Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
1Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ТехнологијаWhatsApp подготвува нова опција WhatsАpp воведува нова опција што ќе им го олесни животот на корисниците кои се борат со меморијата на своите мобилни телефони.Популарната апликација за комуникација планира да воведе интерфејс за употреба на зачувување, преку кој корисниците ќе можат да следат како и за што се поврзани со WhatsApp или меморијата на нивниот мобилен телефон. Интерфејсот ќе биде поделен на три дела. Првиот дел ќе ја прикаже вкупната количина меморија што ја презема апликацијата, вклучувајќи ги и сите медиски датотеки примени или испратени преку неа. Вториот дел ќе прикаже колку меморија е зафатена исклучиво од мултимедијални датотеки, така што корисникот ќе може да види која зафаќа најмногу простор, за да може полесно да ги сортира. Третиот дел ќе прикаже колку меморија зазема секој разговор и во него ќе има алатка со која корисниците ќе можат да ја пребаруваат содржината на одреден разговор. Опцијата треба да биде достапна и за корисниците на Android и за iOS, но во моментов е сè уште во фаза на тестирање, пишува Tech Radar.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаНе од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и ТетовоСо кредити од Светската банка и Европската инвестициска банка ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Прва болница а листата е болницата во Штип, која е започната пред десет години. Постоечката направена карабина на болницата треба да се испита, за да се знае што она што треба да се направи ново. Болницата во Кичево ќе се гради на земјиштето на министерството за одбрана во влезот на градот, исто така проектот во Тетово е во напредна фаза. Засега нема детали околку изградба на нов клинички центар, од владата соопштија дека новата локација за клинички центар ќе биде земјиштето пред спротската сала „Борис Трајковски“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаЉупчо од Скопје е исчезнат две недели, семејството апелира за помошРечиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски.Речиси две недели ниту трага ниту глас од исчезнатиот Љупчо Стојановски – залепените плакати со неговата фотографија на бандерите, неуморните потраги и постојаните апели засега не вродуваат со плод, семејството и натаму живее во кошмарна неизвесност и агонија. Неговата сестра, Снежана Радовановиќ вели за нив и за Стојановски секој час е важен, а секој изгубен момент само ја продлабочува неизвеноста. Па апелира, првенствено до полицијата на поголема ажурност и посериозна потрага, а до граѓаните веднаш да пријават доколку го видат. -Син ми, речиси половина Ново Лисиче се ангажираше, со коли, со мотори го свртеа цело Скопје, никаква трага немаме, залепивме и плакати од него од Ново Лисиче до Железничка никој се нема јавено, никој го нема видено, не знам што да мислам стварно. Барам помош од полицијата, тие велат дека немаат никакви информации, се уште велат се трага, пуштено е по цела Македонија, ги проверивме границите, нема ништо, не излегол од границите, не знам веќе што да мислам и што да преземам. Ги молам, полицијата, го молам целиот народ во Македонија, кој и да го види да се јави. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски Од МВР за Канал 5 велат дека активата потрага по Стојановски продолжува и дека сите полициски станици во Македонија се известени и работат на случајот. Стојановски на 5ти август бил виден на Качанички пат, во казиното во кое работел, каде пиел кафе со колега, а кој потоа на семејството му посочил дека Стојановски бил дезориентиран. Од таму заминал да посети пријател во скопско Побожје, кога и последен пат неговата сестра му го слушнала гласот – набргу потоа му се губи секоја трага. Таа вели, при секој повик се буди надеж, но и стравот од најлошите вести. -Се јави еден пријател од жена му, бил кај него во Побожје, пиел и таму кафе и тој вечерта во 8 часот го оставил на рекорд и од тогаш се губи секоја трага на Љупчо, од тогаш се губи секоја трага на Љупчо. Единствено се јави една жена дека го видела во Козле кај верото, во 6 наутро, се јави уште еден човек дека го видел во 13ч исто во Козле, кај Украинска амбасада, поминал покрај него. Јас се надевам дека ќе го видам, дека ќе се појави од некаде, но друга страна ми кажува дека многу време е поминато. - Снежана Радовановиќ – Сестра на Љупчо Стојановски Стојановски од 2007ма година е под терапија поради психички растројства, која одбива да ја земе при посериозни емотивни раздразвнувања, но неговата сестра вели дека функционирал сосема нормално, дури и работел.Таа посочува дека најголема болка му било што неговата сопруга пред неколку месеци заминала со 10 годишно дете, за кое бил многу приврзан, а не го видел речиси половина година, што е и можен поттик за неговото исчезнување, вели таа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриврзаниците на Груби разочарани од односот на „политбирото“ на ДУИОбвинението против Артан Груби за злоупотреби во Државна лотарија отвори нов фронт во ДУИ. Партиски членови и негови поддржувачи јавно реагираат дека тој е оставен сам да се соочи со обвиненијата, додека партискиот врв според нив има несоодветен однос кон долгогодишниот партиски функционер и екс вицеперемиер. Високиот партиски активист на ДУИ, Артин Спахију, во објава на социјалните мрежи директно го прозива актуелното партиско раководство, нарекувајќи го „политбиро“ и потсетува дека дел од неговите членови ги изградиле своите позиции токму со поддршката на Груби по партискиот конгрес во декември 2019 година и подоцнежните внатрепартиски избори. -„Некој го викаше „шеф“, некој „брат“, некој „кинг“, а повеќето беа залепени за него како полжави на дрво“, пишува Спахију, додавајќи дека сега јасно се видело „кој е кој“ во партијата. Слична порака објави и сопственикот на порталот „Тетова сот“, Рами Мислими. Тој јавно праша зошто најголемиот дел од високите функционери на ДУИ досега не изразиле лична поддршка и солидарност за Груби, не за да се мешаат во правдата, туку како што вели од човечки и морален став кон некогашниот соработник. Од ДУИ, пак, за Канал 5 велат дека внатре во партијата немало и нема таква дебата околу солидарноста за Груби и додаваат дека тие веќе оцениле дека против него нема докази. -За обвинението за Артан Груби ние веќе имавме соопштение во кое оценивме дека се работи за политички прогон, каде после 2 години без ниту еден доказ или факт се покренува обвинение, каде што е сменета и квалификацијата. Бараме транспарентен процес кадешто јавноста ќе биде соодветно информирана, како и меѓународен надзор над целиот процес. Иако сметаме дека треба да се почитуваат судството и обвинителството, тие треба да работат врз основа на докази, велат од ДУИ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак во телевизиско гостување во Приштина, изјави дека тој бил тој што побарал од Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност доколку злоупотребил неговата доверба: „Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: ‘Ако си ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговараш.’ Тој се заколна дека ќе работи чесно, а единствениот одговор што ми го даде беше: ‘Работев чесно.’ Јавно побарав, а истовремено вршев притисок врз локалната политика да го пуштат да излезе и да одговори. Но не сакам селективна правда, туку вистинска правда. Мислам дека работите одат добро – првото нешто е да се ослободи од домашен притвор, па да видиме како ќе продолжи." Според владејачката Вреди, јавните прозивки во редовите на дуи покажуваат очигледнА нервозата во Мала Речица, а Али Ахмети како што велат, не знае кој пат да го фати. -ДУИ сама признава дека функционира како озлогласено политбиро. На Ахмети очигледно не му излегува есапот. Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија“ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ. Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот, реагираат од ВЛЕН. Обвинителството пред неколку дена поднесе обвинение против Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби од околу 8,2 милиони евра во „Државна лотарија“. Судењето е закажано да започне на 24 август, а Груби останува во куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook