Вучиќ: Тешко дека Ана Брнабиќ повторно ќе биде премиерка - Канал 5

Вучиќ: Тешко дека Ана Брнабиќ повторно ќе биде премиерка

Вучиќ: Тешко дека Ана Брнабиќ повторно ќе биде премиерка, ги молам сите што штрајкуваат со глад да престанат.

Вучиќ: Тешко дека Ана Брнабиќ повторно ќе биде премиерка

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е „тешко“ Ана Брнабиќ повторно да биде премиер на Србија, но дека во иднина ќе извршува „значајни функции“.

Во обраќањето до граѓаните од Претседателството на Србија, Вучиќ рече дека пред изборите и рекол на премиерката дека ова е нејзиниот последен мандат.

„Ана израсна во голем борец. Горд сум на неа. Тешко дека таа повторно ќе биде премиерка. Тоа и го кажав пред изборите, но таа го даде срцето и се бореше во текот на целата кампања. Зад неа остануваат резултатите“, рече Вучиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања за политичарите кои штрајкуваат со глад, тој рече дека ги замолува да прекинат.

„Сакам да ги замолам сите што штрајкуваат со глад да не го прават тоа. Нека се вратат убаво на обврските. Тие можат да организираат протести секој ден. Навикнат сум на протести“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека во 2011 година Томислав Николиќ не постигнал ништо со штрајкување, освен што си го загрозил здравјето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

Атрактивната Георгина Родригез и најплатениот светски фудбалер, Кристијано Роналдо  пред околу една недела тајно стапија во брак, а сега се појави и видео од церемонијата.

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

На свадбата биле присутни само нивните деца, а невестата воопшто не носела венчаница.

Долгогодишните партнери Кристијано и Георгина официјално стапија во брак, а како што се дозна подоцна, на интимната свадба присуствуваа само нивните деца.

Како што се очекуваше, милиони нивни фанови се интересираа и каква венчаница избрала Георгина, со оглед на тоа што е познато дека таа сака да се истакнува со скапи парчиња, особено со накит вреден стотици илјади евра.

Но на изненадување на фановите Георгина на свадбата воопшто не носела венчанца

Наместо венчаница, таа се одлучи за едноставна кошула и тесно здолниште, а изгледот го надополни со скап дијамантски накит.

Во истото издание, парот се венчал и во црква, а фокусот бил ставен на самиот чин, што пријатно ги изненади луѓето навикнати на тоа како Георгина редовно се фали со скапи парчиња и пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија

Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка, значаен чекор кон целта Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија.

ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што имаат за цел зголемување на домашното производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз и обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем за граѓаните и компаниите.

И покрај тврдењата на опозицијата дека електричната енергија ќе поскапи за 5%, реалното зголемување изнесува 2,28%, што е меѓу најниските стапки на зголемување во Европа. Истовремено, со нови законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

Од друга страна, долгорочната цел е Македонија да произведува повеќе домашна електрична енергија и постепено да ја намалува зависноста од увоз.

Така, во април годинава, домашното производство покри 88,8 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, што претставува значаен чекор кон стратешката цел Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија.

Паралелно се работи на консолидација и подобрување на работењето на ЕСМ, зголемување на акумулациите и максимално искористување на постојните производствени капацитети, а дополнително се реализираат нови стратешки инвестиции во енергетиката.

Во таа насока, потпишани се договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со вкупна вредност од 97 милиони евра. „Битола 3“ ќе придонесе кон зголемување на производството на електрична енергија од чисти извори, додека ревитализацијата на хидроелектраните ќе овозможи подобро искористување на постојните капацитети.

Воедно, започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во земјава, со 55 ветерници, кој се очекува да произведува електрична енергија за околу 100 илјади домаќинства. Инвестицијата на „Алказар Енерџи“ е вредна околу половина милијарда долари.

Додека со потпишувањето на меморандумот со „Казанџи Груп“ се отвора можност за реализација на стратешки проект вреден до една милијарда евра. Проектот предвидува развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

Овие инвестиции значат нови можности за индустријата, поддршка на гасификацијата, нови работни места и поголема енергетска отпорност на државата, а со развојот на домашните производствени капацитети се намалува зависноста од увоз и изложеноста на надворешни ценовни и политички ризици.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради енергетски систем кој ќе биде стабилен и отпорен на кризи, флексибилен во однос на идните предизвици и усогласен со европските стандарди со крајна цел, Македонија да биде држава која произведува, извезува и има сигурен и стабилен енергетски систем, со предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини

Единствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец.

СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини

Онколошките пациенти повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија.

Министерот Клековски вечерва објаснува дека скенерот „не е расипан“, туку дека за време на редовен сервис откриле проблем со циклотронот, дека нема суровини, дека маслото е во рестриктивен режим, дека треба дозволи од Белгија и Америка, дека Муцунски лично се јавува во Брисел.

Ова не е објаснување туку признание за аматерски пристап кон единствената јавна дијагностика од овој тип во државата.

Циклотронот и ПЕТ-скенерот се еден систем. Без радиофармацевтик скенерот е мртва машина.

Проблемот да се открие дури кога апаратот веќе е во сервис значи дека нема постојано следење, нема залиха на критични материјали, нема план Б.

Кога станува збор за нуклеарна медицина и за пациенти со рак, таквото „ќе видиме кога ќе дојде сервисерот“ е неодговорност.

Пациентите не можат да чекаат извозни дозволи. Полуживотот на материјалот е краток. Тоа го знае секој што се занимавал сериозно со оваа област.

Во исто време Владата сече ленти на базени. Премиерот ги отвора. Потоа министерот за здравство ги повикува граѓаните да ги испразнат базените и коритата поради западнонилската треска.

Слика на целосен циркус: пари и камери за објекти кои потоа се празнат, а за единствениот ПЕТ-систем во земјата нема ни основна залиха и превентива.

Сериозен пристап изгледа поинаку.

Прво, договорот за одржување не е формалност. Мора да опфаќа и циклотрон и скенер, со задолжителна залиха на критични потрошни материјали и со рокови што не зависат од „ќе се јавиме во Брисел“.

Второ, алтернативното снабдување со радиофармацевтик од соседните земји се активира веднаш, не по еден месец застој.

Трето, јавноста и пациентите добиваат точен датум и број на чекање, а не изјави дека „многу скоро ќе објавиме кога ќе почнеме“.

Сериозна влада планира, а не се фали со бројки од минатата година додека оваа година системот стои.

Ова не е технички инцидент туку начин на управување. Пациентите со малигни заболувања не се ставка што се решава кога ќе се сети министерот.

Тие имаат право на дијагностика во јавното здравство, на време, без да продаваат имот за приватен преглед.

Додека трае овој застој, одговорноста е јасна. Не кај сервисерот. Кај оние кои две години управуваат со системот и повторно дознаваат за проблемот дури кога машината веќе не работи.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер