СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
1СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
СветВулкан пред ерупција, а туристите си прават селфи: Ова е лудило (ВИДЕО)На социјалните мрежи кружи видео од тројца туристи кои го ризикуваат својот живот за да се искачат на Попокатепетл и да се фотографираат.Локалните медиуми објавија дека ги игнорирале предупредувањата од Цивилната заштита дека приближувањето кон активен вулкан во централно Мексико може да има фатални последици. Еден од најактивните вулкани Попокатепетл е висок 5.426 метри и е еден од најактивните вулкани во Мексико. Повеќе од 20 ерупции се регистрирани од доаѓањето на Шпанците во оваа земја во 1519 година, а последната поголема се случила на 21 декември 1994 година. Објавеното видео прикажува млад човек како се искачува до работ на кратерот, а по неколку моменти, и блескава лава. Туристите позираа за селфиња, и покрај строгите ограничувања што беа во сила. Властите постојано предупредуваат дека постои ризик од експлозии и исфрлање на фрагменти од врели карпи, објавува „Сан“. Жестока дебата на мрежите Тие се искачија на Попокатепетл на 30 март, а нивната авантура предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Некои веруваат дека туристите се „многу храбри“, додека други веруваат дека се „невнимателни и неодговорни“. CRAZY CRAZY!.....Sound up 🔊 Three people climbed to the crater of Mexico's Popocatépetl volcano, despite official warnings. The video, shows them ignoring safety protocols from CENAPRED, which had restricted access within a 12-kilometer radius. pic.twitter.com/FNiv8mv9L3 — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) May 6, 2025 Властите го критикуваа нивниот чин, нарекувајќи го „исклучително опасен“, особено со оглед на вулканската активност на Попокатепетл и можноста за непредвидливи ерупции. „Нема причина да ми е жал ако им се случи нешто“, „Не е баш паметно“, „Шокантно. Тие не ги ценат своите животи ниту своите семејства“, „Боже! Ова е целосна лудост“, гласеа некои од коментарите на мрежите.Тагови: вулкан селфи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварВладата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше. А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава. Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие. За ова мораат кривично да одговараат: • Христијан Мицкоски • министерот Клековски • и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар. Ова сѐ уште трае. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаРасветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети. За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан. Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување. По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка. Тагови: мвр насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09