БалканВучиќ: Нема да се менува Уставот за мое повторно кандидирање за претседател, загрижен сум поради формирањето воени сојузи во околина на СрбијаПретседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска нагласи дека нема да го менува Уставот за повторно да се кандидира за претседател на Србија.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска нагласи дека нема да го менува Уставот за повторно да се кандидира за претседател на Србија, а кога станува збор за парламентарните избори, рече дека ќе се бори да ги спречи блокадерите да победат, бидејќи тие би ја уништиле Србија. „Повеќе не можам да се кандидирам за претседател на Републиката. Сите мислеа дека не ја кажувам вистината. Нема да го менувам Уставот по тоа прашање, бев претседател на Србија во два мандата од по пет години. Што и да каже некој, тоа е тешко време и во тоа тешко време, време на најголемиот напредок на Србија“, изјави Вучиќ. Тој додаде дека во рок од еден или два месеца ќе се донесе одлука дали задолжителниот воен рокофицијално ќе почне од декември или од март следната година, како и дека регистрацијата на регрутите ќе започне од септември и октомври. Вучиќ, откако началникот на Генералштабот на српската армија, Милан Мојсиловиќ, се осврна на резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на армијата за 2025 година, изјави дека одлуката ќе биде донесена во српскиот Парламент. Тој изјави дека е многу загрижени поради формирањето воени сојузи во соседството на Србија, поради што одбранбените капацитети на државата се драстично зголемени. „Многу сме загрижени за формирањето на воени сојузи во нашата околина против Србија и соодветно на тоа дејствуваме одговорно, сериозно, не провоцираме никого, туку сакаме да одвратиме секој што би извршил агресија врз нашата земја. Нашите одбранбени капацитети на ВВС и ПВО се драстично зголемени. А, во годините што доаѓаат ќе има и други системи, во сите други родови на армијата“, изјави Вучиќ пред новинарите по состанокот во Домот на гардата на Топчидер.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаМаж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Македонија!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДобринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела. „Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB. Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди. Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена. „Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот. Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна. Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање. Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање. Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија. Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало. Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.Тагови: Берлин напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47