3Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
БалканВучиќ со порака од Индија: Србија е решена да биде дел од четвртата индустриска револуција; Верувам дека силата на Глобалниот југ предводен од Индија растеСрпскиот претседател, Александар Вучиќ, кој учествува на Самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, нагласи дека Србија е решена да биде дел од четвртата индустриска револуција.„Вложивме значителни средства во дигитална инфраструктура, центри за податоци и суперкомпјутери, а денес развиваме свои, суверени модели на вештачка интелигенција, во служба на граѓаните и економијата“, напиша Вучиќ на Инстаграм. Тој додаде дека „дигиталната трансформација и вештачката интелигенција не се само технологија, тие се иднината на Србија“. Во интервју за Си-Ен-Ен Индија, тој изјави дека верува оти моќта на глобалниот југ предводен од Индија и премиерот Нарендра Моди расте и истакна дека стратешката автономија на Индија е пристап кон надворешната политика што заслужува почит од големите сили. На прашање дали гледа корист од водење стратешки автономна надворешна политика како што прават Индија и Србија, Вучиќ рече дека овој пристап обезбедува почит од големите сили. „Зборувајќи за стратешка автономија и фактот дека многу големи сили нема да ве сакаат поради тоа - ќе добиете нешто што другите го немаат. Тоа е почитта што ќе ја добиете од сите нив. Гледате, Америка зборуваше против оваа политика на Индија. Но, по еден месец, Трамп се обидуваше да постигне договор со Нарендра Моди колку што сакаше Индија, веројатно дури и повеќе. Истото е и со Русите. Истото е, на крајот на краиштата, и со Европејците“, рече Вучиќ. На прашањето дали мисли дека државите што не сакаат да изберат страна денес страдаат од организиран притисок, Вучиќ одговори дека секогаш ќе биде така. „Тоа секогаш ќе биде така. Но, верувам дека силата на глобалниот југ, што главно го предводат Нарендра Моди и Индија, расте се повеќе. Не се плашиме отворено да ги изразиме нашите политички ставови, да се бориме за нашата политичка позиција, да дејствуваме во согласност со меѓународното јавно право, во согласност со Повелбата и резолуциите на ОН, што не е случај со многу други“, рече Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираатШимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него. Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање. Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените. Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна. Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење. Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања. Извор: Б92Тагови: Tinder Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05