Вуков тестираше на Муџело, целта останува иста! - Канал 5

Вуков тестираше на Муџело, целта останува иста!

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков во текот на вчерашниот ден одработи тест во пресрет на новата трка од шампионатот на Порше Карера Куп Италија.

Вуков тестираше на Муџело, целта останува иста!

Со својот тим „GDL Racing“, Вуков вчера беше на патеката Муџело, позната како дом на италијанското мотоциклистичко гран при, но Формула 1 исто така дебитираше на оваа патека во 2020 година како Голема награда на Тоскана.

- Има три причини зошто сум тука: првенствено тимскиот шеф Џанлука ди Лоренцо во евалуацијата што ја направи меѓу двете сезони оцени дека многу време губам на почеток од гран при викендот поради фамилијаризацијата со патеките, а второ е тоа што годинава имаме нов автомобил кој е сосема поразличен од претходниот. Третата причина е што во календарот за 2022 година е направена измена, па последната трка што требаше да се вози на патеката Франчакорта крај Бреша, ќе се организира на Муџело, што значи дека оваа патека ќе се вози два пати оваа сезона,- изјави Вуков.

Не сакајќи да влегува во детали за тестирањето, Вуков порача дека останува оптимист во пресрет на третиот настап оваа година.

- Не сакам да давам никакви бомбастични изјави, целта отсекогаш е иста, пласман на подиум, без оглед за која трка станува збор. Во текот на денешниот ден тука тестираа различни возачи, со различни автомобили, од различни тркачки серии, па немам директен репер. Најголемиот дел од тестот го правев со возење на стари пневматици, па за време на официјалниот гран при викенд ќе се фокусирам на унапредување на сет-апот со нови гуми за квалификациите.

Фактот дека Муџело ќе биде домаќин на две трки од календарот на Порше Карера Куп Италија, сепак има големо значење што Вуков го интерпретира на свој начин.

- Имавме план да возиме шест сесии по 35 минути, но поради променливите временски околоности реализиравме само три. И тие беа доволни за уште еднаш да се уверам во различната природа на двата автомобила со кои досега се натпреварував, а стекнатото искуство го сметам за драгоцено. Ова тестирање ми помогна да се адаптирам и да ги дознаам моите преференции околу штелувањето на возилото. Имам позитивни искуства од експериментирањето при некои штелувања на задното крило и баланс-штанглата, навистина подобро го разбирам автомобилот и очекувам да успеам да склопам конкурентни времиња во круг што ќе направат да се борам за подобри позиции.

Вуков на претходните трки во Имола и Мизано на четири пати освојуваше бодови, но иако успеваше да влезе во првата десетка, поради разни малерозни ситуации не успеваше да се етаблира меѓу водечките. Во моментов тој има 13 бода и се наоѓа на 14 место од 38 возачи.

Третиот гран при викенд во Муџело е предвиден да се организира идниот викенд, на 16 и 17 јули, со две трки распоредени во сабота и недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Брајан Киф повеќе не е тренер на Вашингтон Визардс. 

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Клубот го отпушти во саботата навечер, неколку часа по поразот на домашен терен од Орландо Меџик со 91:116. Визардс загубија десет од последните 13 натпревари и ја отворија сезоната со резултат од седум победи и 13 порази.

Киф забележа 50 победи и 173 порази на клупата на Вашингтон, или 22,4 проценти од победите. Според ESPN, тоа е најлошиот процент меѓу сите тренери во историјата на НБА со најмалку 200 натпревари на клупата, а CBS вели дека е втор најлош меѓу оние со најмалку 100 натпревари.

Капорн ја презема функцијата до крајот на сезоната

До крајот на сезоната, тимот ќе го води неговиот прв помошник Адам Капорн. „Одлуки како оваа никогаш не се лесни, но време е тимот да продолжи напред со нов глас“, рече претседателот на клубот, Мајкл Вингер. „Адам има целосна поддршка од организацијата и со нетрпение очекуваме тој да го води тимот до крајот на сезоната“, додаде тој.

Киф ја презеде функцијата привремен тренер на Визардс за сезоната 2023-24 откако Вес Анселд Џуниор беше отпуштен, а следната лето му беше доделена постојана работа. Во последниот натпревар, Вашингтон заостануваше со 30 поени на полувремето против Орландо.

Јанг, Дејвис и првиот избор

Вашингтон влезе во сезоната со поголеми амбиции. Треј Јанг потпиша големо продолжување на договорот, Ентони Дејвис остана во тимот, а Еј-Џеј Дибанца пристигна како прв избор на драфтот. Сепак, Визардс загубија осум натпревари по ред во еден момент, од кои шест со двоцифрена разлика.

Јанг има просек од 17,1 поен со 36,8 проценти шут од поле, додека Дибанца има просек од 16,7 поени, 7,2 скока и 3,1 асистенции по натпревар, но со слаб процент на шутирање. Ниту еден од најголемите надежи на Вашингтон досега не донесе пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Минатата недела, повеќе од 12.000 посетители беа евакуирани од најголемата арена во Обединетото Кралство откако на концертот на раперот Дон Толивер беше ослободена „непозната супстанца“.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Полицијата околу 22 часот добила извештаи дека посетителите ги почувствувале ефектите од одредена супстанца во арената Co-op Live во Манчестер. Сега објавија дека се сомневаат дека инцидентот не бил случаен.

Имено, локалната полиција (Полицијата на Голем Манчестер) објави дека работи на идентификување на осомничените, како и на супстанцата што била ослободена за време на инцидентот во салата.

Се верува дека група организирани криминалци намерно предизвикала хаос за да изврши кражби за време на концертот, пишува The Guardian.

Тие објавија дека сè уште никој не е уапсен, но дека полицајците ги прегледуваат снимките од надзорните камери, како и снимките од мобилните телефони на посетителите. Тие исто така соработуваат со други безбедносни служби низ Европа, бидејќи слични инциденти се случиле на уште два концерти на Толивер, за кои истражителите веруваат дека се „релевантни“ за нивната истрага.

За потсетување, снимките од концертот брзо се проширија на социјалните мрежи, на кои се гледаат луѓе како кашлаат и си ги покриваат устите додека го напуштаат местото на одржување. Полицијата првично помисли дека станува збор за солзавец, но подоцна соопшти дека станува збор за „непозната супстанца“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!

Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје.

ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!

Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје, кои во ноќта на 28 ноември беа брутално претепани од група лица кои самите се идентификувале како комити- како што известува Pa censurë.

Фактот што напаѓачите најпрво ги прашале работниците дали се Албанци, а потоа ги нападнале, и тоа додека биле облечени во работните униформи, отвора сериозни сомнежи за етнички мотивиран напад.

Ова е неприфатливо во мултиетничка држава, во која безбедноста и еднаквоста мора да важат за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

ДУИ бара од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, институционална одговорност, целосна истрага, идентификување на сите напаѓачи и нивно санкционирање.

Бараме:

* Целосно идентификување на сите членови на групата кои учествувале во нападот;

* Целосна и професионална истрага за мотивите на нападот, вклучително и сомнежите за етничка мотивираност;

* Покренување соодветни постапки и казнување на сите одговорни;

* Јавно појаснување за мерките што ги презело и ги презема МВР за гарантирање на безбедноста на граѓаните.

Албанците не смеат да стравуваат да работат, да живеат и безбедно да се движат во главниот град на сопствената држава!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер