Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
1Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
ТехнологијаWhatsApp ќе воведе опција што многумина ја чекаат, станува збор за приватностВести пристигнуваат за WhatsApp и се однесуваат на поставката за приватност.WaBetaInfo известува дека WhatsApp работи на воведување поставка што ќе им овозможи на одредени луѓе да ги спречат да го видат статусот на вашата активност. Пред неколку години WhatsApp имплементира три поставки за приватност поврзани со сликата на профилот, описот и „последен пат видено“. Овие поставки им овозможуваат на корисниците да одлучат кој може да ги види овие податоци додека комуницираат со нив на WhatsApp. За управување со овие поставки за приватност, WhatsApp дефинира само три опции - сите, само контакти и никој. Сега доаѓа друга можност - „моите контакти освен ...“ Се разбира, за оние што ги спречувате да го видат статусот на вашата активност, нема да можете да го видите ниту нивниот. WaBetaInfo објави и скриншот како ќе изгледа оваа опција на iOS уредите, но пишуваат дека оваа опција ќе биде достапна и на Android. WhatsApp is planning to add the "My contacts except..." option for Last Seen, Profile Picture and About, so you will be able to exclude specific contacts without disabling the feature! 💯 Note: you cannot see the last seen of excluded contacts. Availability: in a future update. pic.twitter.com/LWTihboePd — WABetaInfo (@WABetaInfo) September 7, 2021 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБАВидео: Брилијантниот Леброн „го „урна“ НБА шампионотЕден од најдобрите светски кошаркари во историјата ѕвездата на Филаделфија, Леброн Џејмс дури и на 41-годишна возраст, во својата 24-та НБА сезона, не престанува да воодушевува. Легендарниот кошаркар одигра одличен натпревар за својот нов клуб и ги предводеше Филаделфија до победа од 98:93 против актуелните НБА шампиони, Њујорк Никс, во рамките на утринската програма во НБА . Џејмс го заврши натпреварот со 20 поени, девет скока и осум асистенции, со што беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија. Тој изгледаше особено импресивно во завршницата на натпреварот, кога ја презеде одговорноста и му помогна на својот тим да го скрши отпорот на домаќините. Го реши натпреварот во завршницата Никс се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и пол пред крајот. Но, тогаш на сцена стапи Џејмс. Тој возврати со кош и ѝ донесе ново водство на Филаделфија. a LeBron James masterclass in South Philly. 20 PTS | 9 REB | 8 AST @PALottery https://t.co/Zbht6gCTiu — Philadelphia 76ers (@sixers) October 31, 2026 Џејмс во текот на натпреварот покажа дека сè уште може да доминира на двете страни од теренот. Во првото полувреме, тој моќно го проби Микал Бриџис и поентираше, додека во третата четвртина, во полн трк, го блокираше обидот на Оџи Ануноби. На тој начин, Филаделфија оствари вредна победа на гостински терен, а најдобар стрелец во тимот беше Тајрис Макси со 27 поени. Во редовите на Никс, најефикасен беше Џејлен Брансон со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
КултураДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконописДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места. Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Маченичка смрт на 84-годишна возраст Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаПочина новинарот Бранко Радовановиќ Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ. Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција. Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter