Wuling Bingo е електричен компакт со одлична цена, го нема во Европа (ФОТО) - Канал 5

Wuling Bingo е електричен компакт со одлична цена, го нема во Европа (ФОТО)

Ако стигне на европскиот пазар, може да биде вистинско „бинго“ за сите кои бараат електричен автомобил по добра цена.

Wuling Bingo е електричен компакт со одлична цена, го нема во Европа (ФОТО)

Сите знаат дека Кинезите брзо учат, а сега може да се случи ученикот да го надмудри наставникот. Така барем говорат зголемениот број новитети кои покажуваат дека кинеската автомобилска индустрија веќе не заостанува ниту во однос на технологијата, а камоли кога е дизајнот во прашање.

Такви примери има сѐ повеќе. Еден од нив е неодамна претставениот Wulling Bingo, атрактивен компактен од сегментот Б. Симпатично дизајнираниот автомобил нуди димензии слични на Toyota Yaris, а ќе се нуди во две електрични верзии.

Основниот модел има електричен мотор од 41 КС (и 110 Nm) и батерија со капацитет од само 17,4 kWh, додека помоќната опција има 68 КС и речиси двојно поголема батерија (31,9 kWh).

Во двата случаи, брзината е ограничена на 100 km/h, што јасно укажува на урбаната улога. Според CLTC, досегот е 203 km со послабата верзија и 333 km со помоќната верзија. Но, најдобрите работи допрва доаѓаат. Овој автомобил има целосно дигитален кокпит, многу дарежлива опрема, вклучувајќи кожен тапацир во ретро издание со шиење, но и опции кои тешко дека ќе ги најдете на некои други автомобили.

На пример, багажникот може да биде опремен со специјални кутии за чување храна, како и кревет на надувување. Баш така, откако ќе се склопат сите седишта како на пример на првата генерација на Twingo, се поставува воздушниот душек и Bingo станува погоден за спиење.

Бингото, за кое CarNewsChina вели дека е наменет првенствено за помлади жени, ќе има премиера наскоро на саемот за автомобили во Шангај, а цените ќе се движат од 9.500 до 13.500 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер