Вучиќ претстави план за развој на Србија вреден десет милијарди (ВИДЕО)

До крајот на годината, српскиот претседател Александар Вучиќ најави  "петолетка" и очекува вистински бум од арапски инвестиции.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека до крајот на оваа година почнува со нова и досега најголема инвестиција и развоен циклус на државно ниво, вреден пет до 10 милијарди евра, што ќе трае четири до пет години.

Инвестициониот циклус подразбира проекти за развој на цела Србија, рече Вучиќ за новинарите во неделата за време на посетата на проектот ,,Белград на вода” (БНВ).

Овој проект го води инвеститор од Обединетите Арапски Емирати, договорот беше потпишан во 2016 година и Владата на Србија ќе биде сопственик на една третина од готовиот проект, кој е прогласен за проект од национално значење во кој значително ќе се издигне српската економија каде се вработуваат изјадници во градежната индустрија.

Објавувајќи го новиот инвестициски циклус, Вучиќ рече дека парите ќе бидат инвестирани во големи и капитални инфраструктурни проекти, очекувајќи овие инвестиции да го зголемат економскиот раст за повеќе од пет или шест проценти.

"Зборував денес со премиерот (Ана Брнабиќ) и со министерот за финансии (Синиша Мали), и пред Нова година ќе излезе со нов предлог за голем, досега најголем, инвестицискиот план за развој и напредок на Србија. Сега ја имаме првата можност да го сториме тоа"рече Вучиќ.

Како дел од овој петгодишен план тој најави инвестиции во завршување на железничкиот и патниот Коридор 10, изградба на метро во Белград, изградба на канализациона мрежа и водовод , и сè друго во што заостануваме зад Западна Европа".

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница

Утрово најниска температура во земјава од 2 степени Целзоусови е измерена на 2 Попова Шапка и во Лазарополе. 

Следат Маврови Анови со 4 степени, 6 во Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес и 13 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Најмногу воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот е наврнат во Виница 28 л/м2, потоа 27 л/м2 во Берово, 21 Куманово, 17 Крива Паланка, 13 Маврови Анови, 12 Лазарополе, 10 Демир Капија, 9 Штип, 7 Охрид, Велес, 6 Дебар, 5 Прилеп, Ѓуриште, Претор, 4 Гевгелија, 3 Скопје – Петровец, Тетово, Кавадарци, 2 Битола, Крушево, Тополчани, Попова Шапка и 1 л/м2 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и во Пожаране. Количините на врнежи, се наведува, се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Светската награда на УНЕСКО за слобода на медиумите за палестинските новинари

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа .

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас на 7 октомври.

„Во овие времиња на темнина и безредие, сакаме да испратиме силна порака за солидарност и признание до палестинските новинари кои ја следат оваа криза во драматични околности“, рече Маурицио Вајбел, претседател на Меѓународното жири на медиумски професионалци.

Според него, човештвото им должи огромен долг на палестинските новинари за нивната храброст и посветеност на слободата на изразување.

Генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, ја истакна „важноста на колективната мобилизација за новинарите, насекаде во светот, да можат да продолжат да ја вршат својата суштинска работа за информирање и истражување“.

Според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), организација со седиште во Њујорк, 97 новинари и медиумски работници, од кои 92 Палестинци, се убиени, а 16 се повредени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

притисни ентер