Вучиќ вечерва ќе се обрати на јавноста, по најавата за можно повлекување - Канал 5

Вучиќ вечерва ќе се обрати на јавноста, по најавата за можно повлекување

Во екот на засилената дипломатска офанзива за разрешување на српско-косовскиот јазол, како гром од ведро небо одекна веста дека српскиот претседател Вучиќ најавил повлекување од претседателската функција на Српската напредна партија.

Вучиќ вечерва ќе се обрати на јавноста, по најавата за можно повлекување

Информацијата за ТВ Пинк ја потврди висок партиски функционер, откако на синоќешниот состанок, наводно избиле несогласувања и повици за прекинување на преговорите со Брисел и Вашингтон околу Косово. Вучиќ ја напуштил средбата со порака дека ќе ја препушти лидерската позицијата, ако некој може подобро да ја води државата.

-Ако претседателот Вучиќ остане на ставот да поднесе оставка, мислам дека тоа ќе биде и крај на Српската напредна партија, мислам дека по тоа ќе следи најлошото можно сценарио за Србија кој не сакам ниту да го замислам, изјави за ТВ Пинк, Дарко Глишиќ член на ИО на СНС

Конечниот епилог ќе се знае вечерва кога Вучиќ најави обраќање до јавноста. Се очекува тој да ги сумира заклучоците од денешната владина седница и да го соопшти исходот од преговорите со западната петорка во однос на француско-германскиот предлог, чии 10 точки ги објави весникот „Данас“, а од кои за Белград најспорен е членот 4, кој вели:

-Страните тргнуваат од претпоставката дека ниту една од нив не може да ја претставува другата страна во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име. Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација. , се вели во документот што го објави „Данас“.

Без да навлегува во содржината на предлогот, шефот на српската дипломатија Дачиќ, порача дека Белград нема да се согласи со каков било договор со Приштина, пред да се исполни главниот српски услов.

-Ние инсистираме на итно формирање на Заедницата на српски општини и тоа е како што чувте и од претседателот и од премиерката, тоа е предуслов за воопшто да се зборува за неков политички план или предлог за решавање на односите меѓу Белград и Приштина. , изјави Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.

Во однос на можноста Вучиќ да се повлече, Дачиќ оцени дека тоа би било штетно дури и претседателот да го размислува. Српската премиерка Брнабиќ вчера изјави дека во однос на Косово, власта ништо не крие и оти нема ништо да биде одлучено без граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнување

Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.

 Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнување

Патувањето со рачен багаж звучи совршено, нема чекање редици за подигање на багажот, нема страв за загубен багаж, лесно се движите по улиците и железничките станици, но сепак, патувањето со ранец не гарантира полесно патување.

Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.

Непроверување на димензиите на европските авиокомпании

Кај европските нискобужетни авиопревозници, Ryanair, EasyJet или WizzAir, правилата за димензиите и тежината се значително поригорозни од стандардните големи линии. Куфер што во повеќето земји поминува како кабински, во Европа често може да биде голем трошок во последен момент.

Пакување на нови неразгазени чевли

Кога ги шетате низ историските европски градови, по цел ден пешачите по калдрма, нерамни плочки и стрмни скали. Новите неразгазени чевли или крути модели се загарантиран рецепт за плускавци и болки во стапалата. Наместо тоа, земете проверени разгазени патики и анатомски обувки.

Изоставање на избрана колекција облека што лесно се комбинира

Носењето одредена облека за која се надевате дека ќе ја облечете создава непотребен неред при пакувањето. Решението е во неутралните тонови и парчиња облека што може да се комбинираат во повеќе прилики.

Занемарување на организатор и кеси што се компримираат

Класичното редење облека зазема голем волумен, а компресиските кеси го истиснуваат воздухот и овозможуваат собирање повеќе облека на ист простор, штедат нерви бидејќи така не мора да копате по куферот за да извлечете една маичка.

Пренатрупан несесер и ризик од одземање

Правилото за пакувања од 100 мл во проѕирен несесер и понатаму важи на повеќето европски аеродроми. Носењето полупразни големи пакувања редовно завршува со фрлање при безбедносната контрола. Спакувајте ги најосновните мини-формати, вообичаените средства за хигиена купете ги од локалната веледрогерија по пристигнувањето.

Заборавање на универзален адаптер за струја

Британските приклучоци за струја се разликуваат од оние во континентална Европа, а на специфични типови приклучоци може да наидете дури и во рамките на самиот континент. Купувањето поединечни пластични адаптери на аеродромот или во туристичките зони е непотребно скапо. Компактен универзален адаптер за струја со повеќе USB-влезови треба да се наоѓа во вашиот рачен багаж уште пред да тргнете на пат.

Носење чанти кои се лесна мета за џепчии

Плоштадите, подземните железници и туристичките атракции низ Европа се магнет за вешти џепчии. Отворените чанти на рамо, ранците со надворешни прегради и паричниците во задните џебови претставуваат голем ризик. Практична чанта со патент што се носи преку градите, блиску до телото, е најбезбедниот избор за чување документи и пари.

Патување без пренослив полнач (power bank)

Од билети за воз и влезници за музеи, па сè до навигација и фотографирање – вашиот паметен телефон работи со полна пареа додека патувате. Ако батеријата се испразни среде непознат град, тоа предизвикува голем стрес. Компактниот пренослив полнач е неопходен додаток (а според правилата на авиокомпаниите, мора да го носите во рачниот багаж, а не во чекираниот багаж).

Преполнување на куферот до крај

Најголема грешка на почетниците е тргнувањето на пат со куфер што едвај може да се затвори. Речиси сигурно ќе купите нешто попатно – сувенир, шише вино, чоколадо или парче облека. Секогаш оставајте околу десет проценти од просторот празен или спакувајте лесна, склоплива најлонска торба во рачниот багаж што ќе ја искористите при враќањето.

Извор: www.tportal.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.

Игор Ивановски во „Само интервју“

Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите?

Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси?

Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво?

Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството?

Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Според психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.

 Една минута е доволна да сфатите со кого имате работа

Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие.

Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот.

Што ве исфрла од рамнотежа?

„Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд.

Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост.

Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин.

Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор.

Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер