Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
2Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
3Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
БалканВучиќ за шарената револуција: Ги злоупотребија децата за политички цели, трошат милиони евра Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва гостува на ТВ Информер, и зборува за последните случувања.На прашањето за средбата во Центарот за културна деконтаминација, Вучиќ рече дека има многу докази за шарена револуција, пренесе Телеграф. „Имавте соопштенија од претставници на разни невладини организации, политички партии кои кажаа колку време се подготвувале, колку пари вложиле, како го направиле тоа на универзитетите, училиштата. Ако е доволно да се обезбедат оброци за 5 илјади луѓе дневно, а најмалку за 10, на вакви демонстрации што се одржуваат секој ден, три оброци на ден, за 5 илјади луѓе, тоа е 4000000000 ден. За 5 месеци, 20 милиони Тоа е само за храна денес, пијалок колку сакаш, храна, само тоа треба да го броиш.“ Тој наведува дека колку помалку има, толку е подобра организацијата, за да се сокрие дека ги има помалку. „Се трошат сè повеќе пари. Погледнете што велат регионалните медиуми кои им помагаат да ги реализираат нивните идеи. Некои од Европа отворено велат дека нивните барања се исти како и на студентите. Бидејќи побараа документација, ја обезбедивме, не ни кажаа што недостасува.“ „Има многу докази за шарена револуција, безброј. Ќе се обидам да зборувам за тоа. Имавте соопштенија од претставници на разни невладини организации и политички партии за тоа како го подготвувале сето ова. Ако треба да обезбедите 5.000 луѓе дневно, а тоа е потребно за најмалку 10.000, три оброци дневно - направете повеќе 22 месеци, се трошат уште нови пари Доволно е да се види како зборуваат регионалните медиуми кои се под директна контрола на странските служби.“ „РТС до пред неколку дена целосно учествуваше во обоената револуција. За ова ќе пишувам во книга која ќе биде најчитана во некои делови на светот и ќе има карактер на учебник. Секогаш во државниот сектор, сметајте на тој што ја спроведува обоената револуција да смета на државниот сектор. Еве каде што секогаш ги нападнаа државните телевизии, сега згрешиле, ги вклучија децата денеска, вчера, завчера, детски маршеви. Ни ги злоупотребуваа за политички цели.“ „Убеден сум дека ќе се впуштат во валкана радикализација. Јас уште во Митровица им реков, деца, прогласете победа. Кај младите најлесно е да се игра на картата „го менувате светот“. Вучиќ откри дека премиерот Мацут ќе присуствува на погребот на папата Франциско во сабота. На прашањето дали ќе се сретне и со Трамп и со Путин за една недела, тој рече: „Можно е.“Тагови: Вучиќ револуција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓанитеЗаменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш. Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти. Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води. На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението. „Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска. Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население. МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter