ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
Јанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од Богданци
1ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање
2Јанев: По пријавата за семејно насилство биле преземени полициски мерки за заштита на Билјана од Богданци
3Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
БалканВучиќ: Важна средба со Фон дер Лајен, Србија останува посветена на европскиот пат-Нашата земја останува посветена на својот европски пат и внатрешните реформи со цел влез во ЕУ, но на прво место ни е важен подобриот живот на нашите граѓани, економскиот раст и развојот на земјата, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денешната средбата во Брисел организирана од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за лидерите од Западен Балкан е важна и дека ќе се разговара првенствено за европскиот План за раст на Западен Балкан, и посочи дека Србија останува посветена на европскиот пат и внатрешните реформи, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека на работниот ручек ќе се разговара и за спроведувањето на поединечните реформски агенди, плановите на новата Комисија кога е во прашање процесот на проширување, како и за севкупните состојби во регионот. -Нашата земја останува посветена на својот европски пат и внатрешните реформи со цел влез во ЕУ, но на прво место ни е важен подобриот живот на нашите граѓани, економскиот раст и развојот на земјата, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. Тој рече дека Србија затоа ќе продолжи да инсистира на конкретни чекори кон ЕУ, како што се пристапот до единствениот европски пазар и платежниот промет, воведувањето зелени коридори, натамошното привлекување на директни инвестиции, како и промените во целокупната економска и политичка атмосферата во регионот, бидејќи, како што истакна, „за секој напредок ни треба мир, стабилност и соработка“. Покрај Вучиќ, на средбата и работнот ручек во Брисел присуствуваат и премиерите на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, Христијан Мицкоски, Еди Рама и Милојко Спајиќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто и косовскиот премиер Албин Курти. Сите партнери од Западен Балкан имаа обврска да ги достават до Брисел реформските агенди, предвидени во Планот за раст за Западен Балкан, со кој на земјите од регионот, им се дава пристап до дополнителна финансиска помош од шест милијарди евра во периодот од 2024 година до 2027 година. Исплатата на средствата зависи од успешното спроведување на реформите наведени во реформската агенда на секоја земја-корисничка. Европската комисија моментално ја финализира својата проценка за реформските агенди поднесени од партнерите од Западен Балкан. Кога ЕК ќе ги заврши оценките, Комисијата ќе се консултира со земјите-членки на ЕУ за време на претстојниот одбор на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а во случај на позитивно мислење, Комисијата ќе премине кон усвојување и одобрување на реформските агенди и, пред првите плаќања, ќе склучи договори за поволности и заеми со секој од корисниците. Планот за раст за Западен Балкан се заснова на четири столба, чија цел е зајакнување на економската интеграција на партнерите од Западен Балкан со единствениот пазар на ЕУ, поттикнување на економската интеграција во регионот преку заеднички регионален пазар, забрзување на фундаменталните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформите преку Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии. ,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија доста можности на младите. За оваа година, како јаготката на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство. Ја поздравувам оваа одлука и препорачувам да едногласно ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска. ,,Со оваа одлука, се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со која што градот Скопје директно помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Кукески, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОбдукцијата ја откри причината за смртта на фудбалерот Хесус де Мигел, му немало спас По трагичната смрт на напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, кој почина по судир со голманот на Андора, беа објавени првите официјални резултати од обдукцијата. Според судските експерти, 30-годишниот фудбалер починал од фатални повреди на градите. Потсетете се дека тој беше убиен во сударот на натпреварот во втората шпанска лига. Во борба за топката, голманот на Андора, Хесус Овоно, случајно, но силно го удрил во градите со коленото. Де Мигел останал неподвижен на тревата, добил итна медицинска помош на теренот, по што бил префрлен во болница, каде што починал еден ден подоцна. Резултатите од обдукцијата веќе се доставени до истражниот суд во Санта Круз, Тенерифе. Во исто време, шпанската полиција ја продолжува истрагата не само за околностите на самиот судир, туку и за брзината на медицинската интервенција на теренот, како и за постапката за време на транспортот до болницата. Како што објавија шпанските медиуми, посебно внимание се посветува на недостатоците во грижата за играчот. Според извештаите, поминале повеќе од шест минути од моментот кога медицинскиот тим пристигнал на теренот до моментот кога играчот бил ставен на носилка. 🔵⚪️ | Golpe fortísimo de Owono sobre Jesús de Miguel que hace que salten todas las alarmas. 🇪🇸👀 🙏🏼 Pronta recuperación a Jesús y que todo quede en un susto 🏟️ Tenerife - Andorra https://t.co/NXopIJ7p9H — Laliga News (@laligaa_neews) November 2, 2026 Вистинскиот транспорт на повредениот играч до амбулантното возило е исто така под лупа, бидејќи наводно тие трчале со носилката, што можело дополнително да го загрози неговото здравје. Дополнително, властите истражуваат дали несреќниот напаѓач примил кислород за време на процесот на реанимација на тревата.Тагови: фудбалерот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АвтомобилизамФиат ја призна грешката- го враќа Пунто и подготвува автомобил за „обични луѓе“ Новиот извршен директор на брендовите Fiat, Abarth и Lancia, Арно Белони, официјално потврди дека легендарниот модел Punto се враќа на пазарот.Новиот извршен директор на брендовите Fiat, Abarth и Lancia, Арно Белони, официјално потврди дека легендарниот модел Пунто се враќа на пазарот, со што италијанската фабрика ќе се обиде да исправи историска грешка и да го врати европскиот пазар за прифатливи градски автомобили. Во интервју за француските медиуми, првиот човек на компанијата отворено призна дека прекинот на овој модел во 2018 година остави огромен празен простор за конкурентите. Според него, напуштањето на сегментот Б доведе до тоа моделот Renault Clio апсолутно да доминира со години и да презема голем број купувачи без никаков отпор, особено по прекинот на моделот Ford Fiesta и недостатокот на сериозно освежување за Volkswagen Polo. Колку Италијанците ги чинеше напуштањето на класичниот хечбек најдобро покажуваат резултатите од продажбата од 2025 година. Листата на десетте најпродавани автомобили во Италија вклучува дури четири модели од оваа класа, при што Dacia Sandero, Citroen C3, Toyota Yaris и претходно споменатиот Renault Clio го земаат лавовскиот дел од колачот, додека Фиат немаше ниту еден претставник во својата некогаш неоспорена категорија. Златното доба кога Punto се продаваше во стотици илјади примероци годишно останува убав спомен за домашните возачи, кои масовно ги купуваа верзиите произведени во Крагуевац поради нивната сигурност и евтино одржување. Белони нагласува дека наследникот нема да игра на картата на ретро носталгија, туку ќе им понуди на клиентите остар и модерен дизајн по исклучително прифатлива цена. Новиот хечбек ќе се продава паралелно со неодамна претставениот кросовер Grande Panda, нудејќи им на возачите по традиционална, пониска и поаеродинамична алтернатива. Иако целиот проект сè уште не добил конечно индустриско одобрение во рамките на чадор-групата „Стелантис“, јасниот план на новиот директор потврдува дека брендот од Торино конечно се враќа на производство на возила што работничката класа всушност може да си ги дозволи.Тагови: Пунто фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook