Вучиќ: Вишокот храна и енергија ќе ги делиме со Македонија и Албанија - Канал 5

Вучиќ: Вишокот храна и енергија ќе ги делиме со Македонија и Албанија

Србија, Албанија и Македонија се договорија за формирање заедничка комисија за меѓусебна помош во соочувањето со заканата од недостиг на енергија и храна оваа зима поради кризата предизвикана од војната во Украина, соопштено е денеска.

Вучиќ: Вишокот храна и енергија ќе ги делиме со Македонија и Албанија

На самитот на иницијативата Отворен Балкан во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и македонскиот премиер Димитар Ковачевски се договорија за формирање тело кое ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна.

„Сите наши вишоци ќе им бидат достапни на Македонија и Албанија и обратно“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Србија е речиси целосно зависна од увозот на руски гас, а околу 70% од потребите за електрична енергија се произведуваат во стари термоелектрани.

Македонија се потпира на фосилни горива и хидроенергија, а зависи и од увезената електрична енергија. Албанија најголемиот дел од електричната енергија ја произведува во хидроцентрали.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека трите земји ќе побараат од ЕУ да им помогне да ја пребродат зимата.

„Најдоброто сценарио за Албанија би било половина милијарда евра (дополнително трошење) за континуирано снабдување со електрична енергија“, рече Рама.

„Ја повикувам ЕУ да не го повтори срамното однесување од пандемијата кога земјите од Западен Балкан мораа да се свртат кон Кина, Русија и Турција“, додаде тој.

Иницијативата, порано позната како Мини Шенген, беше покрената на крајот на 2019 година од премиерите на Србија, Албанија и Македонија со намера, следејќи ги европските вредности на слободниот проток на луѓе, стоки, капитал и услуги , заемно да го олеснат деловното работење за стопанството и патувањето за граѓаните на трите земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови американски амбасадори во Србија и БиХ

Вашингтон испраќа нови амбасадори во Србија и во БиХ.

Нови американски амбасадори во Србија и БиХ

На сослушување во сенатскиот одбор Мајкл Јанг и Роналд Џонсон, кандидатите за нови амбасадори во Белград и Сараево, како свои приоритети ги претсавиле зајакнувањето на економските врски, на стабилноста на регионот како и сузбивањето на влијанијата на Русија и Кина на Западен Балкан.

Мајкл Јанг кој е поранешен претседател на универзитетот во Јута, пред сенаторите истакнал дека постои голем потенцијал за американските компании во Србија

Роналд Џонсон кој е кандидат за амбасадор на САД во БиХ, мегудругото ја потврдил американската посветеност на суверенитетот, територијалниот интегритет и мирот воспоставен со дејтонскиот мировен договор. Во контекс на регионалната безбедност тој најавил и заедничка соработка со партнерите за ограничување на малигното влијание на Русија и Кина на тој простор. Во јануари минатата годинаод Србија замина екс амбасадорот на САД Кристофер Хил а во февруари Мајкл Марфи од БиХ. Агелер замина од Македонија во декември 2025-та

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надвор од контрола: „Gemini“ хакираше три компании

Моделот за вештачка интелигенција на „Google“, „Gemini“, пристапи до интернет и хакираше три компании за време на тест на неговите способности за сајбер-безбедност.

Надвор од контрола: „Gemini“ хакираше три компании

Ова е првиот познат случај во кој системот за вештачка интелигенција на компанијата самостојно извршил таква активност, објави Ројтерс. Хакирањата се случија во мај, за време на тест за сајбер-безбедност спроведен од „Irregular“, независна фирма за проценка на сајбер-безбедноста.

За време на стандардните процедури за тестирање, „Gemini“ пронајде јавно достапни информации на интернет и ги погоди акредитивите за пристап до три веб-страници кои беа дел од опсегот на тестот, изјави Хедер Адкинс, потпретседателка за безбедносно инженерство во „Google“.

„Се погриживме тие три организации да бидат известени и соработувавме со нашиот партнер за тестирање околу промените што тие сега ги имплементираа во своите процеси на тестирање“, рече Адкинс.

Портпарол на „Irregular“ изјави дека инцидентот вклучувал ист проблем што влијаел и врз други лаборатории за вештачка интелигенција и дека сите релевантни лаборатории биле известени кон крајот на јули.

Слични инциденти поврзани со „Irregular“ пријавија и „Meta“, „Anthropic“ и „OpenAI“, што покренува прашања за безбедносните механизми додека агентите со вештачка интелигенција добиваат поголема автономија и пристап до интернет и компјутерски системи.

Во еден случај, „Gemini“ погодуваше лозинки сè додека не доби пристап до заштитен систем. Во другите два случаи, моделот пронајде акредитиви за пристап во јавно достапно складиште, што му овозможи да пристапи до заштитени системи. Адкинс истакна дека во сите три случаи, моделот престанал со хакерската активност.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Производството на делови за авиони станува сè потешко без кинеските минерали

Недостигот на ретки минерали ги поттикна добавувачите во воздухопловната индустрија повторно да ги разгледаат материјалите што се користеле пред неколку децении, во обид да ја намалат зависноста од Кина.

Производството на делови за авиони станува сè потешко без кинеските минерали

Кина има речиси целосен монопол врз продажбата на ретки минерали и други материјали, како што се итриум, индиум фосфид и волфрам. Тие се користат во бројни воздухопловни и воени системи, вклучувајќи премази за млазни мотори, компоненти за турбини и полупроводнички чипови.

Аналитичарите предупредуваат дека ќе бидат потребни уште неколку години за производителите на премази за воздухопловната индустрија да најдат замени за современите материјали базирани на ретки минерали или да обезбедат доволни количества од овие суровини од други извори, вклучително и од САД.

Стравувањата поврзани со прекини во снабдувањето и високите цени доведуваат до преиспитување на материјалите што се користеле пред неколку децении. Всушност, овој проблем би можел да го загрози производството на компоненти за млазни мотори.

„Можеме да се обидеме да ги подобриме овие материјали“

Националниот совет за истражување на Канада (NRC) – главната канадска институција за научно и индустриско истражување и развој – објави дека недостигот на ретки минерали ја поттикнува потрагата по алтернативи за премазите што служат како топлинска бариера во најжешките делови на млазните мотори.

„NRC“ и неколку индустриски партнери истражуваат дали циркониум диоксидот и другите керамички оксиди – материјали што се користеле уште во 1970-тите и 1980-тите години – можат да ги достигнат перформансите на современите премази базирани на ретки минерали. „Сега, 50 години подоцна, располагаме со подобри инструменти и понапредни методи, па можеме да се обидеме да ги подобриме тие материјали“, изјави Роџерио Лима, истражувач во „NRC“.

Решението нема да се најде брзо

Европскиот производител на топлински премази „Oerlikon Metco“ објави дека веќе продава одредени производи што не содржат ретки минерали и дека развива нови. Тие вклучуваат премази што служат како топлинска бариера, базирани на циркониум диоксид со додаток на магнезиум оксид и калциум оксид.

Некои американски добавувачи на топлински премази, исто така, истражуваат алтернативи за делови каде што употребата на такви материјали носи помал ризик, изјави извор од индустријата. Достапноста на суровини би можела да се зголеми и преку рециклирање на вишокот материјали за премази, истакна друг извор од индустријата. Сепак, таквите решенија можат само да ја намалат, но не и целосно да ја елиминираат зависноста на воздухопловната индустрија од Кина. „Дури и според најоптимистичките проценки, ќе бидат потребни години, а не месеци, за да се надмине нашата зависност од Кина во однос на снабдувањето со минерали од групата на ретки земји“, изјави Џефри Герц, поранешен функционер во Советот за национална безбедност на Белата куќа и виш соработник во Центарот за нова американска безбедност. Тоа значи дека Кина ќе продолжи да има значително влијание во трговските преговори со САД, заклучи Герц.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер