WhatsApp наскоро ги брише сите ваши лични податоци - Канал 5

WhatsApp наскоро ги брише сите ваши лични податоци

Апликацијата WhatsApp, која ја користат 1,5 милијарди луѓе соработува со Google за да ги зачува сите пораки , фотографии , видео о аудио снимки.

WhatsApp наскоро ги брише сите ваши лични податоци

Google се согласи да им помогне на корисниците на WhatsApp да ги зачуваат податоците и да направат резервни копии на своите содржини , без да им одземе од правото за 15GB бесплатни податоци.

Сепак , копијата на податоците мора да се направи до 12 декември зашто , по овој датум може да дојде до бришење на податоците , кои не се зачувани на сигурно.

Самото создавање на сигурносните копии ги уништува постарите содржини на WhatsApp. За да се зачува шрто повеќе од податоците , по договорот меѓу WhatsApp и Google нема потреба да се користи Google Drive.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парите од регистрација на возила пет години си ги ставале во џеб- украле над 2 милиони евра

Пет години парите што при регистрација на возила требало да одат кај државата ги ставале во џеб и го оштетиле буџетот за над два милиони евра .

Парите од регистрација на возила пет години си ги ставале во џеб- украле над 2 милиони евра

Пет години парите што при регистрација на возила требало да одат кај државата ги ставале во џеб и го оштетиле буџетот за над два милиони евра – МВР поднесе кривична пријава против шест лица, а три од нив се лишени од слобода во заедничката акција со ОЈО ГОКК, се сомничат дека преку фирма за технички преглед переле пари, направиле проневера и работеле несовесно во службата.

„Во рамки на акцијата, а врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен Кривичен суд, извшрени се претреси на повеќе локации во Скопје, при што личени од слобода се С.С., Ш.С и З.Ѓ, а при извршените претреси пронајдени и одземени се околу 27.000 евра, 38,500 денари, 750 швајцарски франци и 100 долари, повеќе телефонски апарати и две патнички моторни возила.“

Во шемата биле вклучени сопственик на фирма од С. Кучевиште, лица од осигурително брокерско друштво и сметководител, а парите од надоместок за користење на јавни патишта, еколошката и административната такса ги прикривиле така што ги префрлале на сметки на брокерското друштво, па потоа на повеќе други сметки и ги мешале со редовните приходи на фирмите, а во најголем дел парите ги заведувале како позајмици. Па, наместо, 1,3 милиони евра да завршат кај општините, 780.000 евра да завршат во ЈПДП, од нив се купувале недвижнини со цел истите да се парите да се исперат.

Трагата која ја следела полицијата, води токму до ова место, С. Кучевиште, каде што била регистрирана фирмата преку која функционирала шемата пет години.

Покрај сопственикот, кој доставувал лажни извештаи за собраните средства, брокерсткото друштво кое го олеснувало протокот на парите и сметководителот кој внесувал невистинити податоци во документацијата, одговорност ќе се бара и ЈПДП. Кривична пријава доби и помошник директорката на претпријатието, Т.М., која според полицијата не извршила соодветен надзор врз работата на фирмата и со тоа овозможила дел од злоупотребите. Кривичната пријава опфаќа и три правни лица

Во целата шема, оштетени биле и Министерството за животна средина за над 90.000 евра и Црвен Крст за речиси 25.000 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Шокантно е лидер на опозицијата да презентира бројки што се целосно несериозни и неточни

Денешната прес-конференција е реакција на изнесените ставови на лидерот на опозицијата, Венко Филипче, кој претходно одржа прес-конференција во собраниската прес-сала.

Стојаноски: Шокантно е лидер на опозицијата да презентира бројки што се целосно несериозни и неточни

Сметам дека, пред сè поради почитта кон граѓаните, потребно е да бидат соопштени неколку точни и официјално потврдени бројки.

За мене, и како пратеник и како политичар, е шокантно лидер на опозицијата да излезе од македонското Собрание и да презентира бројки што се целосно несериозни и неточни. Особено изненадува начинот на кој се толкуваат економските показатели, од аспект што е целосно нереален и кој не се темели врз официјални податоци.

Таквите бројки не треба да се користат за пласирање манипулативни информации во јавноста. Несериозниот дневнополитички пристап, особено кога се зборува за економијата, мора да престане, бидејќи не му носи добро на ниту еден граѓанин во државата, а најмалку на оној што ги изнесува ваквите тврдења.

Денешните лаги и манипулации беа демантирани со официјалното соопштение на Државниот завод за статистика за растот на македонската економија.

Користејќи ги официјалните податоци од Државниот завод за статистика, сакам да соопштам дека македонската економија во вториот квартал од 2026 година пораснала за 4,3 проценти. Тоа претставува највисок економски раст во последните четири години.

Истовремено, продолжува позитивниот тренд на раст на македонската економија во осум последователни квартали, при што растот е повисок од 3 проценти. Сметам дека ваквиот континуитет е исклучително значаен.

Со овој резултат повторно се наоѓаме меѓу земјите со највисок економски раст во Европската Унија за кои се објавени податоци. Тоа покажува дека македонската економија закрепнува, зајакнува и расте со задоволителна динамика.

Особено охрабрува структурата на растот и податоците за тоа кои сектори се неговите главни двигатели.

Градежништвото бележи раст од 21,9 проценти, додека бруто-инвестициите бележат раст од 14,5 проценти, при што нивното учество е на ниво над 16 проценти.

Овие податоци укажуваат дека и проектите финансирани од Владата даваат конкретни резултати. Градежништвото и бруто-инвестициите создаваат трајна вредност во економијата и затоа нивниот силен раст секако е за поздрав.

Уште поважно е што, во споредба со првиот квартал, македонската економија дополнително забрзува. Доколку ги споредиме резултатите од првиот и од вториот квартал, имаме забрзување од над 1,2 процентни поени.

За сите оние што ја разбираат економијата и сакаат чесно и искрено да ги анализираат податоците, ова покажува дека навистина можеме да бидеме задоволни од економскиот раст што го бележиме.

Од аспект на јавниот долг и заемот за кој господинот Филипче укажуваше дека ќе се случи, тоа не е точно и не е вистина.

Станува збор за потенцијална подготовка за она што треба да следи наредната година.

А наредната година, како и во годините потоа, Република Македонија и сите нејзини граѓани треба да сервисираат околу 8 милијарди евра долг, создаден во периодот на Владата на СДСМ и ДУИ, во која министер беше и Венко Филипче.

Оваа година досега се сервисирани 1,5 милијарди евра.

Во 2027 година треба да се сервисираат 1,5 милијарди евра, во 2028 година – 1,9 милијарди евра, 2029 1,3 милијарди евра, а во 2030 година – 1,4 милијарди евра.

Кога ќе се соберат обврските за сервисирање на долгот во овој период, станува збор за околу 8,8 милијарди евра, средства што треба да бидат сервисирани од Република Македонија.

И како финална порака, сметам дека, пред сè поради македонските граѓани, треба да се каже уште еден важен факт.

Јавниот долг во овој момент изнесува 58,8 проценти.

Кога ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалициските партнери ја состави Владата, ако 30 јуни 2024 година го земеме како референтен датум, јавниот долг беше над 60 проценти.

Затоа, кога зборуваме за економијата, треба да бидеме јасни и да се потпираме на факти.

Во државата постои институција што сите ја плаќаме – Државниот завод за статистика. Токму таму се официјалните податоци и сметам дека врз тие бројки треба да се потпираме и да им веруваме, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска Кочоска: Во 2027 година ќе се издаде еврообврзница од 1,3 милијарди евра

Планираното задолжуваењ од 1,3 милијарди евра за кое деновиве зборува опозицијата е дел од фискалната стратегија а парите се потребни за враќање на долговите во 2027 година.

Димитриеска Кочоска: Во 2027 година ќе се издаде еврообврзница од 1,3 милијарди евра

Најавеното задолжување од 1,3 милијарди евра се уште не е процесирано од Владата, а истото веќе е предвидено во Фискалната стратегија, уверува министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Парите, како што објаснува таа, треба да се обзбедат во 2027 година, кога на државата и доспеваат значителни обврски по основ на претходно доставени долгови. Димитриеска- Кочоска вели дека само старите долгови кои треба да се вратат идната година изнесуваат речиси 1,5 милијарди евра, дека дополнително доспеваат и околу 1,1 милијарда државни записи со рок од 12 месеци, но и дека дополнително треба да се финансира планираниот буџетски дефицит од 3,5%

„Секако дека во фискалната стратегија имаме предвидено буетски дефицит од 3,5% и тој треба да се финансира, а сето ова покажува дека ние навремено треба да се организираме. Но не можеме да го занемариме и фактот дека 1,5 милијарда треба да вратиме стари долгови. Така што мислам дека неквусно е прашањето за што ни треба 1,3 милијарда кога луѓето барем оние кои што се дел и од пратеничка група и седеле во министерските фотељи во 2024 година треба да знаат што оставија.“

Со ова Кочоска одовори на обвинувањата од опозициската СДСМ дека актуелната власт за две години ќе ја задоли државата околу четири милијарди евра. Од СДСМ предупредија дека јавниот долг со ова би можел да достигне околу 65% од БДП. Министерката пак,тврди дека ваквата пресметка не ги зема во предвид долговите што државата ги отплаќа во меѓувреме. Според неа, потребно е да се гледа нето-зголемувањето на долгот, а не само колку пари позајмила државата.

„Процентот или јавниот долг како % од БДП јасно кажува дали ние го злогемуваме долгот или се движиме во рамки на она што значи психолошка граница. И микслам дека до овој момент во овие 2 години успешно го менаџираме тоа. Ако го земеме фактот дека во 2024 година тие оставија празна каса на половина на годината, па имавме потреба од дополнително задолжување и зголемување на буџетскиот дефицит во тој период, се сеќавате таа година ја завршивме со јавен долг над 60%, а денес имаме под 59% јавен долг.“

Паралелно, министерката ги презентираше и податоците за економските движења од вториот квартал. БДП пораснал за 4,3%, бруто-инвестициите за 16,5%, а извозот за 10,4%. Инфлацијата пак, од 4,8% во мај се намалила на 2,3% во месец јули.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер