Вучиќ: Вонредната состојба продолжена за уште еден месец, полициски час во текот на целиот викенд

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата со коронавирус може да се укине во рок од еден месец, но во меѓувреме најави полициски час во текот на целиот викенд во Белград и Ниш.

Вучиќ рече дека полицискиот час ќе биде „целосен“ овој викенд од петок до понеделник наутро и дека таквата одлука би се однесувала за Белград, како најголем фокусен пункт за коронавирус во Србија и за Ниш .

„Најверојатно ќе биде од овој петок, ќе видиме кога, затоа што саботата скапо нè чинеше“, рече Вучиќ, алудирајќи на фактот дека многу граѓани го искористија убавото време и го поминаа целиот ден надвор.

Србија воведе полициски час од 17 до 5 часот наутро, а потоа дополнително ја заостри мерката со ограничување на движењето од сабота од 13 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Вучиќ исто така рече дека не ја исклучува можноста за воведување карантин за Белград, кој е најголем фокусен пункт на коронавирусот, истакнувајќи дека мерката за 24-часовниот полициски час „не мора да има предупредувње 48 часа порано“.

Претседателот на Србија рече дека заради епидемиолошката состојба со коронавирусот, не би било можно семејствата да ги поминат велигденските празници заедно, наведувајќи дека се консултираат со експерти за потребата од порестриктивни мерки на дневна основа.

„Ги преземаме сите овие мерки за да спречиме да умреме повеќе. Ако некој е вознемирен - жал ми е, но приоритет е животот на сите“, истакна Вучиќ.

Тој истакна дека двајца војници, кои учествувале во враќање на повратниците на границата, се во сериозна состојба и дека двајца полицајци починале.

Во моментов во Србија има 2447 регистрирани случаи на инфекција и 61 смртен случај.

Од вкупниот број заразени лица кои се лекуваат во болниците, има 1349 лица , а од нив 108 се на респиратори.

Најголем проблем е преполнетоста на болниците, рече Вучиќ, истакнувајќи дека Клиниката за инфективни болести и пулмологија се под најсилен удар и дека уште една болница - белградски КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ - исто така е „скоро полна“.

„Не е можно да се спасат сите болници од влегувањето во коронавирусот“, рече Вучиќ, повикувајќи ги граѓаните кои чувствуваат симптоми на инфекција да излезат од болниците, така што лекарите можат да ги испратат пациентите со полесна клиничка слика во привремената болница на саемот во Белград за да избегнат потешки послњедици.

Тој истакна дека тој самиот припаѓа на ранливата група затоа што е болен од срце и има висок крвен притисок, истакнувајќи дека носи маска и нараквици, но не одговори на прашањето дали е тестиран.

Вучиќ истакна дека „не пристигнале респиратори од ЕУ“, но рече дека Унијата дала пари за да плати за воздушниот транспорт на респираторите од Кина и дека фондовите на ИПА биле редефинирани.

Вучиќ истакна дека, во времето на пандемијата, на Србија најмногу и помагала Кина.

Директорот на ФБИ: Кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“.

Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што дополнително беа таргетирани 23 оператори на гасоводи, истакна Реј.

Говорејќи на настан на Универзитетот Вандербилт посветен на одбраната, шефот на ФБИ рече дека Кина развива „способност физички да направи хаос на нашата критична инфраструктура кога и да сака“. „Планира да удри под појасот врз цивилната инфраструктура за да се обиде да предизвика паника“, додаде тој.

Реј рече дека е тешко да се утврдат намерите на акциите на Кина во кибер-просторот, но тие се во согласност со пошироката намера на Пекинг да ги одврати САД во одбраната на Тајван. /МИА

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница. /МИА

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

-Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

притисни ентер