Вучиќ: Се додека Курти е на власт нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина - Канал 5

Вучиќ: Се додека Курти е на власт нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина

На прашањето дали може да има средба со Курти, тој рече дека не планира таква средба и дека нема ни да знае што да разговара со него.

Вучиќ: Се додека Курти е на власт нема напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој учествува на Парискиот мировен форум, изјави дека една од темите на вечерашните разговори и на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде и дијалогот меѓу Белград и Приштина, но не верува да ќе има некаков напредок се додека Албин Курти е на чело на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

-И тука нема голема филозофија, мислам дека сега им е јасно на сите, на Запад, дека Курти воопшто не сака да формира Заедница на српски општини (ЗСО), дека не сака никаков напредок во дијалогот, и дека се друго се балкански трикови кои можат да функционираат еднаш или двапати, но секако не долгорочно, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали во Париз ќе се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој додаде дека за Белград е важно да го зачува мирот и животите на Србите на Косово.

-Не верувам дека ќе има сериозен напредок, особено не додека не се формира ЗСО додека Курта е на власт во Приштина. Да ги поставиме работите сосема јасно и чисто како што се, рече српскиот претседател.

На прашањето дали може да има средба со Курти, тој рече дека не планира таква средба и дека нема ни да знае што да разговара со него.

Вучиќ кажа дека е изненаден и од средбата на дел од претставниците на БиХ со косовскиот премиер Курти.

-Тој избра со кои претставници на Босна и Херцеговина ќе се сретне. Чудно е што тие тоа го прифатија. Затоа се прашувам какви се тоа двојни стандарди, лицемерни пристапи. За решавање на проблемите на просторот на поранешна Југославија, каде што некаде признавате територијален интегритет и барате да се почитува територијалниот интегритет, а од друга страна, оној од кого што бараш да го почитува територијалниот интегритет, интегритетот на неговата земја не го признавате. Но, можеби е добро да знаеме каде сме, да знаеме со кого си имаме работа, рече Вучиќ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време.

Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција

Лишени од слобода пет лица.

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција

На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана.

На 21.08.2026 во 15:35 часот во с.Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево биле пронајдени куршуми.

На 21.08.2026 во 10:35 часот во с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода П.Т.(55) од Ресен. При претреси во неговиот дом во Ресен и во с.Евла, извршени со судска наредба, биле пронајдени 28 куршуми, испукани чаури и ловечка пушка .

На 21.08.2026 во с.Светомитрани, крушевско, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Крушево извршија претрес во домот на К.Т.(38) од с.Светомитрани, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки патрони, пиштол и две рамки за пиштол.

На 21.08.2026 во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево, со судска наредба извршија претрес во домот на ВН.(48) од Крушево, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против лицат ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет награди за македонските филмови на Сараево филм фестивал

Македонската кинематографија забележа значаен успех на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, на кој два македонски филма освоија вкупно пет награди.

Пет награди за македонските филмови на Сараево филм фестивал

Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири признанија – Митиќ ја доби специјалната награда за промоција на родовата рамноправност, наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Ева Костиќ за одличната изведба на улогата на Сара – нејзина прва улога на филм, а филмот ги доби и наградата на „Синеуропа“ и наградата од публиката.

Успех оствари и филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, кој ја освои специјалната награда „Младински перспективи“.

Од Агенцијата за филм истакнаа дека петте признанија уште еднаш ги потврдуваат квалитетот, авторската сила и меѓународниот потенцијал на современата македонска кинематографија, како и значењето на континуираната поддршка за развојот и меѓународната видливост на македонскиот филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер