ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
2ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
БалканВучиќ во Брисел се сретна со Мишел, Копман и ВархејиТој истакна и дека не очекува ништо од разговорот со премиерот на Косово, Албин Курти.Во рамки на еднодневната работна посета на Брисел, претседателот Вучиќ одделно се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и со генералниот директор на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија Герт Јан Копман, јави дописникот на МИА од Белград. - Успеав да разговарам за сите важни прашања со Шарл Мишел и односите меѓу Србија и Европска Унија, нашиот европски пат, за агендата за раст, единствениот пазар, но и за сето она што се случува во светот, Украина и Русија, како и за она што Мишел го очекува како некакви стратешки реформи во самата ЕУ, за да можеме подобро да ја оцениме нашата позиција, како да се приспособиме на тоа и да извлечеме максимум за нашата земја, истакна Вучиќ, додавајќи дека „верува да пред крајот на годината Србија ќе ги има првите транши од парите од Агендата за раст“. Тој истакна и дека не очекува ништо од разговорот со премиерот на Косово, Албин Курти. - Не очекувам ништо од средбата со Курти. Очекувам да драматизира и да вика додека не му кажам да престане, како и обично. Пак ќе каже за мене „малиот Путин“, што и да зборувам и правам, рече Вучиќ. Тој изјави дека внимателно ќе ги слуша Жозеп Борел и Мирослав Лајчак и истакна дека работат во тешки околности. - Имаат некој кој многу ги мрази Србите и живее за да им наштети на Србите, ние ќе се бориме за интересот на нашиот народ во Косово и ќе укажеме на тешката положба на нашиот народ, рече Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање, српскиот претседател „ја поздрави кинеската иницијатива за прекин на конфликтот во Украина“. - Западот мора да се бори жестоко до крај, но не сакаат да се стават во кожата на Путин, бидејќи ако тој ја загуби војната, нема да ја има повеќе Русија каква што ја знаеме. Кога имате две страни, од кои ниту една не може да биде поразена, војната ќе ескалира, кажа Вучиќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
БалканБугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“. Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“. Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението. Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија. Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време. „Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“. Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласовиРезултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.СДС се повеќе тоне. Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година. Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори. Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител. Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник. За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани. Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна. ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори. Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ ФранцијаФранцускиот претседател Емануел Макрон повика на „мир и ред“ откако големиот ден на протести се претвори во немири и грабежи во саботата, а некои нереди продолжија во Париз и во неделата.Во национално обраќање од Елисејската палата, тој ги предупреди оние кои учествува во нередите додавајќи: „Сите чувствуваме гнев и срам“. Околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците на претежно мирни протести против зголемувањето на цените на горивата, трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги, вклучително и училиштата, кои потоа се претворија во насилни. Макрон рече дека мора да се направи разлика помеѓу „Легитимните барања“ на демонстрантите и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“. Полицијата уапси околу 2.400 лица, според министерството за внатрешни работи на Франција. Францускиот претседател рече дека „ништо не го оправдува“ виденото „неконтролирано“ насилство и рече дека вклучените ќе се соочат со правдата. Групи демонстранти, некои облечени во црно и со маски и фантомки на главите излегоа и во Париз, Марсеј и други градови и места, а некои палеа автомобили и згради. Во Лимож, украсното градско собрание од 19 век беше уништено од пожар предизвикан од демонстрантите во саботата, при што нејзината кула и покривот се урнаа, а пламенот се прошири.Сопстевниците на продавници вчера собираат големи парчиња стакло и остатоци од нивните дуќани во Париз, додека камионите за ѓубре ги чистеа остатоците од некои од поголемите улици. По најлошите сцени на јавно нарушување на редот во современата француска историја. .Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter