БалканВулин и Поповиќ во Москва на средби со Шојгу и РешетњиковВулин на средбата со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, разговараше за „актуелната безбедносна ситуација во Србија“.Српскиот вицепремиер Александар Вулин и министерот за меѓународна соработка Ненад Поповиќ- и двајцата на црната листа на САД- а кои во повеќедневна посета на Москва, денеска остварија средби со Сергеј Шојгу и министерот за економски развој на Русија Максим Решетњиков, јави дописникот на МИА од Белград. Вулин на средбата со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, разговараше за „актуелната безбедносна ситуација во Србија и активното учество на странските сили во вештачко предизвикување тензии во Србија“. -Вицепремиерот на Србија им се заблагодари на руските безбедносни структури кои го предупредија раководството на Србија за подготовка на масовни немири и обид за државен удар, се наведува во соопштението на српската влада. Во него се додава дека Вулин истакнал дека Србија и е благодарна на Русија за нејзината континуирана поддршка во сите тешки прашања, за нејзината конзистентна позиција за непризнавање на Косово, како и за соработката и помошта на српскиот народ во борба против усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН. Министерот Поповиќ на средбата со колегата Решетњиков, истакнал дека меѓу Србија и Русија остануваат силни партнерски односи и деловни контакти во областа на енергетиката, транспортот и инфраструктурата. -Министерот Решетников оцени дека постои потенцијал за отпочнување на нови проекти во областа на здравството, туризмот и високите технологии и потсети на важноста од дејствување преку Руско-српскиот деловен совет, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот Поповиќ. Вчера Вулин имаше средба со советникот на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за надворешни работи, Јуриј Ушаков, на која според соопштението од неговиот кабинет ијзавил дека „Србија е единствената земја во Европа која не станала дел од антируската хистерија и нема воведено санкции на Руската Федерација“. Тој беше и на откривањето на споменикот на југословенските партизани во Москва каде изјави дека„Србите и Русите сами ја избориле својата слобода во Втората светска војна и дека им донеле слобода на другите народи, но тие народи никогаш не им опростиле што се ослободени од нацизмот“. Спорд руските медиуми, срспкиот вицепремеир ќе одржи широк спектар на состаноци, а покрај разговорот со Сергеј Шојгу тој ќе разговара и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, и претставници на безбедносниот сектор. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Црна хроникаКазнет е штипјанецот кој „дрифташе“ низ градот- немал ниту возачка (ВИДЕО)Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а видеото од настанот беше споделено на социјални мрежи.По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К.(22) од Штип. Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСилвестер Сталоне шокира со признание: „Не можам да се пензионирам, ми требаат парите“Легендарниот актер, филмската ѕвезда 80- годишниот Силвестер Сталоне се пошегува дека не може да замине во пензија бидејќи мора да ја плати свадбата на својата ќерка Софија, која наскоро се мажи за Мајкл Шихан. За време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“, водителката Кели Рипа го праша актерот колку планира да потроши за свадбата на својата 30-годишна ќерка. „Ох, човеку, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, рече Сталоне, предизвикувајќи смеа кај публиката. „Не можам да се пензионирам. Сериозен сум. Морам да ја платам свадбата“, додаде актерот. На 28 август, Софија објави дека се свршила со Мајкл Шихан и сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со пораката: – Засекогаш со најдобриот пријател. Сталоне во емисијата го опиша својот иден зет како „одличен дечко“, а исто така откри и дека Шихан побарал негов благослов пред запросувањето. – Ја побара нејзината рака – рече актерот, на што Кели Рипа (56) се пошегува: – Сигурно бил преплашен. Сталоне потоа го пофали Шихан дека бил „многу самоуверен“ пред запросувањето. „Му реков: ’Леле, со среќа, пријателе‘“, се пошегува актерот, додавајќи дека неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја преземе улогата на „судија“. За контекст, Сталоне и Флавин се во брак од 1997 година и имаат три ќерки. Актерот имаше и два сина од првиот брак со Саша Зак; сепак, Сејџ Сталоне почина во 2012 година, на 36-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаРусија купува танкери за течен природен гас (LNG) способни да пловат по мориња покриени со мразВодечкиот руски производител на течен природен гас „Новатек“ ја проширува својата флота за проекти во Арктикот, купувајќи најмалку два танкери за течен природен гас од класата Arc4, кои можат да се движат по замрзнати мориња.Водечкиот руски производител на течен природен гас „Новатек“ ја проширува својата флота за проекти во Арктикот, купувајќи најмалку два танкери за течен природен гас од класата Arc4, кои можат да се движат по замрзнати мориња без помош на мразокршачи, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци за регистрација и испорака. Комерцијалниот оператор на танкерите „Северен Океан“ и „Северна Месечина“ е „Новатек Гас&Пауер Азија Пте“, според базата на податоци за поморски сообраќај „Еквасис“ и податоците на LSEG. Нема мразокршачи Бродовите се изградени во Јужна Кореја во 2024 и 2025 година, а пред промената на сопственоста ги управуваше јапонската бродска компанија „Мицуи О.С.К. Лајнс“ (MOL). Претставник на „Мицуи О.С.К. Линеса“ одби да коментира за информациите за „Ројтерс“. „Новатек“ не одговори на барањето на „Ројтерс“. Според податоците на LSEG, танкерите ја напуштија Јужна Кореја за Арктикот и сега се движат по Северниот морски пат. Стекнувањето на овие бродови е значаен чекор за „Новатек“, бидејќи ограничувањата на неговата флота досега го попречуваа развојот на проекти за производство на течен природен гас (LNG), особено „Арктика LNG 2“. Медиумите објавија дека „Новатек“ стекнал четири танкери за LNG од класата Arc4, споменувајќи, покрај „Норт Мун“ и „Норт Оушн“, „Норт Лајт“ и „Норт Вали“. Транспорт на LNG Во мај минатата година, ЕУ воведе санкции врз „Норт Мун“, „Норт Лајт“ и „Норт Оушн“ со цел последователно да ги отстрани од црната листа, бидејќи добија гаранции дека бродовите нема да учествуваат во испораките на LNG од проектите „Џамал LNG“ и „Арктик LNG“. Сите четири танкери го сменија сопственикот и операторите во септември и сега пловат под панамското знаме и под други имиња, според „Ројтерс“. Самиот „Новатек“ се наоѓа на списокот со санкции што западните земји ѝ ги наметнаа на Москва, со наведена цел да се намалат руските буџетски приходи што се користат за финансирање на војната во Украина. Во периодот од јануари до септември, руската компанија произвела 64,8 милијарди кубни метри гас – што претставува зголемување од 3,4 отсто во споредба со истиот период минатата година – објави во средата руската новинска агенција ТАСС. Ако се вклучи и течниот природен гас (ТПГ), продажбата во тој период опаднала за 1,1 отсто, на 55,2 милијарди кубни метри. Заклучно со крајот на септември, „Новатек“ располагал со залихи од 1,5 милијарди кубни метри гас – вклучувајќи го и ТПГ – пренесе ТАСС, повикувајќи се на податоци од компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook