Вучиќ: Стравувам дека ситуацијата околу Косово ќе се поставува на поостар начин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека стравува дека ситуацијата околу Косово и Република Српска ќе станува се поостра во наредниот период, како и дека Западот ќе станува се понервозен пред руските избори на 17 март. 

Тој повтори дека постои намера Охридскиот договор да се вклучи во преговарачкото поглавје кое се однесува на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Ќе ви објаснам каква техника сакаат да ја постигнат својата цел. Охридскиот договор да биде целосно прифатен со согласност на Србија и со деловите што ги отфрливме, а кои се однесуваат на ОН, агенциите, институциите и организациите во ОН, дека тоа да биде дел од поглавјето, а потоа ви носат посебен извештај на ЕУ што го проследуваат до ОН, дури и не мора да не прашуваат за тоа“, изјави Вучиќ синоќа за ТВ Хепи.

Вучиќ оцени дека претстојната седница на Европскиот совет ќе биде најинтересна досега, поради одлуките што треба да се донесат, но изрази жалење што поради изборите во Србија нема да се следи со вниманието што го заслужува .

На прашањето дали ќе има некакви закани, претседателот на Србија вели дека ќе има.

Тој посочи дека Србија е на европскиот пат, но, како што вели, си дала право да води слободарска политика.

„Денес Србија е можеби единствената земја, секако во овој дел од Европа, можеби и во цела Европа, која може да биде на европскиот пат и која си даде право да води независна и слободарска надворешна политика “, рече Вучиќ.

Тој изјави дека Србија не се приклучила кон декларациите со кои се носат нови санкции против Русија, бидејќи има свои интереси.

Лидерот на Златна зора ќе излезе од затвор

Поранешниот лидер на сега непостоечката неонацистичка партија Златна зора Никос Михало-Љакос, кој беше осуден на 13-годишна затворска казна за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор, пренесуваат грчките медиуми.

Судот во градот Ламиа донел одлука тој да биде ослободен, откако издржал три петтини од казната. Златна зора пред четири години беше прогласена за криминална организација обвинета за бројни насилства од омраза , а нејзиниот лидер и пет поранешните пратеници добија 13 години затворска казни. Михалољакос, според одлуката на судот, ќе има забрана да ја напушта поширокиот регион на атина и ќе треба еднаш месечно да се јавува во полициска станица, пишува Катимерини. Златна зора беше дел од парламентот во периодот од 2012 до 2019 година..

Полската полиција приведе 16-годишно момче за нападот со молотов коктел врз синагога

Полската полиција приведе 16-годишно момче осомничено дека фрлило молотов коктел врз историската синагога Ножик во Варшава, изјави денеска портпаролот на полицијата за весникот „Ржечпосполита“.

Мотивот зад вчерашното фрлање молотов коктел врз единствената синагога во Варшава што го преживеа нацистичкиот напад за време на Втората светска војна, остана нејасен. Осомничениот одбил да даде изјава.

„Срамотните антисемитски напади како овој не можат да се толерираат денес. Сторителите мора да бидат пронајдени и казнети, објави вчера на „Икс“, израелскиот амбасадор во Полска, Јаков Ливне.

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда исто така го осуди фрлањето молотов коктел врз синагогата. „Нема место за антисемитизам во Полска! Нема место за омраза во Полска", напиша Дуда на „Икс“.

Синагогата од 1902 година, во центарот на градот на левиот брег на Висла, денеска е главната синагога во Варшава. /МИА

Полицијата го растури пропалестинскиот протестен камп на Универзитетот УКЛА во Калифорнија

Претходната ноќ кампот на студентите кои протестираа бил нападнат од приврзаници на Израел, пренесе БТА.

Стотици службеници на автопатот во Калифорнија рано утринава се упатија низ барикадите и толпата демонстранти до плоштадот во центарот на кампусот на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА) за да го разбијат шаторскиот камп поставен во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, јавија британските медиуми.

Претходната ноќ кампот на студентите кои протестираа бил нападнат од приврзаници на Израел, пренесе БТА.

Телевизиските снимки покажаа најмалку шест лица уапсени во кампусот на УКЛА. За време на судирите меѓу студентите и полицијата одекнале неколку експлозии.

Демонстрантите со рачно изработени штитови и раширени чадори се обидоа да ја спречат полицијата со шлемови кои упаднаа во шаторскиот камп.

Локалниот телевизиски канал КАБЦ прикажа меѓу 300 и 500 демонстранти во забарикадираниот камп и околу 2.000 поддржувачи на протестите надвор од барикадите.

Раководството на универзитетот вчера ги откажало сите часови по жестокиот судир меѓу демонстрантите во кампот и група маскирани контра-демонстранти кои извршија ненадеен напад во вторникот доцна навечер.

Пропалестинските демонстранти тврдат дека нивните противници фрлале бомби врз шаторите. Вчера рано изутрина интервенираше полицијата за да воспостави ред. /МИА

притисни ентер