ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
2Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
3 Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис
БалканВучиќ: Србија ќе обезбеди литиум за германската автомобилска индустријаСрпскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за весникот „Ханделсблат“ ((Handelsblatt) изјави дека Србија планира да ја обезбеди германската автомобилска индустрија со литиум, што ќе ја прекине зависноста на Европа од увоз на редкиот метал.- Ова партнерство е од многу големо стратешко значење за двете земји. Германија ќе биде единствената земја што директно ќе добие литиум. На овој начин Србија се позиционира како столб на германската автомобилска индустрија, на која и е потребен материјалот за производство на батерии за електрични возила. Досега Европа беше зависна од увоз од Кина, Австралија и Јужна Америка. Сакаме да ставиме крај на ова, посочи Вучиќ. Србија и Европска Унија на 19 јули годинава потпишаа меморандум за разбирање, вклучувајќи стратешко партнерство во областа на одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила. Документот беше потпишан во Белград во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и германскиот канцелар Олаф Шолц. Според Вучиќ, Србија може да произведува 58 илјади тони литиум годишно и да ја снабдува ЕУ, што би било доволно за производство на 1,1 милион електрични возила. Во 2022 година српските власти го прекинаа заедничкиот проект со австралиско-британскиот концерн „Рио Тинто“ за развој на наоѓалишта на литиум по серијата протести на еко-активистите. Во јули годинава Уставниот суд на Србија ја укина владината одлука, со која се овозможи продолжување на проектот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Ноле во стилот на Стеф Кари, „сипа“ тројкиНајтрофејниот свтески тенисер во историјата , Србинот Новак Ѓоковиќ е активен и во пресрет на финалните натпревари од Светското првенство.Српскиот тенисер престојува во Америка, каде што присуствуваше на неколку интересни настани. Организаторите ја искористија можноста и неговата подготвеност да се појави на разни случувања. Меѓу другото, Новак Ѓоковиќ излезе на кошаркарскиот терен и покажа што умее. Популарниот Ноле го зеде баскетот и во стилот на најдобриот тројкаш во НБА лигата Стеф Кари погоди три тројки по ред. Tennis star Novak Djokovic hits 3 straight 3-pointers at @FanaticsFest 👌 pic.twitter.com/SdJuOWBhIE — NBA (@NBA) July 18, 2026 Видеото беше објавено на официјалниот профил на НБА на социјалната мрежа Инстаграм, по што почна масовно да се споделува.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица Црногорската полиција издаде итно соопштение по апсењето на Десингерица,родители, пријавете доколку имате информации!Популарниот рапер на овие простори Драгомир Деспиќ – Десингерица е приведен во Црна Гора под сомнение за прекршување на Законот за странци, а по тој повод се огласи и локалната полиција. - Полициските службеници од Одделението за безбедност во Бар, во соработка со инспекторите за странци, санкционираа три лица од Република Србија, меѓу кои и изведувачот Драгомир Деспиќ – Десингерица, поради прекршување на Законот за странци. Во ноќниот клуб во Сутоморе, каде што настапуваше Деспиќ, затекнати се 11 малолетници како консумираат алкохол, поради што надлежните инспекциски служби, покрај другите прекршоци, изрекоа парични казни во висина од 11.200 евра за правното лице и за одговорните лица, стои во соопштението од Црногорската полиција. Во текот на ноќта на 18 јули 2026 година, од 02:00 до 03:00 часот, службеници од Одделението за безбедност во Бар извршиле контрола во угостителски објект – ноќен клуб во Сутоморе, при што три лица биле приведени во просториите на Одделението заради утврдување на идентитетот: изведувачот Драгомир Деспиќ Десингерица ), кој настапуваше во клубот, како и М.Ј. (24) и С.Љ. (33), сите државјани на Република Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот. .РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Залудни се хистеричните обиди на СДС за креирање страв, паника и неизвесност кај граѓаните. Прес-конференциите на СДС за создавање хистерија за наводни ценовни шокови, скапотија, банкрот на државата веќе никој не ги слуша. Две години по ред викаат дека државата е во финансиски колапс и само што не банкротирала, но еве две години по ред Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како се консолидира економијата со континуиран раст на БДП од 3 или над 3%. Вистината е дека СДС се тие што ја оставија државата на раб на банкрот, со ограбени институции и осиромашени граѓани кои за време на седумгодишното владеење ја плаќаа нивната неспособност со рекордна двоцифрена инфлација. Оттука се поочигледно е дека СДС не можат да се помират со сегашните економски резултати и преземени мерки во време на енергетска криза кои цените ги држат под контрола, енергенсите со најниска цена од земјите во регионот, а инфлацијата на ниво од 3,4%. Ако СДС сака да зборува за економија, цени и инфлација, добро е да зборува со бројки кои најдобро опишуваат како живеат граѓаните сега, а како до пред две години кога скапотијата рушење европски рекорди. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter