ќе ги вклучува сите потребни организациски, инфраструктурни, логистички и други аспекти важни за организацијата на еден од најголемите европски спортски настани - соопшти Српската ракометна федерација.

Се додава дека за Србија, Словенија и Македонија, заедничката кандидатура претставува и потврда за намерата трите земји дополнително да го поврзат својот спортски потенцијал и да настапат заедно на европската спортска сцена.

- Српската ракометна федерација, како и федерациите на Словенија и Македонија, ќе продолжат интензивна соработка во подготовката на кандидатурата во наредниот период, со цел заедничкиот проект да се претстави пред ЕХФ како сериозна и сеопфатна кандидатура за домаќинство на Европското првенство во 2034 година - соопшти Српската ракометна федерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер