3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
БалканВучиќ: Србија не е одговорна за зголемување на насилството на северот на КосовоСрпскиот претседател Александар Вучиќ денеска демантираше дека Србија стои зад зголемувањето на насилството на северот на Косово и Метохија.Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска демантираше дека Србија стои зад зголемувањето на насилството на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. На прес-конференција во Ваљево, Вучиќ изјави дека „очекува многу тешки ситуации“ во наредниот период за Србите на Косово и Метојија. Вучиќ рече дека „сите во светот знаат кој се обидува да ја ескалира ситуацијата“, „се знае кој се игра војна“, а „кој ги испраќа оние на кои според Резолуцијата 1244 не им е ни дозволено да постојат“, односно Косовските безбедносни сили. Според него, Србија направила „се што може за да го зачува мирот“, но секогаш е подготвена за компромиси и разговори. -Очекувам многу тешки ситуации во наредниот период. Очекувам многу проблеми, многу болки, бидејќи знам дека западњаците ќе дојдат со некоја генијална идеја, да ни донесат текст, каде ништо нема да не прашаат и слично. Има голема нервоза заради ситуацијата во Украина, па некои мислат дека ние треба да ја платиме цена за нивните неисполнети очекувања, рече Вучиќ. Тој, коментирајќи ги наводите на руската новинарка Валентина Матвијенко во автоски текст, дека во Србија се подготвува „обоена револуција“, кажа дека внимателно го прочитал текстот и дека терминот „мрежноцентрични напад“ особено му делувал важен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лагиОткако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги. 1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП). Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг. Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра. Значи со фингирани табели мафта Кочовска. Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг. Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата. 2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага. Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година? Вистината е сосема спротивна. Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување. Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори. Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
БалканВисоките температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септемвриСпоред одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.Тагови: Република Српска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за ГренландЕвропската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук. Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook