Wizz Air ја укинува својата линија со висока тарифа и објавува ажурирање на опциите за поддршка - Канал 5

Wizz Air ја укинува својата линија со висока тарифа и објавува ажурирање на опциите за поддршка

- Авиокомпанијата воведе промени за да им го олесни пристапот на патниците до помош и поддршка, како дел од својата посветеност за обезбедување на беспрекорно искуство за корисниците.

Wizz Air ја укинува својата линија со висока тарифа и објавува ажурирање на опциите за поддршка

Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија во регионот на ЕМЕА*, денес објави важно ажурирање на опциите за поддршка на корисниците, продолжувајќи да ја подобрува понудата за услуги за корисниците.

Од денес (21 јануари), авиокомпанијата ја укина својата линија за повици со висока тарифа, осигурувајќи се дека на никој од корисниците нема да му биде наплатено со тарифи за премиум повици. Корисниците од Македонија можат да го посетат новиот Wizz Air центар за помош за повеќе информации за најдобриот број за контакт, при што ќе бидат применети локални тарифи.

За најбрз и најлесен пристап до помош и поддршка, Wizz Air им препорачува на патниците да ја користат својата онлајн self-service платформа, која е достапна преку Wizz Air веб-страницата или мобилната апликација. Од тука, корисниците можат да управуваат со своите резервации, да добиваат информации за своите летови, да прават промени, да бараат поврат на средства или да решаваат проблеми поврзани со доцнења или откажувања.

Корисниците можат да побараат 24/7 информации за резервации, статус на летови, багаж и услуги на WIZZ преку онлајн чет-ботот на авиокомпанијата, Amelia. За посложени прашања, достапни се и агенти за разговор во живо, кои исто така нудат помош 24/7 на англиски.

Корисничката поддршка останува важен аспект на инвестиција за Wizz Air, а авиокомпанијата постојано развива иновации за да го подобри искуството што им го нуди на патниците. Минатата година, Wizz Air ја воведе услугата Amelia Voice Service, која им овозможува на корисниците автоматизирани известувања за нивните резервации, обезбедувајќи суштински информации и насоки во случај на какви било нарушувања на нивниот лет.

Boglarka Spak, раководител на Корисничко Искуство во Wizz Air, изјави: „Ние сме посветени на обезбедување на најдоброто можно патничко искуство за нашите корисници. Корисничката поддршка е во фокусот на авиокомпанијата. Денешната објава е само еден пример за подобрувањата што ги правиме во оваа област. Продолжуваме да инвестираме во иновации за да се осигураме дека можеме да ги исполниме очекувањата на нашите корисници ширум светот.“

Wizz Air

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер