МакедонијаЗа 20- тина дена ќе се знае судбината на мостот „Беласица“ За 20 тина дена ќе се знае дали и каква санација ќе биде потребна на опожарениот мост „Беласица“, по најавената експертиза и проверка која ќе ја врши Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Проценката ќе покаже кога мостот ќе биде оспособен и пуштен за сообраќај. Првичните проценки, според професорот Михаил Гаревски се дека не е потребна сериозна санација на мостот и тој се надева дека ќе биде пуштен во употреба за брзо време. „Јас направив првична визуелна инспекција. Видни се оштетувања од аспект на отпаѓање на бетон кои се како резултат на висока температура, но е резултат и на гаснењето со вода. Експертизата што ќе ја направиме не треба да трае повеќе од 20 дена и таа ќе покаже дали ќе треба санакција на мостот, кај неносивите елементи“ Гаревски додаде дека по дополнителното зајакнување на мостот, можно е да следи пробно пуштање во функција на едната сообраќајна лента. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ВЕЛИ дека нема сериозни нарушувања на структурниот интегритет на мостот. „Првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот. Во моментот правиме се што е во наша можност за час поскоро мостот да биде пуштен во употреба“ Мостот „Беласица“ беше опожарен ноќта на 12 мај кога беше опожарена површина од 2000 квадратни метри. Арсовска изјави дека прелиминарната истрага покажала дека прична бил човечки фактор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисТенисерот Вавринка заминува во пензијаШвајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк. Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот. „Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.Тагови: Вавринка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСо камери во училиштата во Албанија против насилство20 училишта во Тирана се опремени со нов систем што ќе биде во останатите образовни институции во Албанија.Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот. Се обврзавме дека ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата на највисоко технолошко ниво, а денес таа обврска почнува да се реализира“, изјави албанскиот премиер. Новиот систем, кој е дел од проектот „Smart city“, користи интелигентна технологија што овозможува автоматско препознавање на потенцијално ризични ситуации..Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСептември почна со температури до 40 степениМакедонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 37 степени.Тагови: септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter