БалканВучиќ - Столтенберг: Имаме поинакво гледање на настаните во БањскаИмаме поинакво гледање на настаните во Бањска, но добро ги разбираме барањата на НАТО и Западот.„Имаме поинакво гледање на настаните во Бањска на северно Косово, но ги разбираме барањата на НАТО и Западот, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата во Белград со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој побара „сторителите на овие настани да бидат изведени пред лицето на правдата“, јави дописникот на МИА од Белград. -Разговаравме и за тензиите на северот на Косово и за важноста на мировната мисија КФОР, која веќе две децении ја гарантира безбедноста и ќе продолжиме да го правиме тоа непристрасно во рамките на мандатот. Припадниците на КФОР претрпеа напади, видовме немири во септември, сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Столтенберг. Тој посочи дека КФОР распоредил 1.000 војници на Косово, што е најголемото засилување во изминатата деценија. -Сметам на сите страни да ги намалат тензиите и да се воздржат од ескалација на акции. Трупањето сили на српската војска во близина на премините (границата) нема да помогнат, рече тој. Столтенберг го поддржа формирањето на ЗСО и ги повика Белград и Приштина да се ангажираат во дијалогот, што е единствениот начин за конечниот мир и стабилност. Српскиот претседател се повика на изјавата на Столтенберг дека КФОР обезбедува мир и безбедност за сите заедници во Косово, дообјаснувајќи „да немаше потреба да се обезбеди мир и безбедност за никој друг, освен за Србите, кои се единствените кои се напаѓани“. -Само Србите се напаѓани од 2001 година, особено откако Албин Курти е на власт. Го информирав Столтенберг за фактот дека 13 отсто од Србите го напуштиле северот на Косово само во минатата година поради огромниот притисок, апсењата, малтретирањето и заканите од режимот во Приштина, рече Вучиќ. Тој кажа дека има поинаков поглед на она што се случи во Бањска, но и да добро разбира кои се барањата на Западот, а кои барањата на НАТО, рече Вучиќ. -Но, кому му е гајле за правото, кому му е гајле за ОН и резолуцијата 1244, па тоа произведе да дојде до таква ситуација во Бањска, со што секако не се согласуваме, и затоа согласно нашето законодавство, ќе ги направиме одговорни оние кои учествувале во извршувањето на кривичните дела во Бањска, рече Вучиќ. Тој додаде дека „српската војска не ги пречекорила своите овластувања, имала коректен однос со НАТО и КФОР, а каде ќе се распоредува војската е нашата работа“. Генералниот секретар на НАТО рече и дека разговарале за повторно одржување на заедничките воени вежби на Србија и НАТО на што Вучиќ кажа дека секогаш ќе соработува со НАТО, и дека како врховен командант, ќе испрати барање до Владата да ја разгледа одлуката за почеток на одржување заеднички вежби со НАТО што биле и претходно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови преговори за Украина во Абу Даби следната неделаПо девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински претставници во нов обид да се стави крај на војната.Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби.. Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир. Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаДуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка. „Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски. Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.Тагови: Боки 13 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во ФранцијаСредношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта. Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец. Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter