Вучиќ: Србија која е за работа, секогаш ќе ги победи оние што се за граѓанска војна - Канал 5

Вучиќ: Србија која е за работа, секогаш ќе ги победи оние што се за граѓанска војна

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска порача дека на Србија никогаш нема да можат да и ја одземат слободата и дека Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ: Србија која е за работа, секогаш ќе ги победи оние што се за граѓанска војна

Во видеото објавено на Инстаграм, Вучиќ изјави дека е навикнат на секакви навреди, клевети, лаги, глупости кои се дел од неговата работа, како и дека непостои работа што не ја изговориле и излажале за неговото семејство.

-И синоќа, на една од, како што би рекле многумина, антисрпските телевизии или телевизии кои припаѓаат на криминални кругови, јас како претседател навистина не сакам да го кажам тоа на тој начин, зборуваа дека сум ненормален, манијак, будала... Дека би се откажал од сопственото семејство за да се спасам и уште десетици такви навреди, вклучително и дека сум болесник..., изјави Вучиќ во објавата на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav “.

Тој додаде дека нивниот најважен заклучок е дека „највероватно Западот ќе најде начин како да го собори Вучиќ од власт и дека некои други политички актери истовремено се заканувале дека ќе го уапсат него и неговиот брат (Андреј Вучиќ)“.

-И тоа е во ред. Србија е демократска земја, слободна, сето тоа го научив и со нашиот толерантен однос покажуваме колку Србија е подемократска од многумина кои често ни даваат лекции за тоа, рече Вучиќ.

„Меѓутоа, има две работи што нема да ги премолчам. Едната е, на истото место можевте да се слушнете дека некои луѓе прават списоци. Списоци за прогон. Списоци за прогон и истомисленици, се фалат со тоа. Тоа е нешто што е неприфатливо. Тоа е нешто што српската држава и граѓаните не сакаат да го слушнат. И втората работа е злоупотребата на децата за политички цели што е неприфатливо. И како претседател на Србија секогаш ќе се борам за целосна слобода и ќе се борам против оние кои мислат дека со листите за отсранувања можат да ги решат политичките работ, рече тој и додаде.

-Сега ни е сосема јасно. Од една страна ги имате оние кои сакаат да прогонуваат, не само политички, туку секакви неистомисленици. Оние кои се залагаат за злоупотреба на деца и насилство, оние кои се залагаат за војна. А од другата страна ги имате оние кои се за работа, оние кои се за почитување на различностите, почит кон оние кои размислуваат поинаку, се разбира, во политиката, но и оние кои се за почитување на основните демократски норми и слободата на рпското општество, заклучи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Народен театар Битола со уште една хуманитарна акција, овојпат за СОС Детско село Македонија

Народниот театар Битола се приклучува на хуманитарната кампања на СОС Детско село Македонија.

НУ Народен театар Битола со уште една хуманитарна акција, овојпат за СОС Детско село Македонија

Публиката на Битолскиот театар знае што значи да се биде хуман. А сега повторно има можност, заедно со НТБ да направи нешто добро за децата на кои им е потребна нашата поддршка.

Имено сите средства од продадените билети за 100.изведба на претставата „Кокошка“, која ќе биде изведена на 24.октомври од 20 часот, ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село.

Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката и овојпат ќе има уште едно посебно значење.

Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ве води низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини.

Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи.

За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ.

Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски.

„Дојдете да се смееме, да го прославиме 100-тиот пат на „Кокошка“ и, со еден едноставен билет, да бидеме дел од нешто поголемо од самата претстава.

Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“.

И многу детски насмевки што можеме да ги помогнеме“, велат од НТБ.

🎟️ Влезници на билетарницата на НТБ и онлајн на

https://narodenteatarbitola.com/events/kokoshka-28/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет

Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица.

Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации.

„Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување.

Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран.

Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот

До 11 овој месец, министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди од учесниците во сообраќајот.

МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот

Од МВР велат дека акцијата е дел од меѓународната кампања на Roadpol, „Focus on the road“, и ќе се спроведува истовремено во 34 европски држави. Целта, како што велат, е намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“,се вели во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер