Вучиќ: Теророт врз Србите ќе биде уште полош, син ми Данило сакаа да го понижат - Канал 5

Вучиќ: Теророт врз Србите ќе биде уште полош, син ми Данило сакаа да го понижат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово гостуваше на националната телевизија каде зборувал за сите актуелни теми важни за граѓаните на Србија.

Вучиќ: Теророт врз Србите ќе биде уште полош, син ми Данило сакаа да го понижат

- Сакаа да го понижат Данило, па му рекоа да си ја соблече маицата, имаме видео доказ дека три пати го запреле, последен пат во Мердаре не успеале да му ја соблечат маицата иако е лага што го направиле , му впериле пиштол... Предавање на маицата не е опција и никогаш нема да го даде српското знаме... Веќе 13 години секој Видовден оди таму, никому не направил зло, никого не навреди, секоја година носи таква маица, им кажа дека нема ни каиш, дека е со голи раце, но дека нема да ја соблече маицата - рече претседателот на Србија , Вучиќ на почетокот на итервјуто, додавајќи дека не сакал да ја оптоварува нацијата за неговите татковски чувства во тој момент и како се чувствувал.

Вучиќ рече дека го молел синот да не оди на Косово, да не го прави тоа, но не сакал да се откаже бидејќи тоа го правел со години, а рекол и дека слушнал што се случува околу полноќ кога се вратил во Белград. Ниту му ја соблекоа маицата, ниту тој ќе им го дозволи тоа“, изјавил Вучиќ.

Тој рече дека косовските полицајци на крајот се повлекле откако ја сфатиле тежината на инцидентот што може да го предизвикаат и оти верува дека тоа не е провокација туку чиста дрскост. Тој додаде дека тоа што му се случило на неговиот син Данило не е ништо во споредба со тортурата која Србите ја трпат секој ден.

- Зошто го држите Душан Обреновиќ во притвор уште два месеци - рече Вучиќ, прашувајќи ги Вашингтон и Брисел и додаде дека младиот човек не направил апсолутно ништо и тие буквално го уништиле.

- Навистина не им е гајле што се случува на Косово, што некои Срби се држат во притвор со кеси на главите, дека ги тепаат, убиваат - вели Вучиќ, кој смета дека Обреновиќ е метафора за сите невино уапсени Срби. .

„Еулекс денеска објавува дека следи 109 случаи на уапсени Срби, а од минатиот период има 11. Има уапсени Срби од Штрпце кои се во притвор две години, кои не повредиле и не убиле никого“, објасни тој, додавајќи дека ваквите изјави ги навредуваат Србија и Србите.

Тој рече дека проблемот е кога ЕУЛЕКС вели дека ги следи ваквите случаи и затоа ги праша Брисел, Вашингтон и Берлин зошто му е продолжен притворот на Душан Обреновиќ.

„Сите заедно лажете дека не знаете дека е целосно невин. Тоа го сфатив како метафора. Уапсени се сите невини Срби. Уапсени се по лична наредба на Албин Курти и Џељаљ Свечља. Ги прашувам сите лажговци во Вашингтон, Брисел и Берлин. Не лажете дека има каква причина да следите што било, има видео.Не допрел никого.Ништо не направил.Го претепале до смрт.Конкретно зборувале „Така ќе биде со него затоа што преминал во православие.Не можат да го пуштат затоа што дури и сега има страшни повреди“, нагласи Вучиќ.

Вучиќ потсети на зборовите на Албин Курти од времето кога се водеше дијалогот со Хашим Тачи како избор на албанскиот народ на Косово. Тогаш, вели, видел колку тој човек не бил човек и колку немал чест. Се сетил како Курти тогаш рекол „дека кога на Тачи му оди толку добро во разговорот со Вучиќ, тогаш неговиот син треба да се ожени со ќерката на Вучиќ“. Вучиќ потсети дека тој тогаш не одговорил на тоа, туку синот на Тачи. Тој додаде дека ова покажува каков човек е без чест.

Тој исто така додаде дека Курти е ученик на Адем Демаќи и дека се плаши што можело да се случи кога Данило отишол на Видовдан во Косово и дека го молел да не оди. Додаде дека трипати го запирале, сликале со кого се ракува и впериле пиштоли кон него и пријателите и дека само здивнал кога се вратил во Белград околу полноќ.

- Курти сака да биде новиот Зеленски, човекот не е тој самиот, се плашам од уште поголем терор - вели Вучиќ, додавајќи дека тој се замислувал како голем албански лидер кој сака да ги обедини сите албански земји. Неговата единствена цел е да ги протера сите Срби - вели Вучиќ и додава: Ги молам Србите да бидат внимателни, нагласувајќи дека тоа треба да се случи во следните неколку дена.

Наведувајќи дека Курти „сака да биде новиот Зеленски“, Вучиќ изјави дека очекува „нова офанзива“ од Курти и дека се плаши дека „теророт врз Србите ќе биде уште полош“, со оценка дека ќе се совпадне со офанзивата на украинските сили на фронтот, пишува српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер