3770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во Македонија
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
БалканВучиќ по преговорите во Вашингтон за признавање на Косово : Го одбивме тоа Во вонредното обраќање од Вашингтон по преговорите со косовскиот премиер Хоти , српскиот претседателм им се заблагодари на домаќините и рече дека е неизвесна средбата со Трамп.Александар Вучиќ рече дека е задоволен од подготвеноста на белградската делегација и дека им е благодарен на домаќините кои сакаа да ги слушнат забелешките и покрај тоа што многу работи не беа лесни за Белград. Тој посочи дека присуствувале сите луѓе од финансискиот и економскиот сектор на американската влада, како и дека дошла ќерката на претседателот , а воедно и негов советник, Иванка Трамп но не останала долго. Според него, тие имале и посебна средба со Роберт О’Брајан и никој не може да потврди дали ќе има состаноци и приеми на највисоко ниво. Тој вели дека зависи од тоа што ќе се договори во текот на вечерта и утрото. ,,Луѓето од администрацијата на Трамп беа фер, тие нè слушаа, а точката каде зборуваме за меѓусебно признавање веќе ја нема во документите, рече претседателот Вучиќ во изјавата. Постојат различни политички моменти, уверува Вучиќ, и тој изјавува дека борбата сè уште трае. Дали ќе има повеќе договори и состаноци на повисоко ниво - никој не може да каже во овој момент, наведува тој. Гренел не кажа конкретно што мисли, вели Вучиќ, наведувајќи дека навистина сакале да ја слушнат српската страна. „Ништо не промашивме, за нас тоа беше формално, но не и суштинско изненадување“, вели тој. "Ако успееме да протуркаме уште неколку ситници, ќе бидам задоволен. Дали ќе успееме или не - не можам да го кажам тоа", додаде тој. Конечниот документ ќе може да се види утре, доколку го има, вели Вучиќ. Тој им порача на луѓето во Србија дека нема да го потпише признавањето. „Нема страв од потпишување документ со кој се признава независноста и поентата, реков јасно и гласно“, рече тој. Според него, Србија не сака ниту да го разгледа тоа, рече Вучиќ по преговорите со косовската делегација. ,,Нема да разговараме за други теми, освен за признавањето, рече премиерот на Косово, Авдулах Хоти, во кратката изјава од Вашингтон за албанската телевизија Клан Косова.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо 30 години, нов Кривичен законикМинистерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење.Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди. Новиот Кривичен законик се подготвува по три децении, а заедно со новиот Закон за кривичната постапка треба да обезбеди поефикасна борба против криминалот и корупцијата, поправични судски постапки, подобра заштита на жртвите и поголема правна сигурност за граѓаните. Суштината на реформата не е само во донесувањето нови закони, туку во нивната примена и резултатите што треба да ги почувствуваат граѓаните. Целта е да се создаде законска рамка што ќе овозможи ефикасни истраги, правични судски постапки, еднаква примена на законот и одговорност без исклучоци. Подготовката на новиот Кривичен законик започна во 2019 година, а работната група предводена од академик Владо Камбовски во периодот од 2020 до 2026 година спроведе широки консултации со претставници на правосудството, академската заедница, надлежните институции и граѓанските организации. Во предложениот текст се вградени 33 релевантни директиви на Европската Унија, а во текот на консултациите беа разгледани повеќе од 50 мислења и предлози. Паралелно се работеше и на новиот Закон за кривичната постапка. Експертската работна група предводена од проф. д-р Гордана Лажетиќ, составена од 25 членови, ја заврши подготовката на текстот во октомври 2026 година. Предлогот предвидува усогласување со 25 релевантни европски директиви и стандарди. Меѓу клучните решенија се унапредувањето на конфискацијата, финансиските истраги, електронските докази, посебните истражни мерки, заштитата на жртвите, како и можностите за одржување рочишта и изведување докази на далечина. Во подготовката на двата законски текста значајна поддршка обезбедија меѓународните партнери, особено Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Со доставувањето на предлозите до Европската комисија, Министерството за правда продолжува со исполнувањето на обврските од Реформската агенда и усогласувањето на домашното законодавство со европското право. Реформата на казненото законодавство треба да донесе конкретни промени во функционирањето на правосудниот систем. Нејзината вистинска вредност ќе се покаже во поефикасните истраги, поправичните судски постапки, посилната заштита на правата и поголемата правна сигурност за секој граѓанин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЗаврши 26. Скопје филм фестивал!Под динамично ново раководство, Фестивалски совет и тим од домашни и меѓународни професионалци, возобновениот Скопје Филм Фестивал ги додели своите награди. Спојувајќи ја својата воспоставена регионална традиција со свежа креативна енергија, СФФ ја потврди својата позиција како клучна културна платформа за независен филм и меѓународна размена. Фестивалот има стратешка улога во обликувањето на регионалната филмска индустрија и во унапредувањето на културната агенда за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“. Преку негување на филмската писменост, поддршка на авторскиот филм и отворање динамичен простор за меѓународен дијалог, СФФ директно го збогатува уметничкиот пејзаж на главниот град. Под раководство на директорот на фестивалот Томи Салковски и кураторот Николај Никитин, 26-тото издание претставува извонреден организациски подвиг, подготвен и реализиран за само неколку месеци. Брзото формирање на меѓународна натпреварувачка програма, доаѓањето на странски делегации и одржувањето на мастерклас-сесии ја потврдуваат посветеноста која ја движи новата ера на фестивалот. За долгорочно стратешко насочување и зајакнување на глобалните партнерства, фестивалот воведе нов Меѓународен фестивалски совет составен од истакнати европски и светски филмски професионалци: Томи Салковски, Николај Никитин, Благоја Куновски, Мирослав Могоровиќ и Филип Бергсон. Натпреварувачката програма ја оценуваше стручно меѓународно жири составено од водечки имиња од филмската индустрија: Стив Абот (продуцент, ОК), Даниела Вебер (селекторка и фестивалска консултантка, Германија), Павле Вучковиќ (режисер и сценарист, Србија), Лабина Митевска (актерка и продуцентка, Северна Македонија) и Даријан Пејовски (режисер и сценарист, Северна Македонија). Оваа година беше востановена наградата „Златна Скополија“ за извонреден придонес кон светската кинематографија, престижно ново признание наменето за истакнати автори чии смели уметнички визии оставиле траен белег во филмската уметност. Именувана по реткото ботаничко наследство, автохтоно за овој регион, „Златна Скополија“ ја симболизира креативноста, реткоста и уметничката истрајност. Првата награда им беше врачена на отворањето на фестивалот на реномираното полско филмско дуо, режисерката Малгоржата Шумовска и директорот на фотографија и режисер Михал Енглерт, како признание за нивниот длабок и бескомпромисен уметнички придонес во современиот светски филм. По свеченото отворање, втората фестивалска вечер беше одбележана со премиерата на филмот „17“ во режија на Косара Митиќ, еден од најнаградуваните и најзабележаните современи македонски филмски проекти. Во текот на фестивалската недела, публиката уживаше во богата и внимателно курирана програма со меѓународни фестивалски хитови, европски кратки филмови (EFA Shorts) и моќни регионални авторски остварувања, меѓу кои и клучните натпреварувачки наслови: „Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа, „Чувство на дом“ на Габор Холтаи, „Тивки ноќи“ на Лоренс Фахардо и многу други. Програмата беше надополнета со три значајни мастерклас-сесии во МКЦ Клуб, каде што истакнати филмски дејци, меѓу кои српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ и меѓународниот филмски експерт Ники Никитин, кој сподели искуства за дистрибуцијата на дебитантски филмови и стратегиите на фестивалскиот пазар. 26. Скопје Филм Фестивал (СФФ) официјално заврши вчера, на 9 ноември, во Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). На свеченото затворање, Меѓународното жири јавно ги соопшти победниците, споделувајќи официјални образложенија: „Нашата награда за НАЈДОБАР ФИЛМ оди кај чисто кинематографско дело кое носи моќна, автентична перспектива за курдските жени-борци кои го победуваат екстремизмот преку фундаменталниот страв дека 'НЕМА РАЈ АКО ТЕ УБИЕ ЖЕНА', филм на ХАЛКАВТ МУСТАФА. Наградата за НАЈДОБРА РЕЖИЈА се доделува на автор кој на големото платно мајсторски пренесува алегорија за систематската државна репресија, која иронично носи ’ЧУВСТВО НА ДОМ’. Честитки за ГАБОР ХОЛТАИ. Не можеме да ја заокружиме селекцијата ДИЈАЛОЗИ без СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ за филмот 'ТИВКИ НОЌИ' на ЛОРЕНС ФАХАРДО. Сакаме да му оддадеме признание за неговиот живописен приказ на бруталните одреди на смртта за време на режимот на Дутерте на Филипините“. Фестивалскиот совет додели и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за филмот „ОТФРЛЕН“ на ВИНСЕНТ ГАРЕНО, кој со исклучителна сензитивност прикажува вистинска приказна за неодамнешниот трагичен напад врз професор во француско средно училиште. Незаборавно филмско остварување кое во Скопје пристигна директно од Канскиот филмски фестивал 2026. Следното, 27. издание на Скопје Филм Фестивал е закажано за периодот од 12 до 17 октомври 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија770 стипендии и речиси два милиони долари поддршка: Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува да инвестира во иднината на младите во МакедонијаФондацијата „Атанас Близнакоф“ ја пречекува новата генерација стипендисти во рамки на програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност, која ја спроведува Македонија2025. Оваа година 52 студенти од прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје добиваат финансиска поддршка за своето високо образование. Тие се приклучуваат кон заедницата млади таленти што се издвојуваат со академски успех, посветеност и потенцијал. Фондацијата е основана во 1977 година од Атанас и Славка Близнакоф, а програмата се темели на нивното филантропско наследство. Од 2021 година Македонија2025 е партнер на Фондацијата и ја спроведува стипендиската програма во Македонија. Таа го организира годишниот отворен повик и обезбедува континуирана поддршка за стипендистите. 770 стипендии и инвестиција од 1.925.000 американски долари Од 2021 година до денес, Фондацијата има обезбедено 770 годишни стипендии во вкупна вредност од 1.925.000 американски долари. Во академската 2026/2027 година таа истовремено поддржува пет генерации стипендисти, со вкупно 151 стипендија во вредност од 377.500 американски долари. Ова е најголемиот број активни стипендии во една година од почетокот на програмата. Повеќе од финансиска поддршка: долгорочна посветеност кон младите таленти Програмата „Атанас Близнакоф“ стипендии за студентска извонредност се темели на уверувањето дека образованието е една од најзначајните инвестиции во долгорочниот развој на општеството. Особен приоритет при доделувањето на стипендиите имаат студентите од социјално ранливи семејства, за финансиските ограничувања да не бидат пречка за нивното образование. Покрај финансиската поддршка, стипендистите добиваат можности за менторство, развој на практични вештини и професионално вмрежување преку активностите на Македонија2025. Тие стануваат дел и од заедницата на сегашни и поранешни стипендисти, која поттикнува меѓусебна поддршка и долгорочна соработка. Така влијанието на програмата продолжува и по завршувањето на студиите. „Особено сме горди што нашата поддршка продолжува да расте и што оваа година достигнуваме рекорден број активни стипендии. Веруваме дека финансиската состојба не треба да го определува образовниот и професионалниот пат на еден млад човек. Нашата цел е младите да веруваат во сопствениот потенцијал и еден ден и самите да создаваат можности за следните генерации“, истакнуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“. Македонија2025 изразува искрена благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за довербата и континуираната посветеност на младите таленти во Македонија. На сите 52 нови стипендисти им упатуваме искрени честитки и им посакуваме успешни студии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook