Вучиќ: Србија купува 12 нови авиони Рафал од Франција за 2,7 милијарди евра - Канал 5

Вучиќ: Србија купува 12 нови авиони Рафал од Франција за 2,7 милијарди евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше на прес-конференција по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, каде што ги објасни деталите од состанокот и договорите што беа потпишани.

Вучиќ: Србија купува 12 нови авиони Рафал од Франција за 2,7 милијарди евра

На почетокот на конференцијата, Вучиќ изјави дека разговорот бил долг.

- Имавме долги разговори и ќе продолжиме со нив до доцна во ноќта. Разговаравме за сите важни стратешки прашања, како билатералната соработка, така и за нашиот пат кон ЕУ и стратешките односи во светот и Европа. Му се заблагодарив за поддршката што Франција ја пружа на европскиот пат на Србија, но исто така сум благодарен за сè поголемите инвестиции и сè поголемата соработка што ја имаме во различни сфери на животот, наведе Вучиќ. Едно од прашањата за кои се разговараше беше и нуклеарната енергија.

- Србија за 10 години нема да има доволно електрична енергија ако не користи нуклеарна енергија. Во тоа вложуваат многу земји од ЕУ и учат од францускиот пример. Тие 70 отсто од енергијата ја добиваат преку нуклеарни реактори. Станува збор за чиста енергија, истакна претседателот на Србија.

Потоа се осврна на најважниот дел од средбата.

„Големата вест е купувањето на Рафал авиони. Ќе видите, ќе бидеме сосема отворени. Договорот е потпишан со логистички пакет. Од резервни мотори до сè друго. Вкупната вредност е 2,7 милијарди евра. Дванаесет сосема нови авиони ќе бидат во сопственост на Србија. Ова е огромна вест и ќе значително ќе придонесе на оперативните способности на нашата армија. Благодарност до Макрон што ни овозможи да купиме нови Rafale авиони и веруваме дека тоа не беше лесно. Веруваме и во добра соработка на нашите армии во иднина. Во 2024 и 2025 година ќе исплатиме по 15 отсто од буџетот, по 421 милион евра. Нема да го зголемиме уделот на јавниот долг во БДП на Србија, порача тој.

На крајот, Вучиќ рече дека разговарале и за ситуацијата во Европа и регионот.

- Мене не ми е срам, за разлика од многумина, да зборувам отворено и искрено со Макрон. Тој е еден од луѓето кои може да слушне различно мислење и мислам дека е важно да дојдеме до мир што побрзо. Изразив желба ситуацијата во регионот да биде целосно стабилна и сигурна. Верувам дека ќе имаме значајна поддршка од Франција во ова прашање, заклучи Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .

На папата Лав  XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан

71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови.

„Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“.

Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил.

Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема промена кај цените на горивата

Нема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.

Нема промена кај цените на горивата

Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..

МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава..

Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици..

Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер