Вучиќ: Нивна цел е да го признаеме Косово, САД и Германија нема да го променат ставот - Канал 5

Вучиќ: Нивна цел е да го признаеме Косово, САД и Германија нема да го променат ставот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека вчерашниот разговор со големата петорка, која беше во Белград, бил тежок, нагласувајќи дека за Србија нема лесни теми кога станува збор за Косово.

Вучиќ: Нивна цел е да го признаеме Косово, САД и Германија нема да го променат ставот

Вучиќ рече дека не може да зборува за детали бидејќи таков бил договорот.

„Но, секако, тешко ни е сѐ што е поврзано со Косово и Метохија, не е само поради Бањска, тактички беше страшно, донесе повеќемесечни последици за нас, но во стратешка смисла нивната единствена цел е да се признае независно Косово, па - да дали причината е Бањска или нешто друго е неважно“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека 25 од 27 земји на ЕУ го признале независно Косово и изјави дека е јасно како стојат работите.

„Но, се надевам дека ќе успееме и верувам дека ќе успееме да најдеме излез и дека Србија ќе продолжи да притиска не само на вистинскиот пат, во економијата, да ги подобри здравствените услуги, туку и да го зачува јадрото на нашите национални интереси“, рече тој.

На прашањето дали очекува нови притисоци, Вучиќ вели дека е тешко да се замисли што ќе се случи и дека не треба да зборува за притисоци.

„Тие имаат своја политика, го кажуваат своето гледиште кое е спротивно на нашето, имаат свои заклучоци, за нив Косово е независно и тоа се заснова на нивната одлука, без никаков чин, но ние мора да го разбереме тој вид реалноста, САД и Германија нема да го променат ставот - ќе бидат уште посилни во докажувањето дека не погрешиле“, рече Вучиќ и најави дека во четврток или петок ќе биде во Брисел за прашањето за Косово.

Како што изјави, ќе се бори за ставовите на Србија, објави српски Курир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер