Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
БалканВучиќ: Oдлука за поканата на Путин ќе ја донесам на 10 или 15 октомвриТој додаде дека е горд на суштински независната политика на Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека поканата на рускиот претседател Владимир Путин да дојде на состанокот на БРИКС е важна покана, но дека одлуките ќе ги донесе на 10 или 15 октомври, додавајќи дека „не сакал ништо да одбие или прифати“, јави дописникот на МИА од Белград. -Нема сомнеж дека тоа е важен повик, исто како што претходно имаме закажано важни посети, рече Вучиќ и додаде дека не може да каже за која посета станува збор, но дека сите ќе видат дека е важна. Тој додаде дека е горд на суштински независната политика на Србија. -Србија е на европскиот пат, но има своја политика и нема да се откаже од своите традиционални пријатели, вклучувајќи ги Кина и Русија, ќе се погрижиме овие пријателства да се зачуваат како залог за поинаква иднина. Србија покажа и докажа дека може да биде искрен и лојален пријател кога тоа не е воопшто лесно, додаде Вучиќ. Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ не ја одбил поканата на рускиот претседател Владимир Путин да учествува на состанокот на БРИКС и дека за тоа двајцата ќе разговараат во однапред договорен телефонски разговор. Самитот на земјите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) ќе се одржи од 22 до 24 октомври во рускиот град Казан. Путин на 4 септември го покани Вучиќ да учествува на Самитот на БРИКС на средбата со вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на маргините на Источниот економски форум (ЕЕФ) во Владивосток. Во првиот јавен одговор на таа покана, Вучиќ на 5 септември изјави дека Србија за време на одржување на самитот на БРИКС ќе има „важни гости од странство“. Србија е меѓу ретките земји во Европа кои одбиваат да се приклучат на меѓународните санкции против Путин по руската инвазија на Украина. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБез вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МетеоДенес сончево и топлоВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени. Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возилаДенес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook