Вуцис: Во февруари или март Договорот во Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент

 Мислам дека не постои можност Договорот од Преспа да не биде ратификуван, вели претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис во интервју за грчката телевизија Алфа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Вуцис смета дека решението меѓу Македонија и Грција пред пратениците ќе дојде во февруари или март и дека ќе има јасно мнозинство што ќе гласа „за“.

- Штом соседната земја ги исполни сите предуслови предвидени со договорот и доколку се согласно со договорот, ќе дојде за ратификација и гласање во грчкиот Парламент, а нашата проценка е дека овој временски период може да е февруари, март и дека ќе постои јасна, да не го употребам зборот широко, затоа што често го употребуваме овој збор и постојат проблеми од други партии, кои велат што мислите со тоа дека ќе смениме позиција и сл, ќе постои јасно мнозинство, 151-152-153 пратеник, а дали ќе стигне до 170 пратеници, ќе знаеме тогаш, рече Вуцис./МИА.

Непоразениот Баер Леверкузен го собори европскиот рекорд стар 59 години

Фудбалерите на Баер Леверкузен под водство на тренерот Чаби Алонсо го соборија европскиот рекорд стар 59 години, останувајќи непоразени на 49 натпревари во сите конкуренции.

Од воведувањето на европските натпреварувања ниту една екипа нема направено ваква серија, пишува агенцијата ДПА.

Баер Леверкузен изминатата вечер ремизираше со Рома (2-2) во реваншот од полуфиналето на Лига Европа, а Германците израмнија со гол длабоко во судиското продолжение.

Баер претходно го делеше рекордот со Бенфика, која остана непоразена на 48 официјални натпревари од декември 1963 до февруари 1965 година.

На Баер до крајот на сезоната му претстојат уште четири натпревари за продолжување на рекордот, бидејќи ги очекува завршницата на германскиот Куп и Лига Европа, како и финишот во Бундеслигата, каде досега сезонава има 26 победи и шест нерешени.

Токму бундеслигашкиот рекорд е најтешко остварлив за Баер. Рекордот е во сопственост на Баерн Минхен, кој во периодот од 2012 до 2014 година, под водство на тренерите Пеп Гвардиола и Јуп Хејнкес, остана без пораз на 53 натпревари.

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Мерењата покажаа дека денеска водостојот е 105 сантиметри, што е речиси двојно повисоко од вчерашниот ден кога водостојот изнесувал 51. Инаку, просечните вредности за мај се 54.

АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ пак излезе со информација дека на ниво на североисточниот регион регистрирани се осумнаесет критични точки за можно излевање на реките на по две локации кај селата Бељаковце и Јачинце, Клечовце, во атар на село Пелинце на две локации, едната во близина на меморијалниот центар АСНОМ, Коинце, Стрновац, Војник, кај Пчиња, Опае, Брзак, Агино Село и Табановце.

Во Општина Ранковце пак како критични се точките кај Опила и Псача.

- Засега нема пријави за излевање на реките во општина Старо Нагоричане, изјави заменик-градоначалник на општината, Бобан Цветановски.

Вчера во Куманово наврнаа 31 литар на метар квадратен.

Полуфинале во двојки за Стоилковска на фјучерс во Србија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија денеска пласман во полуфиналето на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки.

Македонско-руската комбинација во дуелот од второто коло забележаа победа од 2-1 во сетови (6-1, 0-6 10-5 на поени) против Грете Гул и Ана Марија Тоттруп од Естонија.

Натпреварот се играше 56 минути.

Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија.

притисни ентер