Вучиќ: Подготвен сум да ме соборат од власт - Канал 5

Вучиќ: Подготвен сум да ме соборат од власт

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста во врска со најавата за утрешниот голем протест во Белград организиран од студентите.

Вучиќ: Подготвен сум да ме соборат од власт

Вучиќ претходно изјави дека опозицијата и демонстрантите разговараат за плановите за предизвикување граѓанска војна и преземање на власта во Србија, пренесе Индекс.

Вучиќ постојано тврдеше дека собирот ќе биде насилен, дека разузнавачките служби имаат информации за планирани инциденти и дека државата ќе спречи обид за „обоена револуција“.

„Ги исполнивме сите услови“

„За мене е клучно државата да не употребува сила освен кога е апсолутно неопходно. Во овие четири месеци не кренавме палка. На сите што ни даваа лекции претходните години им одржавме лекција по демократија“, додаде тој. „Ги повикувам граѓаните да останат смирени, а ние секако ќе обезбедиме мир, безбедност и сигурност“, рече српскиот претседател.

„Ние понудивме избори, тие рекоа дека е невозможно. Понудивме референдум. А јас реков советодавен. Ако испадне дека 50 отсто + 1 граѓанин кажале дека не ме сакаат за претседател, јас истиот ден ќе поднесам оставка“, рече Вучиќ.

Знаете ли вчера колку момчиња на 13 и 14 години дојдоа да ги испровоцираат луѓето во паркот? Во тој парк имате и ветерани, имате земјоделци. „Ние многу добро ги познаваме сите ученици во паркот, но не знаеме кои се луѓето од пленумот“, рече Вучиќ.

„Ќе се каам што им дадов помилување на оние на кои не требаше да им дадам помилување. Им се извинувам на сите граѓани на Србија што не бевме доволно храбри. Нема да има повеќе такви помилувања“, рече Вучиќ.

Вучиќ: Подготвен сум да паднам од власт

Тој му одговори на британскиот амбасадор кој рече дека Србија го крши Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина. „Никогаш не го прекршивме Дејтон, а Британците и некои други го адаптираа за да им одговара. Сега кога не можат да најдат решение во Украина против Русија, сакаат да искористат мала нација и Република Српска“, рече Вучиќ.

Вучиќ вели дека е подготвен да падне од власт. „Така го разбрав утре, горд сум на она што го направив во последните 15 години. Нема да плачам, а задутре ќе зборуваме за тоа како ме соборија. Тоа е гол повик на насилство“, рече тој. „Вие што ги уништувате Србите како народ, вие што мислите дека Косово е независно, вие што мислите дека Србите се геноциден народ“, ги повика Вучиќ организаторите на протестот.

„Утре ќе има од 60 до 80 илјади луѓе. Тие се богати, можат да донесат многу луѓе“, рече Вучиќ. „Никогаш нема да се откажам од народот кој толку многу го мразат“, додаде тој.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните „Мртви корења“ и „ТЛСМ“

Краткометражниот филм „Мртви корења“ на режисерот Меглен Анжик Трпков, вечерва премиерно ќе биде прикажан на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран. 

„Преку езерото“ со премиерни проекции на иранскиот филм „Коцкарот“ и краткометражните  „Мртви корења“ и „ТЛСМ“

Тој заедно со екипата од филмот денеска на прес конференција говореа за мотивите за снимање, начинот на соработката со актерите, кинематограферот, како ги избирале кадрите за снимање...

-Се почна од приказната за Силјан Штркот и тоа го поврзав со мојот живот бидејќи јас сум роден во Македонија и кратко време сум живеел тука, а сега веќе 15 години живеам во Холандија. Едноставно се идентифкував со приказната, а кинематографијата има и еден магичен свет. Урбаниот дел од филмот е сниман во Холандија, а руралниот во Македонија, бидејќи јас го живеам тој живот во Холандија, а цело време ме следеше желбата за враќање дома. Филмот е за потрагата по корењата, а во тоа голема помош имав од соработниците-актерите Христијан Крстевски, Талија Ѓорѓиева и Тони Наумовски. рече Трпков.

Публиката во Дојран, синоќа имаше ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Станува збор за иранскиот филм „Коцкарот“, кој го турка иранското жанровско кино на смела нова територија како сајбер-трилер заснован на вистински случај на дигитална војна, допирајќи се до глобалните вознемирености околу податоците, довербата и невидливите непријатели.

Филмот ја демонстрира способноста на иранската индустрија да се движи помеѓу поетскиот реализам, интимната социјална драма, мета-кинематската носталгија, етичкиот хуманизам и висококонцептуалниот трилер.

Претходно беше прикажан македонскиот краток филм „ТЛСМ“ во режија на Филип Момировски, кој предизвика бурни реакции и аплаузи кај публиката. Станува збор за филм кој ја обработува темата за врсничкото насилство, мошне актуелна тема, за која како што рече режисерот треба да се зборува. Инспирација за филмот му бил настанот во училиштето „Рибникар“ во Србија, но со оглед на тоа што и кај нас станува се почеста тема, Момировски истакна дека и родителите и училиштето и целата држава се одговорни и треба да влијаат тоа да не се повторува повеќе.

-Тоа е нов вид на насилство. За жал никако булингот да стане бајата тема кај нас, еве деновиве пак гледаме такви примери. Комплетно целото општество е одговорно и треба да влијаеме да немаме повеќе вакви случувања. Мораме сите да се вратиме на онаа филозофија декае потребно цело село за да се израсне едно дете, тоа ни е потребно и мислам дека треба да ги слушаме децата, да не ги запоставуваме и повеќе да им се посветиме, рече Момировски.

12 Јули НЕДЕЛА - Амфитеатар Дојран

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

20:30 МРТВИ КОРЕЊА, режија Меглен Анжик Трпков / ХОЛАНДИЈА, МАКЕДОНИЈА

DEAD ROOTS / directed by Meglen Anzik Trpkov / HOLLAND, MACEDONIA / 2026 / 25 min

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

21:00 ОДРАЗОТ ВО МРТВИОТ ДИЈАМАНТ режија Елен Кате, Бруно Форцани / БЕЛГИЈА / 2025

REFLECTION IN A DEAD DIAMOND directed by Hélène Cattet, Bruno Forzani / BELGIUM / 2025 / 87 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

22:30 БАДНИКОВИ СВЕТИЛКИ, режија Ѓорѓи Лазов / МАКЕДОНИЈА

CHRISTMAS LIGHTS / directed by Gorgi Lazov / MACEDONIA / 2025 / 17 min

23:00 ЗА ЕВА, режија Бојан Василев / МАКЕДОНИЈА

FOR EVA directed by Bojan Vasilev / MACEDONIA / 2025 / 14 min

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Поројни врнежи и грмежи во Куманово

Поројни врнежи и грмежи во Куманово и околината!

УХМР: Поројни врнежи и грмежи во Куманово

Од УХМР информираат дека невремето се движи од запад кон исток!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

​Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. 

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија.

Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата.

Од тоа се плаши Мицкоски. Нема да може повеќе да мести партиски тендери,

милионски зделки со блиски фирми, злоупотреба на буџетските пари - нема да можат да крадат народни пари.

За жал, цената за неговото заложништво ја плаќаат сите граѓани а најмногу младите кои ќе продолжат да се иселуваат.

Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси.

Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт.

Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори.

Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа.

Сака правда. Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава.

Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард, силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар.

Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности да напредуваат дома, а не да купуваат карта во еден правец.

Европа значи пристап со развојни фондови, наместо задолжувања.

А за Владата на Мицкоски Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста и одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат.

Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација.

Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари.

Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги.

Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“.

Само што овој пат народот знае, воопшто не е наивен.

Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер