За 14 дена зголемен бројот на активни случаи за 20 проценти - Канал 5

За 14 дена зголемен бројот на активни случаи за 20 проценти

Кривата на „активни случаи“ повторно се движи нагоре. Според официјалните податоците за последните 14 дена, бројот на заразените што се водат како „активни“ се зголемил за околу 20 проценти.

За 14 дена  зголемен бројот на активни случаи за 20 проценти

12.07.2020 3526 активни случаи

19.07.2020 3921 активни случаи

26.07.2020 4199 активни случаи

Пред две недели, на 12 месецов имаше 3526 „активни случаи“, пред седум дена статистиката покажа 3921. Сега, оваа бројка е околу 4200 активни случаи.

Порастот на активни случаи покажува дека факторот на пренос на заразата надмина 1, појаснува Д-р Никола Пановски. Ова значи дека сега еден човек кој го има вирусот, го пренесува на повеќе лица. Досега, според податоците, се сметаше оти еден заразен заразува само еден.

Она што загрижува е дека заразата во последниот период ја шират младите. Ваков е случајот е со Кавадарци, од каде се споделуваат и фотографии на кои се забележува дека протоколите не се почитуваат. Само во последното деноноќие се потврдени шест пациенти на 18 и 19 годишна возраст.

Растот на кривата на активни случаи не носи надеж за опцијата децата од септември да се вратат во училишните клупи, бидејќи ваквата одлука зависи од текот на епидемијата. Комисијата за заразни болести дискутира, а до петок треба да даде мислење по однос на предлозите за тоа како ќе се стартува училишната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Кралството Холандија

На средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот.

Средба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Кралството Холандија

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, оствари средба со Нона Де Јанг, регионален координатор за безбедност во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Јурген Флајшман одбранбено аташе на Краството Холандија во Република Македонија и Зоран Дранговски, политички службеник за безбедност и стабилност во холандската амбасада во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во регионот, со посебен акцент на улогата на НАТО во одржувањето на мирот и безбедноста, политичката стабилност на Западен Балкан и значењето на добрососедските односи како важен фактор за регионалната стабилност.

Претседателот Арсоски ги запозна соговорниците со работата на Комисијата за одбрана и безбедност, истакнувајќи ја добрата соработка со членовите и замениците членови на Комисијата, Владата и надлежните министерства, како и со останатите институции и чинители во безбедносниот сектор. Тој го истакна значењето на постигнатиот политички консензус меѓу парламентарните партии во однос на прашањата од областа на одбраната и безбедноста.

Во разговорот беше нагласено значењето на исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во НАТО, вклучително и континуираното зголемување на одбранбениот буџет, достигнувањето на НАТО стандардите и модернизацијата и опремувањето на Армијата. Претседателот Арсоски посочи дека Македонија ги исполнува преземените обврски и дека до 2030 година се очекува одбранбениот буџет на државата да достигне 5 % од БДП.

Во овој контекст, тој го поздрави процесот „ReArm Europe“, оценувајќи дека зголемените инвестиции во одбраната отвораат можности и за дополнителен развој на европската, но и на домашната одбранбена индустрија. Арсоски истакна дека Македонија има воспоставена соработка со стратешки партнери, меѓу кои САД, Холандија и Турција, во процесот на модернизација на Армијата, додека паралелно се преземаат активности за привлекување странски инвестиции и развој на капацитетите во воената индустрија.

Истакната беше и важноста на добрососедските односи и регионалната соработка, особено во областа на одбраната и безбедноста, како придонес кон зајакнување на довербата и стабилноста на Западен Балкан. Во таа насока, беше разменето мислење за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и за потребата од заеднички придонес кон зачувување на мирот и стабилноста.

Од страна на соговорниците беше поздравено активното учество на Македонија во НАТО и меѓународните мировни мисии, како и нејзината посветеност кон исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството во Алијансата. Оценето беше дека продолжувањето на соработката со сојузниците и партнерите, како и одржувањето на добрососедските односи, се од особено значење за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бременоста и мајчинството причина за нееднаков тремтман во работните односи, потврдува КСЗД

Бременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата.

Бременоста и мајчинството причина за нееднаков тремтман во работните односи, потврдува КСЗД

Бременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата, но и натаму е мал бројот на оние кои се охрабруваат да пријават дискримнација.

„Најголем акцент ние ставаме на бремените жени односно нивната заштита во областа на вработување кадешто Комисијата има добиено повеќе од 21 претставка во изминатите три години, претставки кои се однесуваат на дискриминација врз бремени жени кои имаат нерегулиран работен однос“-– Зекир Абдулов.

Заменик претседателот на кломисијата Абдулов вели и дека секој што бил предмет на дискриминација може да поднесе пријава онлајн или лично во Комисијата.

„Пред Комисијата граѓаните имаат можност да пријават дискриминација онлајн преку веб страната, формуларот е достапен меѓутоа сите можат да пријават и на лице место пред Комисијата со помош на асистент“, – Зекир Абдулов.

Примери за нееднаков третман се бројни, а мегу нив велат од комисијата голем дел се однесуваат на интерсекциска дискриминација, каде истовремено се преплетуваат полот, родот, бременоста и мајчинството

Во 2025 година, Комисијата утврдила вознемирување на бремена жена на работното место, која била изложена на понижувачки и сексистички коментари. Меѓу нив биле и ставови дека „жена не може да води оддел“, дека нејзиното место е дома и дека бремена жена не треба да раководи со мажи.

Од Комисијата најавуваат и иницијатива до Владата и Собранието за законски измени со кои дополнително би се заштитиле бремените работнички, особено оние со договори на определено време. Оттаму посочуваат дека со години се чека ново законско решение, додека во пракса сè уште има случаи во кои договорите не им се продолжуваат токму поради бременоста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на август

Без раст на трошоците за живот во септември, но со годишна инфлација од 2,7 отсто. 

Инфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на август

Податоците за трошоците на живот минатиот месец на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во однос на август цените во просек останале на исто ниво со инфлација од 0.0%, но во однос на септември минатата година трошоците за живот се повисоки. Најголем раст, за 1,3% има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домот. Поскапела и храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 отсто, исто колку и групата лична нега и социјалната заштита. На спротивната страна, најголемо поевтинување е забележано кај рекреацијата, спортот и културата за 3,7 отсто, а транспортот поевтинел за 3,4 отсто.

Иако годишната инфлација е пониска од лани, тоа не значи и пониски цени. Цените и натаму се зголемуваат, но растот е поумерен од 4 отсто лани, на 2,7 отсто годинава. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлаторниот притисок дополнително да се намалува, а годишната стапка да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто. Тој се повика и на европските податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во септември била проценета на 3,8 отсто, оценувајќи дека Македонија останува меѓу земјите со најниска инфлација во регионот.

-Во третиот квартал бројките се дека состојбата е под контрола. Во јули месец стапката беше 2,3%, а просекот во Европската Унија и во еврозоната беше 2,9%. Во регионот сме втори убедливо кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. Во август беше 2,6%, кога во Европа и во еврозоната просекот беше 3,2%. Сега Европската Унија објави проценка дека во септември месец е 3,8% во еврозоната. Според нашите проценки и анализите коишто ги има Државниот пазарен инспекторат за храната и безалкохолните пијалоци, очекуваме годишната стапка на инфлација да биде меѓу 1,5 и 2%, што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Откако Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто за годинава, Мицкоски изјави дека очекува растот да биде повисок, меѓу 3,5 и 4 отсто.. Сепак од Светската банка, во засебен извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, предупредуваат дека без структурни реформи за ниската продуктивност, слабите инвестиции и намалување на работосподобното население растот до 2050 година во Македонија би можел да забави на само 2,4%,

Повикувајки се на овој извештај, од опозициската СДСМ критикуваат дека биле побиени оптимистичките тврдења на премиерот за економскиот напредок. Од таму оценуваат дека без рерофми земјата со децении ќе продолжи да заостанува зад европскиот просек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер