Вучиќ со поддршка за Ѓоковиќ и распали по австралискиот премиер: Ќе ги добиете ли изборите? - Канал 5

Вучиќ со поддршка за Ѓоковиќ и распали по австралискиот премиер: Ќе ги добиете ли изборите?

Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати видео порака за поддршка на Новак Ѓоковиќ и му одговори на австралискиот премиер Скот Морисон.

Вучиќ со поддршка за Ѓоковиќ и распали по австралискиот премиер: Ќе ги добиете ли изборите?

Да потсетиме, Австралија повторно му ја одби визата на најдобриот тенисер на светот и планира да го протера од земјата. Одлуката за одбивање на визата ја донел министерот за имиграција Алекс Хок. Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ најверојатно ќе поднесе жалба на одлуката.

Еве што меѓу другото вели Вучиќ во видео пораката.

„Се соочуваме со многу проблеми и бројни притисоци во регионот и од делови од светот. Но, нашиот народ никогаш не бил лишен од гордоста, срцето и достоинството. Ова го велам поради се` што се случува во Мелбурн. Напади и притисок врз Ѓоковиќ , Србин, станаа преголеми за да не одговорам.

Веројатно не би кажал ниту збор доколку австралискиот премиер Скот Морисон не контактира со Новак Ѓоковиќ откако му беше укината визата. Тој рече дека е задоволен и ја поздравува одлуката. Зачуден сум што властите можат да донесат такви одлуки над одлуката на судот“.

„Замислете како би изгледало овде. Моралното прашање е многу поважно. Ако сакавте да му забраните на Ѓоковиќ да го освои турнирот по десетти пат, зошто не го сторевте тоа веднаш? Зошто го малтретирате не само него туку и неговото семејство. Дали ви е потребно да ги добиете изборите?

Овде се појави претседател од мала држава кој може да му го каже тоа на премиерот на голема држава. Ќе се бориме за Новак Ѓоковиќ и тоа што ќе го малтретирате ден, два-пет нема да ни го промени ставот за Ѓоковиќ. Можете да напишете стотици најлоши текстови за него, но тој ќе остане најдобриот тенисер на сите времиња и секогаш ќе биде во нашите срца“.

„А вие, кои мислите дека со тоа што ќе постигнете нешто што ќе го постигнете, никогаш нема да му пријдете на Новак Ѓоковиќ, туку на кој било обичен човек и на вашиот и на нашиот народ. Србија ќе биде со Ѓоковиќ и ќе знае како да одговори така што ќе се однесува многу подобро отколку што се однесувате кон него. Да живее Србија. Новак, ние сме со тебе“, заклучил Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ 

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго.

Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака!

Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто.

Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата.

Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен.

Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело.

Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари.

„Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х.

Скопје, 1.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер