Вучиќ-Радев: Со Бугарија можеме дополнително да ги унапредиме нашите односи

-Разговаравме за тоа денеска и ќе се погрижиме да ги решиме помалите проблеми што постојат, околу книгите и учебниците и други работи, така што тоа ќе го решиме, како и сите други работи. 

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во Ниш се сретна со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, при што имаше работен појадок пред да се упати кон Трупале кај Ниш, каде беше пуштна во работа гасната интерконекција Србија-Бугарија, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на обиколката на гасната станица во Трупале, Вучиќ рече дека Србија и Бугарија можат дополнително да ги подобрат односите, дека односите меѓу двете земји можат да бидат уште подобри и дека сите преостанати проблеми ќе бидат решени.

-Разговаравме за тоа денеска и ќе се погрижиме да ги решиме помалите проблеми што постојат, околу книгите и учебниците и други работи, така што тоа ќе го решиме, како и сите други работи. Кога луѓето сакаат да разговараат, се ќе решат, изјави Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за разговорите со Радев

Претседателот на Бугарија Румен Радев рече дека и тие од своја страна работат на подобрување на односите со Србија.

-Овој проект е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на нашиот регион и развојот на нашите економии, посочи Радев.

Вучиќ претходно укажа на важноста од диверзификација во снабдувањето со гас.

-Суштината е во диверзификација, како што рече претседателот Радев. Тоа ќе донесе повеќе алтернативи во снабдувањето на двете земји и Србија и Бугарија. Ова е исклучително важно за нас и ќе донесе поголема безбедност на важни места во Србија, Димитровград, Бела Паланка и Пирот, што ќе донесе подобра иднина. Сега можеме да купуваме гас на отворениот пазар од шест или седум различни ЛНГ терминали, вклучувајќи го и Александрополис, рече Вучиќ.

Тој додаде дека на Србија во иднина ќе и биде многу полесно и дека ќе биде подобро обезбедена во однос на енергетската безбедност.

Авион се излизга на писта и се запали- патниците врескаат во паника (ВИДЕО)

Боинг 737 со 78 патници се излизгал од пистата и се запалил на аеродром во Сенегал.

Несреќата се случила при полетување, кога авионот се излизгал од пистата и завршил во шума.

Авионот се запалил по инцидентот и претрпел сериозна штета.

На интернет веднаш почнаа да кружат фотографии од запален авион кој лета под компанијата Transair.

Сите летови на аеродромот, кој се наоѓа во близина на главниот град, се суспендирани до понатамошно известување.

Итните служби успеале навреме да ги евакуираат патниците.

За среќа нема жртви, но десетина патници се повредени.

Да потсетиме, оваа несреќа доаѓа само еден ден откако друг авион Боинг 767 се урна при слетување на аеродром во Турција.

Русите планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината: Почнавме со подготовките

Русија започна со развој на нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави вчера Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос, а пренесува агенцијата РИА.

Борисов, поранешен заменик министер за одбрана, во март изјави дека Москва ја разгледува идејата за напојување на централата со нуклеарна енергија. „Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината меѓу 2033 и 2035 година, што еден ден би овозможило изградба на лунарна населба“, изјави тогаш Борисов.

„Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, рече тогаш Борисов.

Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори. Борисов во март рече дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела.

Тој додаде дека тоа е многу голем предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон.

Деветмина загинати во Кина при судир на камион со патничко комбе

Девет лица загинаа, а две се повредени утринава во судир на камион и патничко комбе на автопат во северозападна Кина.

Повредените се во стабилна состојба, јавија кинеските медиуми.

Возачот на комбето е меѓу загинатите, додека возачот на камионот добил итна медицинска помош, изјави кинески претставник.

Снимките од локалните медиуми покажуваат дека предниот дел на комбето е целосно уништен.

Властите соопштија дека се истражуваат причините за несреќата, пренесе ABC News.

притисни ентер