WWF: Со закотвување на бродовите се уништуваат 50.000 хектари морска трева во Средоземното Море - Канал 5

WWF: Со закотвување на бродовите се уништуваат 50.000 хектари морска трева во Средоземното Море

Светската организација за заштита на природата WWF денес предупреди дека е итно да се заштитат ливадите со морски треви во Медитеранот од штети предизвикани од закотвувањето.

WWF: Со закотвување на бродовите се уништуваат 50.000 хектари морска трева во Средоземното Море

Светската организација за заштита на природата WWF денес предупреди дека е итно да се заштитат ливадите со морски треви во Средоземното Море од штети предизвикани од закотвување на бродовите, бидејќи само во минатата година потенцијално 50.000 хектари Posidonia oceanica биле директно погодени од сидрата на пловилата.

Обемот на штетата предизвикана од сидрата на големите пловила на ливадите со морска трева во Медитеранот е откриен во новиот извештај на WWF објавен на Светскиот ден на океаните, 8 јуни.

Извештајот, насловен како „Заштита на ливадите со морска трева во Медитеранот од штети предизвикани од сидрата“, се базира на сателитски податоци од Системот за автоматска идентификација (AIS) за следење на бродови.

Клучен вид морски цветни растенија

Проценето е дека во Медитеранот во 2024 година потенцијално 50.000 хектари Posidonia oceanica - клучен вид морски цветни растенија - биле директно погодени од сидрата на пловилата, што претставува економска загуба од над четири милијарди евра од разни екосистемски услуги, изјави WWF.

Тие ги посочуваат сидрата како една од најкритичните, но и најлесно спречливи закани за Posidonia oceanica, бавнорастечки ендемски вид кој е важен за заштита на брегот од ерозија и забавување на губењето на биодиверзитетот.

Како клучно живеалиште, место за размножување и место за мрестење за голем број комерцијални видови риби, позидонијата е важна за рибарството, а поради својата способност да врзува големи количини јаглерод, таа е сојузник во борбата против климатските промени, додаваат од WWF.

„Сепак, приближно 34 проценти од ливадите со позидонија се изгубени во последните 50 години“, предупредуваат тие.

Потенцијално закотвување на повеќе од 179 илјади пловила

Извештајот на WWF открива дека во Медитеранот, повеќе од 179.000 пловила би можеле потенцијално да се закотват на ливадите со морска трева, од кои 45 проценти се пловила подолги од 24 метри.

Големите пловила што се закотвуваат на морската трева се одговорни за речиси 60 проценти од вкупните погодени области, со жаришта во регионите вклучувајќи ги Италија, Шпанија, Турција, Грција, Франција и Хрватска. Во некои зони, вели WWF, дури 50 проценти од ливадите се погодени од нерегулирано закотвување.

Областите со строги прописи за закоптвување, како што е јужниот дел на Франција, имаат значително пониски стапки на влијание врз ливадите со морска трева.

„Штетата од сидрата бавно се заздравува. На ливадите им требаат повеќе од 100 години за да се опорават. Заштитата и подобреното управување се најефикасните начини за зачувување на овие важни екосистеми“, рече Патрик Крстиниќ, раководител на морската програма на WWF за Јадранското Море.

Тој забележува дека зачувувањето и реставрацијата на ливадите со морска трева не е само мисија за животната средина, туку и стратешка, а владите треба да дејствуваат за да ги забранат штетните практики на закотвувањето.

Клучните препораки на WWF вклучуваат спроведување на забрана за закотвување на ливади со морска трева за пловила подолги од 15 метри, проширување на инфраструктурата за еколошко закотвување и заштитени зони и зајакнување на прекуграничната соработка во заштитата на морската трева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер