Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
1Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија
БалканВучиќ: Најтешкиот дел предвидува да не се противиме на членство на Косово во организацииДенеска ќе зборувам и ќе ги посочам сите најлоши точки од таканаречената француско-германска иницијатива и нема да кријам ништо. Значи, нема да ви зборувам за некои поубави работи од планот, туку ќе зборувам за најтешко и најлошо за Србија.Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на седницата на Националното собрание на која се расправа за Косово рече дека целта на денешниот ден не е одговорноста да се префрли ниту на тој дом, ниту на народот во целина, ниту на кој било и потенцираше дека никогаш не бегал од своите обврски како претседател на Републиката. Тој посочи дека најтешкиот дел од француско-германскиот план е точката 4 во која се вели дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“. Вучиќ презентираше и план од десет точки за политиката на Србија во наредниот период. -Денеска ќе зборувам и ќе ги посочам сите најлоши точки од таканаречената француско-германска иницијатива и нема да кријам ништо. Значи, нема да ви зборувам за некои поубави работи од планот, туку ќе зборувам за најтешко и најлошо за Србија, затоа што сакам да бидам одговорен и фер кон граѓаните на Србија, за народот на Србија да знае дека ниту нивниот претседател, ниту нивната влада, ниту нивниот парламент немаат што да кријат од нив, посочи Вучиќ. Тој наведува дека најважно е денеска, поважно од планот, кој, како што рече, не смее да го изнесе во јавност во целост, туку ќе го прикаже сето она што е најлошо за Србија, а тоа се околностите, моментот, моментумот, временската рамка во која сè се случува. -Денес сме сведоци на еден вид трета светска војна, која ќе биде пообемна во месеците што следат. Овој конфликт само ќе станува потежок и поголем. Кога го имаме тоа на ум, јасно е дека некои мали земји не можат да имаат толкава слобода колку што тие малите би сакале да имаат, и за живот и за донесување одлуки. Ние сме една од ретките земји која носи свои одлуки. Поради тоа се гордеам со таква Србија, вели српскиот претседател. Тој потенцира дека е важно да се согледа како Србија дошла во ваква позиција. - Од избувнувањето на војната во Украина на 24 февруари 2022 година, постои општа политичка офанзива на Приштина заедно со дел од западните сојузници за промена на ситуацијата на терен. Од ветувањето на Квинта групата и ЕУ дека ќе направи сè за да може нашиот народ да учествува на избори, а потоа противењето на Курти да направи нешто такво. Мислеа дека тоа ќе влијае на изборите во Србија. Се разбира, Србите голтаа кнедли знаејќи дека им ги ускратуваат основните права од што зависи нивниот цивилизиран живот. Тогаш работите почнаа да се влошуваат, истакнува Вучиќ. - Приштина не сака да формира Заедница на српските општини на Косово и Метохија, иако тоа беше предвидено со Бриселскиот договор уште во 2013 година, туку само да предизвика воен конфликт и Србија да влезе во конфлик со НАТО и со целиот свет и да се претстават себеси како жртви и како балкански Зеленски, рече Вучиќ. Тој вели дека „режимот во Приштина почнал да ги малтретира Србите на Косово само со цел да ги понижи и да предизвика конфликт“. Вучиќ рече дека по повлекувањето на Србите од косовските институции, Приштина закажала избори за декември во четирите српски општини на северот на Косово, а потоа, иако ветиле дека ќе ги одложат, само 12,5 часа пред официјализирањето на таа одлука, која веќе ја знаеле, испратиле специјалци да ги окупираат просториите на општинските изборни комисии на северот на Косово. Зборувајќи за т.н француско-германскиот план, Вучиќ вели дека 90 проценти од она што излезе во јавноста е точно. Тој наведува и дека овој план во јавноста го објавиле „некои од меѓународната заедница кои тоа го сакале“. -Планот што јас го добив не беше објавен, има мали разлики. Значи, тоа го направил некој друг што сакал да го објави јавно и секако од приштинска страна, со цел да предизвика хистерија во Белград, за тиа повторно да испаднат добри момци, а Србите виновни за сè, рече Вучиќ. - Во тој план, во самата преамбула е можеби единствената добра работа, во која се вели: „Поаѓајќи од историските факти и не доведувајќи ги во прашање различните гледишта на страните за фундаменталните прашања, вклучително и статусните прашања“. Таму, по првпат ни дозволуваат поинаку да гледаме на статусното прашање на Косово во однос на она што тие го нарекуваат Косово, а ние го нарекуваме Приштина, вели Вучиќ. Сепак, тој укажа дека понатаму во планот тоа се дерогира, како и таа одредба на која би можеле да се повикаат. Српскиот претседател особено ја истакна точката 4, поточно вториот став, во кој се вели дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“. -И да се противиме и да не се противиме пред Советот на Европа, во моментот кога ќе одлучат, ќе имаат мнозинство. И да се противиме и да не се противиме за НАТО, ќе имаат мнозинство. И да се противиме и да не се противиме за ЕУ, тоа ќе биде нивна одлука, рече Вучиќ. Српскиот претседател, посочувајќи дека со тоа било јасно дека Србија е пред избор, а секој избор има последици, продолжи со излагањето во Парламентот ги изнесе десетте точки за политиката на Србија во следниот период. Под точка еден, тој рече дека политиката на Србија во наредниот период ќе биде „да ги зачува мирот и стабилноста на речиси секој начин и по секоја цена, да се воздржува и да не одговара на провокации доколку не се загрозени имотите и животите на луѓето како во 2004 година“. - Точка два - е упорно инсистирање за формирање на ЗСО, која мора да биде правна и физичка рамка за правата на нашиот народ на Косово и Метохија. Да не размислуваме како ќе забранат лекови, како ќе дојде храна, весници и се останато, рече Вучиќ. - Под три е безбедноста на Србите во Косово. Безбедноста за Србите е дел и од точката за мир и стабилност и од точката на ЗСО. - Под четири е подобар живот за нашиот народ во Косово. Вложуваме многу пари, многу инвестиции, речиси 900 милиони евра, рече Вучиќ. - Пет, вели Вучиќ, за разлика од оние кои сакаат да извикуваат слогани, тој рече дека Србија ќе разговара и за најлошите документи, бидејќи Србија нема право да ги повторува искуствата од минатото. - Да, дискусии, преговори, кои се однесуваат на сите клучни прашања, до дискусии за симболи, до дискусии за сè, за тоа кој, како да биде застапен во бројни тела, вели Вучиќ. Под шест е зачувување на виталните државни и национални интереси, појаснувајќи дека Србија ќе ја задржи воената неутралност, како и можноста за самостојно одлучување. Точката седум е Србија да остане на европскиот пат. - Лажат кога велат дека 43 отсто од луѓето се за останување на европскиот пат,бидејќи процентот е многу помал. Европскиот пат значи многу работи за Србија, и инвестиции и стандарди, и плати и пензии. Очекуваме дека до крајот на годината просечната плата ќе надмине 800 евра. Ни треба тој пат бидејќи денес живееме во друга реалност. Денес сме опкружени со земји кои се или во НАТО или НАТО е таму. А дел од нашата територија е НАТО. А каде ќе одиме во случај на конфликт, како да ги сочуваме нашите плати и пензии Вложивме премногу труд, потенцира Вучиќ. Точката осум подразбира раст на Србија, во смисла на здравство, енергетика, храна и војска. Точката девет значи продолжување на разговорите. Тој потенцира дека е неопходно продолжување на разговорите, бидејќи во спротивно Србија може да биде изолирана. - Не можеме да функционираме сами, потенцира Вучиќ. Точката 10, според Вучиќ, е програмата Србија 2025., која се занимава со пораст на платите и демографските проблеми./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во МакедонијаВо текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче. Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии, Фатмир Бесими, излегува со информација во која бара од Владата да му се одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија. Значи, уште во 2023 година владата на СДС и на ДУИ на владина седница му дале насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура. Денес, ќе ми дозволите да разобличиме уште една лага, а таа е за наводите на Венко Филипче и СДС дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ. Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ. Осум месеци, откако Алта банка влегла во Македонија, матичната банка од Србија склучува договор со Рајфајзен банка од Виена, која е една од најголемите и најпознатите банки во ЕУ. Алта банка и Рајфајзен банка прават договор дека по преземањето на Адико банка, од страна на Рајфајзен банка истата ќе и ги продаде филијалите на Адико односно на Алта банка во БиХ, Србија и Црна Гора. Еве токму ова е извадoк од нивната веб страница односно од соопштение, а е напишано врз база на одлука на бордот на директори на банката, во кое јасно се гледа, стои во соопштението, Рајфајзен банка на две страни. Оваа одлука е активна се до згаснувањето на Алта банка во Србија, по што истите донесуваат нова одлука по згаснувањето, дека трансакцијата којашто требале да ја направат со Алта банка ја откажуваат, а тоа е токму ова соопштение коешто го изнесуваат, дека Рајфајзен банка ја прекинува соработката со Алта банка. Почитувани граѓани, Со ова, директно се докажува дека македонскиот регулатор и институции, немале апсолутно никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка на токму ЕУ. Ова се многу сериозни докази, кои водат до заклучок дека СДС и Венко Филипче како нејзин претседател, свесно манипулира и креира хистерија со цел да направи потрес на финансискиот пазар, што патем не им успеа, но не ги пере од одговорност. Ова се доволно силни основи ЈО да истражи и поведе постапка против Венко Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Шоу бизФото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцираКралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет. Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина. Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини. Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан: Би сакал да го тренирам ЈувентусПред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“. „Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан. Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации. „Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“. Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите. Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.Тагови: Зинедин Зидан Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34