Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
БалканВучиќ пристигна во Бања Лука: Пресудата за Додик е срамна и антидемократскаСрпскиот претседател Александар Вучиќ вечерва пристигна во Бања Лука за да му даде поддршка на претседателот на Република Српска Милорад Додик.Додик денеска првостепено беше осуден на една година затвор и забрана за вршење на функцијата во период од шест години поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница. Во авионот, на пат кон Бања Лука, Вучиќ пресудата ја нарече срамна и антидемократска. -Обврска на Србија и на сите нас е да застанеме на страна на Република Српска. И затоа, вечерва, кога е најтешко, одиме во Бања Лука за да му дадеме поддршка на нашиот народ, да се обидеме да влијаеме на сите одлуки што се носат, на крајот да доведат до смирување на ситуацијата и намалување на тензиите, а неговиот претседател, а Република Српска и неговиот претседател да бидат одбранети, изјави Вучиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаАмерика употреби ново оружје против Иран! За првпат се употребени поморски дронови-камиказиАмерика употреби ново оружје против Иран! Изведен е уште еден бран напади, а за првпат се употребени поморски дронови-камикази – како одговор на одмаздата на Револуционерната гарда.САД за првпат употребија поморски дронови-камикази против Иран во нов бран напади, на што Револуционерната гарда одговори со одмазднички акции. Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопшти дека го „завршила“ новиот бран офанзивни напади врз Иран, при што биле погодени десетици цели на повеќе локации. „Скај њуз“ пренесува дека според CENTCOM, целта на нападот била да се намали способноста на Иран „да продолжи да го напаѓа меѓународниот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец“. Британската телевизија известува дека САД за прв пат користеле камикази дронови за морнарички напад во најновиот бран напади врз Иран. Морнарички дронови натоварени со експлозив се распоредени заедно со борбени авиони, бродови и камикази дронови за воздушен напад.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОсуден поранешен претседател на Јужна КорејаОкружниот суд во Сеул денес го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јол на две години затвор откако го прогласи делумно за виновен за нелегално примање политички средства во форма на бесплатни анкети на јавното мислење.Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун го прекршил Законот за политички фондови, што е различна пресуда од посебен судски случај во кој неговата сопруга, поранешната прва дама Ким Кион-хи, беше ослободена од обвинението врз истата основа, објави Јонхап. Специјалниот обвинител претходно поднесе обвинение против Јун, обвинувајќи го него и неговата сопруга дека од април 2021 до март 2022 година добиле вкупно 58 анкети на јавното мислење бесплатно од Мјунг Тае Кјун, кој се претставувал како политички посредник, со проценета вредност од околу 270 милиони вони, што одговара на околу 158.000 евра. Судот утврди дека во тој период Јун бесплатно добил 14 анкети за јавното мислење и, покрај затворската казна, нареди конфискација на имотна корист во износ од 13,9 милиони вони, односно околу осум илјади евра. Според пресудата, прифатено е тврдењето на специјалното обвинителство дека Џун ветил дека ќе ја поддржи кандидатурата на поранешниот пратеник Ким Џонг Сун како кандидат на конзервативната Партија на народната моќ на дополнителните избори во јуни 2022 година во замена за анкети на јавното мислење. Со истата пресуда, Мјунг Тае Кјун е осуден на 18 месеци затвор. Специјалното обвинителство побара казна од четири години затвор за Јун и три години затвор за Мјунг. Бранителите на поранешниот претседател најавија жалба против денешната пресуда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 27 загинати во пожар во бар во Бангкок, властите велат дека излезите биле блокираниСамо неколку секунди биле доволни пламенот целосно да го проголта ноќниот бар „Ронг Бир На Ладпрао“ во Банкок..Пожарот во кој животот го загубија најмалку 27 лица, 60тина се повредени, од кој над 20 се во критична состојба, се случил непосредно пред полноќ, додека во преполниот локал се одржувал концерт. Сведоците раскажуваат дека по силна експлозија, снемало струја низ целиот објект, а густ чад кој излегувал од електрична табла за миг ја исполнил внатрешноста. Во целосен мрак, стотици посетители се обидувале да најдат излез, додека огнот со неверојатна брзина се ширел низ објектот. Според првичните наоди на противпожарната служба, евакуацијата дополнително била отежната поради заклучен излез за итни случаи.. -Очевидците ни кажа дека имало излез на задниот дел од објектот, но бил заклучен. Тој излез води кон голем отворен простор овде, но на вратата која била заклучена имало ознака „само за вработени“ -Кога почна да гори, најпрво се слушна експлозија и снема струја во цел бар. Луѓето не можеа да гледаат каде одат.. -Пожарот беше многу силен. Кога дојдов овде луѓето буквално се бореа да излезат надвор, но многу од нив не успеаа. Многу луѓе останаа заглавени внатре. Дека најголем дел од телата биле пронајдени во задниот дел од објектот, потврди и Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, кој утрово го посети местото на трагедијата и најави темелна истрага. Според Гувернерот на Банкок Чадчарт Ситипунт пак, огнот брзо се проширил и поради лесно запаливите материјали во локалот кој се наоѓале на таванот, но биле дел и од сценската декорација. -Многу од луѓето не можеа да излезат надвор, бидејки тие отишле кон задниот дел на објектот. Се обиделе да се засолнат од чадот и огнот во тоалетите..Таму всушност ги најдовме најголемиот дел од телата,- изјави Анутин Чарнвиракул – премиер на Тајланд. -Пожарот започнал некаде околу полноќ , брзо се раширил низ просториите и имало многу чад. Мислам дека можеби имало и нешто што го блокирало излезот за итни случаи, па многу луѓе не можеле да се спасат брзо. Многу од нив се загушиле и останале без свест,- Чадчарт Ситипунт - гувернер на Банкок. Слична трагедија на 1 јануари годинава се случи и во швајцарскиот ски центар Кранс-Монтана, каде при пожар за време на дочек на новата година во ноќен бар загинаа 41 лице, а над 100 беа повредени. Пожарот избувнал по употреба на пиротехнички средства, а пламенот брзо зе проширил поради лесно запалив материјал на таванот. Истрагата за трагедијата се уште трае, а покрај сопствениците на барот, се проверува и евентуалната одговорност и кај дел од локалните фукционери и надлежните служби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter