Вучиќ со предупредување: Ова е само почеток на судирите низ светот, ќе има најтешки жртви во историјата на човештвото - Канал 5

Вучиќ со предупредување: Ова е само почеток на судирите низ светот, ќе има најтешки жртви во историјата на човештвото

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на презентацијата на националната стратегија „Србија 2030“, нагласи дека живееме во време на големи конфликти и дека не им верувал на своите инстинкти, туку на фактите.

Вучиќ со предупредување: Ова е само почеток на судирите низ светот, ќе има најтешки жртви во историјата на човештвото

- Затоа лесно предвидов што ќе се случи во Источна Европа, во Иран. Го најавував тоа еден месец, а многу луѓе ми се смееја. Ви го кажувам денес, драги граѓани кои ги сакам и почитувам најмногу во светот. Ова е само почеток на конфликтот. Американците ќе ја уништат целата воена структура и инфраструктура, Иранците се храбри луѓе, тие ќе се борат. Но, во еден момент ќе биде јасно чија сила е доминантна и ќе мора да дојде до прекин на огнот, а ова е само почеток на конфликтите низ целиот свет - рече претседателот, објави Курир.

Тој исто така предвидува дека конфликтите ќе завршат со најтешки жртви во историјата на човештвото и дека ќе се користи оружје кое е употребено само еднаш во историјата.

- Се надевам дека грешам, но се плашам дека на крајот повторно ќе биде правилно подредувањето на фактите. Кога зборуваме за тоа, доаѓаме до првата цел во следните 9 или 10 години. Тоа е да се зачува мирот и стабилноста во земјата. Ние отсекогаш сме биле храбар и горд народ, народ кој ја сакал, ја штител и ја чувал слободата. Плативме огромна цена за тоа во Првата светска војна, а во Втората светска војна го изгубивме најголемиот дел од националниот корпус од другата страна на Дрина - рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен.

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен.

Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната.

Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година.

Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа.

Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан.

Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија.

Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото.

Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Корисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет.

Фото: Змија виси над волан на автомобил во БиХ

Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот.

Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато.

Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите.

https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.

Саша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“

Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди.

Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови.

Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите.

Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ:

„Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев.

И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат.

„Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер