WhatsApp воведе нова опција, досега достапна на Фејсбук и Инстаграм

Whatsapp пред неколку дена ја претстави опцијата Message Yourself.

Корисниците сега можат да си испраќаат пораки во апликацијата, што досега беше можно само на Facebook Messenger и Instagram, барем што се однесува до Мета.

За да можат корисниците на апликацијата да си испратат порака, потребно е да ги внесат контактите, каде нивниот сопствен број ќе биде прв на листата. Со допирање на контакт се отвора разговор каде што можете да си испратите порака.

Функцијата Message Yourself беше најавена минатиот декември и сега е достапна на сите уреди.

Американски Ф-16 се урна над Жолтото Море

Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија денеска американските сили во Кореја (USFK).

Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу Корејскиот Полуостров и Кина, соопшти УСФК.

Пилотот е во стабилна состојба, а причината за несреќата се истражува.

Авионот полетал од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Вкупно 28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја. /МИА

Трамп нема да сведочи по втор пат во случајот со граѓанска измама

 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека одлучил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека многу успешно сведочел минатиот месец и дека не гледа потреба повторно да се појавува.

Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната во случајот, кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен.

Трамп, неговите синови Ерик Трамп и и Доналд Трамп Џуниор, и други високорангирани директори на Организацијата Трамп се обвинети од њујоршката обвинителка Летиција Џејмс дека се вклучиле во децениска шема во која користеле „бројни чинови на измама и лажно претставување“ за да надујат нето вредноста на имотот на Трамп за тој да добие поповолни услови за кредит. Судењето доаѓа откако судијата во случајот со делумна збирна пресуда пресуди дека Трамп поднел „лажни проценки“ за неговиот имот, оставајќи го судењето да утврди дополнителни дејствија и каква казна, доколку ги има, треба да добијат обвинетите. /МИА

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 4 декември 2023 до 7 декември 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 154 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје.

притисни ентер