Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
2Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
БалканВучиќ по средбата со Пленковиќ во Давос: Многу коректен разговор за нашите односиСрпскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на маргините на светскиот економски форум во Давос. Вучиќ изјави дека имал „многу коректен разговор со Пленковиќ за српско-хрватските односи“. „Верувам дека во периодот што следи ќе успееме да постигнеме напредок и на економски и на политички односи“, напиша Вучиќ на Инстаграм. Пленковиќ на твитер објави дека разговарале за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. „Покрај политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се вложат дополнителни напори за решавање на отворените прашања“, рече Пленковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДве кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената. Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - КрилцаВо четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешки крилца 150 гр. криспи брашно масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИФактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг. ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг. Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина. Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада. Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој. 2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter